Ериксон без изненадување во составот на Слоновите
Селекторот на Брегот на Слоновата Коска, Свен Горан Ериксон го објави провизорниот составот од 30 фудбалери повикани за СП 2010
Поранешниот селектор на Англија и Мексико, кој неодамна го превзеде кормилото на БСК денеска го соопшти провизорниот тим од 30 фудбалери за мондијалот во Јужна Африка и на списокот нема изненадувања.
Најдобриот стрелец во Премиер Лигата, Дидиер Дрогба е глвната ѕвезда на тимот на Свен Горан Ериксон но стратегот предупреди дека тие не можат да се ослонат само на погодоците на напаѓачот на Челзи.
“Не е доволно само да се надеваме дека Дрогба ќе излезе на теренот и ќе постигне погодоци.” – рече Ериксон.
“Доколку не играме како тим, не можеме да бидеме импресивни. Квалитетот не е доволен во фудбалот, потребно е тимска работа.”
“Пред нас се големи очекувања. Се наоѓаме во тешка група но предизвикот е да направиме чекор нанапред. Потребно е да бидеме повеќе од подготвени... бидејќи имаме тежки натпревари од самиот старт.”
Провизорниот состав од 30 фудбалери на БСК:
Голмани: Бунакар Бари (Локерен), Винцент Ангбан (АСЕК Мимосас), Даниел Јебоа (АСЕК Мимосас), Аристиде Зогбо (Макаби Нетања);
Одбрана: Сулеман Бемба (Хиберниан), Артур Бока (Штутгарт), Емануел Ебуе (Арсенал), Абдулаје Меите (ВБА), Сиак Тиене (Валенсиен), Коло Туре (Манчестер Сити), Гај Демел (Хамбургер), Стив Гоури (Виган), Бенжамин Ангуа (Валенсиен);
Среден ред: Емерс Фае (Ница), Ромарик (Севиља), Леик Тиоте (Твенте), Јаја Туре (Барселона), Гил Јапи Јапо (Јанг Бојс), Дидиер Зокора (Севиља), Канга Акале (Ленс), Емануел Коне (Интернационал Куртеа Аргес);
Напад: Аруна Диндане (Портсмут), Сејду Думбиа (Јанг Бојс), Дидиер Дрогба (Челзи), Саломон Калу (Челзи), Кедер Кеита (Галатасарај), Бакари Коне (Марсеј), Жан Жак Госо Госо (Монако), Лакина Траоре (Клуж), Жервињо (Лил).