Група Д (Германија, Австралија, Србија, Гана)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Германија во шок - Балак нема да игра на Мундиалот

Стравувањата на Германија дека капитенот на "панцирите" Михаел Балак може да го пропушти Светското првенство во Јужна Африка станаа реалност. Имено по снимките направени со магнетна резонанца се испостави дека повредата на зглобот е посериозна од првичните резултати, соопшти докторот Ханс-Вилхелм Милер-Волфрат и дека поради оваа повреда ќе мора да го пропушти Мундиалот. Се проценува дека неговото заздравување од повредата би траело цели два месеци. "Кога добивата таква дијагноза на две до три недели пред почетокот на Светско првенсто , разочарувањето е големо. Ова секако е најлошата повреда во мојата кариера. Но што да правам? Морам да живеам со тоа" изјави Балак. Селекторот на "Панцирите" Јоаким Лев беше шокиран од веста по деталните прегледи. "Секако дека сите сме многу тажни, бидејќи Балак е наш капитен и наш најдобар играч од светска класа, кој има голема улога во нашиот тим. Меѓутоа нема да се предадеме предвреме, сега треба да покажеме колку сме силни заедно" изјави Лев.
 
Н

'Никола'

Гостин
^ Нема откажување, како што изјави Лев, сега е времето да покажеме колку сме силни заедно во вакви моменти.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Нема да има контрола Лев врз тимот. Тоа Балак кога неможе да ги контролира, Подолски го зашамари. Лев нема авторитет, капитенот е лидер, а Балак е капитен. И иако не е во некоја форма ќе беше супер да играше.

Сега некој ќе го замени или ќе промениме формација.

1. Кедира
2. Вестерман
3. Треш
4. Хамелс


Али јас сум да смениме формација. Може нешто вакво.

-Кедира/Вестерман-
-Швајни-Крос/Озил-
-Марин/Милер-Клосе/Гомез-Полди/Јансен-Озил
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Туууууууууууу Германија ми е омилена....ама без Балак???????
 
M

Mario Gómez

Гостин
Де бе, да ни беше Балак најдобар играч сеа ќе бевме послаби од Молдавија. :)

Нема aufedersein.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Ако се ослонуваат само на Балак стварно треба aufedersein.

Како и да е ќе го папаат од Србија.
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
aufedersein = ауфедерзајн = FAIL!:pos2: Можда има значење во друг јазик, ама во германски не.

Auf Wiedersehen!!!
е добро де сеа ќе се замарам точно да го изговарам па и вие ептен замарате:) битно сфати така?:)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Земја учесничка на СП - Србија

Иако во минатото учествувала на неколку Светски првенства под "капата" на Кралството Југославија, СФР Југославија, СР Југославија и СЦГ, Србија во Јужна Африка ќе дебитира како самостојна држава. Од 16 август 2006 година, Србите имаат своја самостојна селекција, а историјата отсега ќе ги бележи резултатите на српскиот национален тим кој во Јужна Африка патува како 16-пласиран на последната ФИФА ранг-листа.

Оваа генерација на српската репрезентација ги има речиси сите услови за добар резултат во Јужна Африка. Има одличен селектор во името на искусниот Радомир Антиќ, го има еден од најдобрите стопери во светот, еден од најдобрите плејмејкери и највисокиот фудбалер што ќе игра на Светското првенство. Се разбира, станува збор за Видиќ, Красиќ и Жигиќ на кои мора да се додадат Станковиќ со одличната сезона со Интер, Ивановиќ, кој беше избран во идеалната постава на сезоната во Премиер-лигата, Јовановиќ, кој е пред трансфер во Ливерпул и Суботиќ за кого одамна се заинтересирани Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и неколку италијански екипи. Голем хендикеп ќе биде неиграњето на Драгутиновиќ, кој се повреди минатиот месец, но Србија има други искусни фудбалери на неговата позиција.

Но, она што ја краси оваа репрезентација на Србија не се индивидуалните квалитети на фудбалерите, туку тимскиот дух и желбата да се победува. Поради тоа во квалификациите "орлите" имаа најмногу постигнати голови во својата група (22) и најмалку примени (8). Поради тоа го освоија првото место во групата и поради тоа во Јужна Африка одат како фаворити од сенка, подготвени да ги изненадат и најсилните светски репрезентации.

Најголемиот проблем за Србија на ова првенство ќе биде голманската позиција. Прв избор на Антиќ е Владимир Стојковиќ, но станува збор за исклучително талентиран, а несигурен голман кој веќе четири години не е стандарден во клубовите во кои настапува. Откако си замина од Црвена Звезда во 2006 година, Стојковиќ беше член на Нант, Витесе, Спортинг Лисабон, Витесе, Гетафе и Виган, но вкупно одигра 36 натпревари, што е премалку за прв голман на репрезентација. Алтернативи се Бркиќ, Исаиловиќ и Ѓуричиќ, но тие се во тимот само колку да ја пополнат бројката до 23 и евентуално да го заменат Стојковиќ ако се повреди или добие црвен картон. На Антиќ му се забележува што не го повика Јоргачевиќ, капитен на белгискиот Гент, кој во домашното првенство го освои второто место и идната сезона ќе настапува во квалификациите за Лигата на шампионите.

Доста израмнетата група и дава големи шанси на Србија да обезбеди пласман во осминафиналето. Но, меѓу другото, Србите ќе мораат да го надминат психолошкиот притисок и притисокот што, како и секогаш на големите натпреварувања без разлика за кој спорт се работи, го создава домашната фудбалска јавност со нереално високите очекувања и амбиции. Многупати на претходните големи натпреварувања (тогаш како СЦГ или СР Југославија), оваа селекција знаела да изненади големи имиња во европскиот и светскиот фудбал, а потоа да доживее тежок дебакл. Уште се паметат оние 6:1 од Холандија на ЕП 2000 и 6:0 од Аргентина на претходниот Мундијал.

 
Член од
25 септември 2008
Мислења
342
Поени од реакции
63
Земја учесничка на СП - Србија
значи на воа светско ке ми биде најмерак да а видам србија посрамотена.ме нервират ептен ногу се занесуат.имат добар тим добар тренер ама неможам да ги поднесам.од ваа група би сакал да помине австралија само заради светското 2006.тогаш со хидинк на клупата ногу ме бендисаа.позз
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Ако се ослонуваат само на Балак стварно треба aufedersein.

Како и да е ќе го папаат од Србија.
Да, да, ако чекале од Балак тогаш тешко нив .. инаку од Србите секако ќе го јадат :)
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
значи на воа светско ке ми биде најмерак да а видам србија посрамотена.ме нервират ептен ногу се занесуат.имат добар тим добар тренер ама неможам да ги поднесам.од ваа група би сакал да помине австралија само заради светското 2006.тогаш со хидинк на клупата ногу ме бендисаа.позз

Јебига бате, тежок ти е живот со комплекси, али ќе се навикнеш.

--- надополнето ---

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom