T
Tetro
Гостин
Бугарската полиција најави дека ќе ги изгаси zamunda.net и arena.bg, двата најголеми бугарски торент сајтови, кои се доста користени и од македонските корисници.
„Ќе го исчистиме веб просторот од интернет пирати и ќе поставиме легална платформа за споделување фајлови.“ рече директор на бугарската единица за компјутерски криминал Јавор Колев, во телевизиско појавување минатата недела официјализирајќи го меморандумот за соработка меѓу бугарската полиција и Интернационалната федерација на фонографската индустрија (IFPI).
Според г-дин. Колев корисниците кои симнуваат нема да бидат гонети, што го исклучува контроверзното правило од 3 чекори за исклучување од интернет.
Инаку, според arena.bg, сајтот забележува околу 300.000 посети дневно, односно го посетуваат преку 600.000 луѓе месечно, а неговиот сопственик Елиан Гешев, сопственикот на arena.bg, вели дека полицијата нема правна основа да ги изгаси.
Случајот за двата торент сајтови стои во бугарските судови веќе 4 години, главно бидејќи нема многу докази против сајтовите. Интересно, според официјалните информации сопствениците на двата сајта не се бугарски државјани, односно основачот на zamunda.net е од Сирија, додека основачот на arena.bg не е г-дин. Гешев, туку руски државјанин, пренесува vesti.bg.
Еден од главните аргументи на торент сајтовите е нивната полиса за тргање торенти по барање на оригиналните автори, но велат дека оригиналните автори не ја користат таа полиса. Досега целата анти-пиратска кампања e гонење на мали домашни тракери на кои им е запретено да се изгасат, пишува TorrentFreak.
Но… се уште не се знаат чекори кои полицијата ќе ги превземе кон пиратите бидејќи не се уште објавени деталите од потпишаниот меморандум со фонографската федерација.
извор