acermk
лавот во сенка
БСК се доста квалитетни и мисалм дека можат да идат...португалија неможе само со еден роналдо да биде конкурентна...1.Бразил
2.Португалија
3.БСК
4.Народна Кореја
Нема повеќе што да се зборува....
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
БСК се доста квалитетни и мисалм дека можат да идат...португалија неможе само со еден роналдо да биде конкурентна...1.Бразил
2.Португалија
3.БСК
4.Народна Кореја
Нема повеќе што да се зборува....
Бразилската репрезентација на секое Светско првенство оди со само една цел - шампионската титула. Како единствена селекција со пет титули и единствена што триумфирала на сите континенти каде што досега се играле Светски првенства, Бразил сигурно ќе се обиде да ја продолжи низата и на првото во Африка. Без разлика што некои за поголеми фаворити ги сметаат Шпанија, Аргентина и Англија и што во тимот нема атрактивни фудбалери како Роналдињо и Роналдо, "селесао" е можеби единствената репрезентација во светот за која евентуална елиминација во четвртфинале е огромен неуспех. Само Бразил може да се пофали дека досега учествувал на сите Светски првенства, а на секое од последните 16 успевал да ја помине групата.
Во споредба со Бразил на речиси сите претходни Мундијали, екипата што ја предводи Дунга повеќе има европски отколку бразилски карактеристики. Актуелниот селектор кој националниот тим го презеде во 2006 година јасно стави до знаење дека не сака фудбалери чија главна цел е да ја протнат топката низ нозете на противникот и да играат по постигнат гол, туку низ дисциплинирана игра да дојдат до победата. Таквиот пристап даде резултат на Копа Америка во 2007 година и на ланскиот Куп на конфедерации каде Бразил стигнуваше до титулите. Резултатите во овие четири години многумина ги гледаат како продолжение на оние на од играчката кариера на Дунга. Како капитен тој го водеше Бразил до титулата на СП 1994 година, но генерацијата на Ромарио, Бебето, Жоржињо и Леонардо не остана запаметена по својата атрактивност како оние од 1958, 1970, па дури и 1982. Но, и таква, "селесао" во квалификациите постигна најмногу, а прими најмалку голови и покажа тотална доминантност во однос на ривалите иако на крајот заврши со само еден бод повеќе од Чиле и Парагвај. Во меѓувреме, Бразил подели и неколку лекции на пријателски дуели со европските гиганти.
Кога ќе се погледне бразилската репрезентација, не може да не падне во очи дека како ретко досега најсилен дел е одбраната. На голот е можеби најдобриот светски голман Жулио Цезар, лидер во стоперскиот дел е Лусио, а бековите исто така се најдобри во светот, Дани Алвес и Мајкон (двајцата се десни бекови и тоа е проблем за Дунга). Далеку од тоа дека средниот ред е слаб, но освен Кака нема друго звучно име, а во нападот ги нема фудбалерите кои досега беа стандардни. Дунга изненади со неповикувањето на Адриано и Роналдињо, кои имаа релативно добра сезона, но ќе останат дома поради нивниот однос кон тренинзите и неспортскиот живот.
Во вакви услови Бразил во нападот ќе се потпре на индидвидуалните квалитети на Кака и на Луис Фабиано и Робињо, кои се исклучително ефективни. Тешко е да се најде некоја слабост во овој тим освен стандардниот притисок кој Бразилците го имаат на секој настап на големи натпреварувања. Освен тоа, Бразил имаше и доста тешка ждрепка затоа што е во група со Португалија и Брегот на Слоновата Коска, а потоа потенцијални противници се Шпанија и Холандија.
Реално, од оваа селекција на Бразил може да се очекува учество во полуфиналето иако за обичниот љубител на фудбалот во земјата елиминација во оваа фаза е чист неуспех. Следното Светско првенство е во Бразил, па на ова треба да се подгрее атмосферата. Никогаш досега не се случило една репрезентација како светски првак да го дочека Мундијалот на домашен терен. Но, Бразил секогаш и во се е прв.
![]()
БСК се доста квалитетни и мисалм дека можат да идат...португалија неможе само со еден роналдо да биде конкурентна...
Дечки кој се клади има одличен благословен коефициент 3. Кореја да не постигне гол, што против Бразил, Португал и БСК и не е чудно, зашто во Кореја има само 2 професионални играчи. Значи кој е паметен 100 е *3 = 300 еуро. Поз