Радомир Антиќ го објави составот на Србија
Селекторот на Србија, Радомир Антиќ го објави провизорниот состав за Светското првенство, листата брои 30 фудбалери. Познат е поширокиот состав на српската репрезентација, Антиќ објави листа со 30 имиња кои ќе конкурираат за 23те места кои ќе одат во Јужна Африка.
Србија се наоѓа во групата Д заедно со Гана, Германија и Австралија.
Својот прв натпревар на Мондијалот, Србите го играат на 13ти јуни против Гана во Преториа.
Провизорниот состав на Србија кој број 30 фудбалери:
Голмани: Владимир Стојковиќ (Виган), Жељко Бркиќ (Војводина), Бојан Исаиловиќ (Чукарички), Анџелко Џуриќиќ (Леириа)
Одбрана: Бранислав Ивановиќ (Челзи), Антонио Рукавина (Минхен 1860), Немања Видиќ (Манчестер Јунајтед), Невен Суботиќ (Борусија Дортмунд), Александар Луковиќ (Удинезе), Иван Обрадови (Сарагоса), Александар Коларов (Лацио)
Среден ред: Дејан Станковиќ (Интер), Ненад Милијаш (Волвс), Милош Красиќ (ЦСКА Москва), Милан Јовановиќ (Стандард Лиеж), Милош Нинковиќ (Динамо Киев), Здравко Кузмановиќ (Штутгарт), Зоран Тошиќ (Манчестер Јунајтед), Миралем Сулејмани (Ајакс), Ѓоко Кацар (Херта), Немања Матиќ (Челзи), Радослав Петровиќ (Партизан)
Напад: Никола Жигиќ (Валенсија), Марко Пантелиќ (Ајакс), Данко Лазовиќ (Зенит), Драган Мрџа (Војводина), Дејан Лекиќ (Црвена Ѕвезда)