Група Е (Холандија, Данска, Јапонија, Камерун)

  • Креатор на темата Креатор на темата gunner_mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Во групата Е од СП во Јужна Африка ќе настапуваат репрезентациите на

-Холандија
-Данска
-Јапонија
-Камерун


Натпреварите ќе бидат играни по следниот редослед

14 Јуни

Холандија - Данска Сокер сити, Јоханесбург
Јапонија - Камерун Стадион Фри Стејт, Блумфонтејн

19 Јуни

Холандија - Јапонија Стадион Мозес Мабида, Дурбан
Камерун - Данска Стадион Лофтус Версфелд, Преторија

24 Јуни

Данска - Јапонија Кралски стадион Бафокенг, Рустенбург
Камерун - Холандија Стадион Кејптаун, Кејптаун

Најдобрите две репрезентации од оваа група се вкрстуваат со најдобрите две репрезентации од групата Ф

Според мене ова е една од групите каде што ќе се игра најотворен и најатрактивен фудбал на СП ,а воедно е и една од понеизвесните групи затоа што освен Холандија која според квалитетот би требало да биде сигурно прво пласирана останатите 3 репрезентации имаат подеднакви шанси да го освојат второто место
Сепак јас веднаш би ја исклучил репрезентацијата на Јапонија како посериозен конкурент за второто место и ќе остане натпреварот помеѓу Камерун и Данска директно да решава која репрезентација би одела понатаму како второ пласирана
 
Без некоја голема конкуренција Холандија нема да има проблеми....
Ќе има борба помеѓу Камерун,Данска и Јапонија...

Табела:
1.Холандија
2.Камерун
3.Данска
4.Јапонија
 
1.Холандија
2.Данска

:toe:
 
Мои фаворити Холандија и Данска.
 
Тука фаворити се Холандија и Данска,која беше брилијантна во квалификациите. Јапонија и Камерун не очекувам да направат нешто повеќе. Камерун се мачеа на Афричкиот куп и едвај ја поминаа групата,тука мислам дека немат шанса за пролаз во следната рунда.
 
Помаранџите се предводници овдека, имаат супер конфигурирана средина со вклопен напад, со малку потрошена снага ќе завршат онаму кај што сите очекуваме. Револуцијата со Афричките екипи ќе продужи и овде, уште еден триумф над Европејците и останатите континенти, продужува Камерун.

1. Холандија - 2. Камерун
 
Холамндија има најдобри поединци и очекувам да бидат први со чисти 9 бода. Неизвесноста ја давам во битката за втората позиција каде им давам еднакви шанси на сите три екипи. Сите овие екипи квалитативно заостануваат за разлика од минатите првенства. Камерун е прилично слаба екипа, но истото важи и за Јапонија, па дури и за Данска:toe: Мој тип е дека на крајот Данците сепак некако ќе успеат да стигнат до тоа место со подобра гол разлика. Мој тип Холандија 9, Данска 4, Камерун 4, Јапонија 0.
 
Холандија ќе биде прва во оваа група. За второто место мислам дека сите репрезентации може да се конкурентни, но Данска ако игра како во квалификациите ќе оди понатаму.
 
Холандија, не би требало да има проблеми во групава, а за второ место, ќе се води голема борба меѓу останатите три селекции.
 
Интерсна група навистина им давам предност на Холандија поради составот и искуството што го имаат сепак имаат играчи како Робен,Шнајдер,Хунтелар.
За второто место ќе биде интересна битка Данска според мене се добри имаат јака одбрана Кјаер заедно со Агер,напад Бентнер среден ред Поулсен навистина квалитетен тим и добар но тука е и Камерун кој има добар тим заедно со Јапонија.
 
Се разбира, ке навиваме за Холандија и Снајдер! :vozbud:
 
Интерсна група навистина им давам предност на Холандија поради составот и искуството што го имаат сепак имаат играчи како Робен,Шнајдер,Хунтелар.
За второто место ќе биде интересна битка Данска според мене се добри имаат јака одбрана Кјаер заедно со Агер,напад Бентнер среден ред Поулсен навистина квалитетен тим и добар но тука е и Камерун кој има добар тим заедно со Јапонија.
Хунтелар ќе си ја грее клупата.

Се знае кој се најголемите џверој кај лалињата.
Robben_van_Persie.jpg



Нападот вака ќе изгледа.

-RvP-
-Robben-Sneider-Kuyt-

Руд, Елија, Бабел замени. Де Јонг и Матијсен штопери.

 
Боби[Мкд];3532068 напиша:
Хунтелар ќе си ја грее клупата.

Се знае кој се најголемите џверој кај лалињата.
Robben_van_Persie.jpg



Нападот вака ќе изгледа.

-RvP-
-Robben-Sneider-Kuyt-

Руд, Елија, Бабел замени. Де Јонг и Матијсен штопери.


Секако, само за одбраната не сум баш информиран многу :toe: знам дека игра Буларуж, и Матјесен други незз баш :toe:
 
Вака играат:

-Стекелембург-
-Ван Бронхорст-Матијсен-Хајтинга- Брафхајд:tapp:-
-Бомел-Де Јонг-
-Кујт-Снајдер-Робен-
-Ван Перси-
 
Лалињата не би требало да имаат поголеми проблеми во оваа група, се разбира за првото место. Борбата ќе биде за второто дефинитивно, но иако сите ја преферираат Данска која имаше одлични квалификации, мислам дека Камерунциве па и Јапонија не се воопшто наивни екипи. Посебно Камерун, кои знаеме од каде доаѓаат и секогаш тимовите од Африка претставуваат потенцијална опасност, знаеме на минатите првенства кои проблеми им ги правеа Африканците на останативе велесили.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom