Најдобри адвокати во МКД

  • Креатор на темата Креатор на темата InsDel
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 мај 2007
Мислења
78
Поени од реакции
7
Што мислите кој се најдобри!!!!!!
 
Знам дека ја ќе бидам, а сеа моментално кој ми го чува местото... незнам да ти кажам...
 
Шехтански е бр. 1 према мене. Не сум партиски определуван, па така да можеш да ми веруваш на зборот. :wink:

vanco-sehtanski.jpg
 
не знам кој е најдобар, ама знам само дека оној Саво Коцаров значи сигурно лежење затвор. Како Арангел Михаил што е за мртовци-така Саво е за ќорка. Цел живот го гледам на вести како брани некого и цел живот лежат. :)
 
Оди ти за адвокат ја на акедемија за судија ке си идам
да видам пари ,
живот да видам.
Е за таму ти треба повеќе од среќа :)

За темата- Добар адвокат не значи негово постојано појавување во јавност. Освен солидни познавање од материјата која ја работи, потребни му се и успешни познавања со судиите од правосудството, бидејќи сакале да признаеме или не, врски си постојат.
Бидејќи следам судења во Кривичниот суд, и имам следено поголем број адвокати, како подобри би ги издвоил : Стеван Павлески (екс ЈО на РМ), Тортевски, Милутин Ангеловски (екс директор на КПД Идризово)и Ефто Поповски (за презимево не сум сигурен 100%), бидејќи гледам дека добро се снаоѓаат во изведувањето на доказите :)
Со оглед дека е кривичен суд, скоро секогаш од спротивната (тужителската, обвинителската) страна стојат јавни обвинители, и најчесто тие излегуваат како победници, но имиња не би споменувал сега за сега, не ми текнуваат :)
 
ИМа еден стар келав на тв нон стоп ги брани сите криминалци, богами за неколку миљони да ти извади 6 месеци затвор алал да му е :D
 
Ќељавиот? Тој е тој Саво Коцарев, забегано старче, махер невиден кај нас. Колку и да се корумпирани не може секој као тој Саво -негативец ама го бива.
 
Саво :salut:
33439.jpg
 
Најдобри се оние кои имаат најмногу пријатели меѓу судиите и обвинителите ( та не ли го гледате судскиот систем во целост).
 
Ќељавиот? Тој е тој Саво Коцарев, забегано старче, махер невиден кај нас. Колку и да се корумпирани не може секој као тој Саво -негативец ама го бива.

Го бива за граѓански спорови и те како, кривичните послабо :)
 
Овие адвокати што ги гледате на ТВ и се стресувате на нивните имиња најчесто немаат ни Д од добри бидејќи добар адвокат значи освен познавања да има и одговорност према клиентот и да му биде достапен 24/7 а не да се понаша како префригано говедо и да не крева на повиците на клиентот додека скапува во некоја од скопските “читални“ и згора на се да ти го наплати тоа.
 
Е за таму ти треба повеќе од среќа :)

За темата- Добар адвокат не значи негово постојано појавување во јавност. Освен солидни познавање од материјата која ја работи, потребни му се и успешни познавања со судиите од правосудството, бидејќи сакале да признаеме или не, врски си постојат.
Бидејќи следам судења во Кривичниот суд, и имам следено поголем број адвокати, како подобри би ги издвоил : Стеван Павлески (екс ЈО на РМ), Тортевски, Милутин Ангеловски (екс директор на КПД Идризово)и Ефто Поповски (за презимево не сум сигурен 100%), бидејќи гледам дека добро се снаоѓаат во изведувањето на доказите :)
Со оглед дека е кривичен суд, скоро секогаш од спротивната (тужителската, обвинителската) страна стојат јавни обвинители, и најчесто тие излегуваат како победници, но имиња не би споменувал сега за сега, не ми текнуваат :)

Ефто се презива Спировски.
Сите си имаат свои области.Јагнула е на имотно правни односи,Саво е на терористиве бранител,и Ефто ги брани Терористиве па затоа и пред некоја година му ставија бомба под џипот.Инаку на Ефто жена му е(којзнае која по ред) судиката Гордана Спировска,бившата жена на екс.министерот за здравство Владо Димов.
Некои се договараат на процент ако се работи за штета од сообраќајка,а доколку се работи за било кој друг процес од кој не се заработува пари секое излагање на суд по 100 евра го наплаќаат,па макар и да се одложи тој ден.И затоа во договор со судиите или со спротивниот адвокат намерно ги влечат процесите по 10 години,те едниот не дошол те другиот не дошол.Народ ке изумре чекајќи да му заврши процесот со конечна одлука.
 
Да, да, Ефто има канцеларија кај холандска амбасада мислам :)
Абе наплаќаат за секое излегување на суд ама па сеа 100 евра...малце е многу :) Гледам трошковник за наплата, на адвоакт по сл. должност, и зема околу 3000-4000 за цело судење (на страна процентот и др. награди). А што се однесува за одложувањата- не може да речеме ека судијата е виновен за тоа, за намерно да ја одолговлекува работата (иако тоа им се допаѓа на адвокатите највеќе), бидејќи не може да знае судија дали оштетениот или обвинетиот или сведоците можат да дојдат на судење. Се разбира, наредниот пат, ако не можат, ќе ги приведат :)
 
Aбе за одложувањето не се криви судиите туку се криви адвокатите затоа што они како колеги се договараат,еднаш нема да отиде едниот оти се задржал на друг процес,па после нема да дојде другиот и така по ред.Па некогаш нема да излезе некој од обвинетите за да се одолговлече случајот.
 
јас ви кажувам дека чичко ми е најдобар, сега има 65 години и не знам дали ке ви прифати али сепак пишите во пп и ке ви дадам број :helou: не да го фалам ама човекот си е ѕвер:nesum:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom