Бугарите се малцинство во 34 општини во Бугарија, а во други 41 нивниот број се движи меѓу 50 и 60 проценти од вкупното население, покажуваат резултатите од анкетата на Универзитетот од Русе и на фондацијата „Бугарско општество“
Според професорот Петар Иванов, Бугарите имаат негативен прираст од 7,9 проценти. - Ако на тоа го придодадеме и фактот што милион лица ја напуштија Бугарија, тогаш прирастот паѓа на 11 отсто, додава Иванов.
Тој нагласува дека во моментов во Бугарија живеат 7,2 милиони припадници на бугарската нација, но дека за помалку од 40 години Бугарите би можеле да станат „егзотично малцинство“ во земјата.
Извор: СИТЕЛ ТВ,
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/balkan/bugarite-malcinstvo-vo-34-opshtini-vo-bugarija
Ако се земе предвид дека во Бугарија 1.5 милиони се Македонци и уште толку власи, ерменци, торлаци и роми, на кои им е забрането националното самодекларирање,
Бугарите веќе се малцинство во својата држава.
На овој начин се обидуваат да влијаат на свеста на луѓето за да раѓаат деца , Груевски употребува друг метод со телевизиска кампања и со нудење на пари.
Во 2009 година Бугарија конечно стигна до добра стапка на наталитет односно над 10 промили , и некои општини дури изглегоа од негативниот прираст.
Во 2004 во Бугарија се родија нешто помалку од 70.000 деца додека починаа 110.000 лица. ( и за една година Бугарија изгуби население колку што има Кавадарци жители , 40.000)
И после оваа веке се забележува дека наталитетот секоја година се зголемува :
2009 година , бројот на родени деца стигна до 80.000 , додека морталитетот е на тоа ниво , односно 108.000 починати. ( во 2008 Бугарија изгуби 28.000 жители по природен пат , односно една општина од типот : Радовиш )
Ако наталитетот се зголемува со оваа темпо , Бугарија нема да има никаков проблем , дури и да продолжеше со онаа црното сценарио , бугарите пак немаше да бидат во опасност , пошто мислам дека ни турците немаат кој знае каков наталитет за да ги загрози бугарите , а ромите не се голема бројка , 6 милјони бугари е недостижна бројка.
Карджали има 164.000 жители , од кои 101.000 се турци , другите се бугари :
Во 2009 во овој регион се родија : 1719 деца , значи наталитетот е нешто над 10 промили. Турците во овој регион немаат шанси да имаат поголем наталитет од 13 промили , што е многу мал наталитет.
Бургас
родени-умрени
2004 година : 4326 - 5481 ( - 1155)
2009 година : 5180 - 5415 ( - 335 )
Варна ( најголема промена)
2004 : 4604 - 5517 ( -913)
2009 : 5900 - 5671 (+ 229)
Софија ( исто така неверојатна промена во демографската состојба)
2004 : 10963 - 15335 ( -4362 )
2009 : 15309 - 15078 ( + 231)
Нека ми каже некој бугарин на што се должи овој демографски бум , дали има некоја стимулација од владата или конечно се смирија бугарите од транзициските турбуленции.
ps. bitushanec зошто мислиш дека бугарите со во поголема опасност од македонците во демографските прилики ? Јас мислам дека нема некоја голема разлика во наталитетот кај македонците и бугарите , неприликата кај бугарите е што имаат висок степен на смртност. Во иста неприлика со вас се и твоите брака срби кои годишно се во минус по 30.000 жители.