- Член од
- 28 јули 2008
- Мислења
- 10.785
- Поени од реакции
- 3.522
Германија во шок - Балак нема да игра на Мундиалот
Стравувањата на Германија дека капитенот на "панцирите" Михаел Балак може да го пропушти Светското првенство во Јужна Африка станаа реалност. Имено по снимките направени со магнетна резонанца се испостави дека повредата на зглобот е посериозна од првичните резултати, соопшти докторот Ханс-Вилхелм Милер-Волфрат и дека поради оваа повреда ќе мора да го пропушти Мундиалот. Се проценува дека неговото заздравување од повредата би траело цели два месеци. "Кога добивата таква дијагноза на две до три недели пред почетокот на Светско првенсто , разочарувањето е големо. Ова секако е најлошата повреда во мојата кариера. Но што да правам? Морам да живеам со тоа" изјави Балак. Селекторот на "Панцирите" Јоаким Лев беше шокиран од веста по деталните прегледи. "Секако дека сите сме многу тажни, бидејќи Балак е наш капитен и наш најдобар играч од светска класа, кој има голема улога во нашиот тим. Меѓутоа нема да се предадеме предвреме, сега треба да покажеме колку сме силни заедно" изјави Лев.