Би умрел/а за...

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Може образложение.

Може. Многумина од нас живеат со носот длабоко забиен во своите потреби. Богатствата ги одминуваат без да ги погледнат. Често имаат нешто за кое вреди да се умре, ама не знаат. А што е уште полошо, некои знаат дека секоја жртва што би ја направиле за да спасат нешто што им значи е оправдана, па сепак не би го направиле тоа. Егоизам, страв, што и да е.

Тоа е под број еден.

Број два е фактот дека сето ова е мошне празен муабет. Да. Ми значи семејството, другарите, мајката кој не сум ја имала, љубовникот кој што можеби допрва ќе го најдам. Да би можела, би умрела за да ги спасам. Но, дали би умрела кога навистина би можела?

Замисли ситуација во која си во животна опасност. Трпиш огромна болка, и физичка и психичка. Умот е во шок, во состојба на паника. Страв каков што никогаш не си почувствувал те тресе од глава до пети. (Со извинување за театралноста)

Се познаваш ли доволно себеси за да знаеш дека би постапил, како што посакуваш да можеш, би ја имал ли истата реакција кон нештата како и секој обичен ден кога стануваш рано сабајле за да доручкуваш и тргнеш на работа, ден во кој најголемото возбудување ти е кој победил на фудбалска утакмица или дека мачката се породила? (Е тука со извинување за карикирањето.)
 
- Татковината (секогаш!)
- Фамилија
- Евентуално љубов која стварно го заслужила тоа ..
 
Па воглавно и ја само за последново треба малце повеќе од многу да има заслужено.
 
САМО фамилијата ...! Нормално и за татковината, но не и за народот.
 
Може. Многумина од нас живеат со носот длабоко забиен во своите потреби. Богатствата ги одминуваат без да ги погледнат. Често имаат нешто за кое вреди да се умре, ама не знаат. А што е уште полошо, некои знаат дека секоја жртва што би ја направиле за да спасат нешто што им значи е оправдана, па сепак не би го направиле тоа. Егоизам, страв, што и да е.

Тоа е под број еден.

Број два е фактот дека сето ова е мошне празен муабет. Да. Ми значи семејството, другарите, мајката кој не сум ја имала, љубовникот кој што можеби допрва ќе го најдам. Да би можела, би умрела за да ги спасам. Но, дали би умрела кога навистина би можела?

Замисли ситуација во која си во животна опасност. Трпиш огромна болка, и физичка и психичка. Умот е во шок, во состојба на паника. Страв каков што никогаш не си почувствувал те тресе од глава до пети. (Со извинување за театралноста)

Се познаваш ли доволно себеси за да знаеш дека би постапил, како што посакуваш да можеш, би ја имал ли истата реакција кон нештата како и секој обичен ден кога стануваш рано сабајле за да доручкуваш и тргнеш на работа, ден во кој најголемото возбудување ти е кој победил на фудбалска утакмица или дека мачката се породила? (Е тука со извинување за карикирањето.)

Да, секако.
 
Би умрел за сите што истото би го направиле и за мене!
<3
 
Бидејќи еднаш се умира, а кога би морал да го изберам тоа прво и последно умирање...Би умрел за ...ако можам да проценам дека единствена солуција е моето умирање, за живот на некој од моите најмили...
 
Искрено, не би умрел за ништо. Порадо би се борел за тоа нешто максимално, отколку да се предадам со смрт.
 
САМО фамилијата ...! Нормално и за татковината, но не и за народот.

Па народ без татковина не иде..како тоа би умрел за празна татковина без луѓе?
ОН-Премногу тешко на трезвено да се одговори ,кога човек тегне кафе во една рака и си куца овде нешто со единствена реална опасност утре да закасни на работа многу е лесно да се тропа овде.Најтешкото доаѓа во хипотетската ситуацоја која би се претворила во реалност,е тогаш да ве видам.
 
Можеби мисли за Татковината како парче земја, територија.

Инаку јас би убрел само за сопственото дете ( повотрно хипотетички ситуација, куцање со двете раци и без тегнење на кафе )
 
Би умрел за било кој човек на планетата Земја, и за моите убедувања.
 
Човекот се гледа каков е и како живеел по тоа како ќе умре. До сега освен за семејството (што иде по дифолт) не гледам друга причина за умирање, значи немам некоја посебна причина за живеење, жално. Надежно ќе најдам некој ден :)
За татковината би умрела само ако сум сигурна дека со тоа ќе ја направам подобро место за живеење на моите деца, таа не е ништо повеќе од тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom