Би умрел/а за...

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.156
Возраст
39
Навидум едноставно прашање "За што сте спремни да умрете" ? Некои се спремни да умрат за татковината, некои за децата, семејството, пријателите, а има и такви кои би умреле за љубов.

Вие конкретно, за што би умреле?
 
Премногу релативно прашање. Секој различно ќе реагира на прашањето во различна дадена ситуација.
Моментално би умрел за да идеш на хаваи (пример) ама некогаш ќе се најдеш во ситуација каде што би умрел и за чаша вода. (исто пример).
Јас на пример не би умрел за ништо, пошто ако умрам што ми вреди тоа за што сум умрел?
Во спротивно за тоа што “би умрел“ ќе се обидам да го реализирам додека сум жив, за да можам да уживам во истото. Без разлика дали станува збор за нешто материјално или апстрактно. Се е вредно додека си жив, кога ќе умреш џабе е, на коските 30 метра под земја не им значи дали имаат ферари, или фиќо, како и да е скапуваат и нема да мрднат од каде што се во скоро време.

Такада идеологијата ми е да дадеш се од себе да го добиеш тоа што го посакуваш во рамките на тие 85 години додека си над земја (85 години како просек), а не да чекаш да падне од небо.
Пошто со тоа, би умрел за да добијам нешто, алудира на нешто што ти чекаш да дојде само од себе, а не да направиш ти нешто во врска со тоа.

Единствено нешто за кое би умрел, ама да умрам обидувајки се да помогнам, е кога некој од мојата фамилија (жена деца родители) е во незгодна ситуација, заложници, несреќа, сеедно, дешафка од тој калибар. Само тогаш би го жртвувал мојот живот, за животот на другите. Пошто тешко би можел да живеам со мислата дека не сум направил ништо а сум можел.

И би умрел за да си ги скратам маките, во случај на неизлечива болест или повреда.
 
Далеку од едноставно прашање.Смртта е единствената врата која не знаеме каде води и според тоа
нормално е секој човек да го цени својот живот и да размисли пред да го даде за било каква цел.
Јас,веројатно не би го дал за ниедна кауза.
 
Само родителската љубов е доволно голема за да го дадеш својот живот во хипотетички безизлезна ситуација од која треба да се спаси само еден од двајцата родителот или детето !
 
За било кој од моите заебани принципи и тоа е вистина.
Не е проблем умирачката животот е проблем :icon_lol:.
 
Платон еднаш рекол: „Сега одиме по различни патишта, јас во смрт, а вие во живот. Што е подобро само боговите знаат.“ и „Никој не би знаел дали смртта од која се плашиме како од најголемо зло, може всушност да биде најголемото добро“

Не би знаела да ти одговорам на прашањето, од проста причина што не се знам доволно добро себеси.

Можеби соочена со смртта, би излегла и најголем херој, и би си го дала животот за друг или пак за некакви си идеали, а можеби и би била најголемата кукавица и би си ја свиткала опашката.

Не само нашите желби и стравови, туку и ние самите сме крајно релативни, и претрпуваме милиони секојдневни и малку значајни метаморфози,и без да знаеме, се претвораме во некои други луѓе, независно дали се дегенерираме или се надградуваме.

Во секој случај, многу малку од нас веќе ја имаат вкусено смртта, повеќето ја знаеме како речиси апстрактен поим, странец со секира кој чека по далечните сокаци, и додека е волку далечна, никако не би можеле да знаеме како би ја поздравиле, и за што би биле способни да и се жртвуваме.
 
За семејството без да му ја мислам во секунд.
 
За државата,идеалот(сопствениот),семејството и некои поединци во кои не сум во крвно сродство...
 
Прашањево е многу добро. И многу длабоко треба да размислиме за да дадеме точен одговор.

- би умрел за моите најдобри пријатели кои ми значат најмногу бидејќи само тие целосно можат да ме разберат за се
- би умрел за моето семејство бидејќи без нив мојот понатамошен живот би изгубил смисла

Ова се двете нешта без кои не можам дефинитивно. А инаку на последни места на нешта за кои би умрел би биле:

- државата, бидејќи гледа повеќе да земе отколку да даде и да помогне, национализам из шит!
- религијата, бидејќи тоа е срање ипол и не можам да сфатам како некои животот го даваат за религија, дебили

Мислам дека ова се најбитните нешта за кои би вредело/ не би вредело да се умре

Поздрав
 
1.Државата т.е својот народ и нација значи Македонија(+ Израел)

Сакам....да им биде ЈАСНО на НАРОДОВ...гледаат дискавери го гледаат војникот рајан...снека направат споредба како се бори Јапонски Војник и како се бори амерички

2.луѓе за кои вреди да се жртвуваш..ама ЛУЃЕ?


За било кој од моите заебани принципи и тоа е вистина.
Не е проблем умирачката животот е проблем :icon_lol:.

Кои принципи де??


Ова се двете нешта без кои не можам дефинитивно. А инаку на последни места на нешта за кои би умрел би биле:

- државата, бидејќи гледа повеќе да земе отколку да даде и да помогне, национализам из шит!



За религијата и ТЕ КАКО не вреди умирање..но еланорирај за државата и не ја изедначувај со национализам(кој има две дефиниции едната позитивна другата негативна..втората промовира омраза и нетрпеливост)
 
Па па па, како едноставно, пост-протест патриоти, почнаа да качат маски и да се гаат со јуначки митови (самите себеси).

Еден еднаш умрел (барем така викаат) за сите луѓе, а тоа бил Ристета, попознат како Христос. Другите се матна вода и форум јунаци.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom