Загинувањето на Трајковски не е несреќа

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Загинувањето на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски не е несреќа, тврди швајцарскиот парламентарец Андреас Грос, пренесува Дојче Веле. Во дебатата, што вчера се водеше во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, меѓу двете сесии, неколку парламентарци, говорејќи за смртта на полскиот претседател Лех Качински, направиле споредба меѓу смртта на поранешниот македонскиот претседател Борис Трајковски и екс Генералниот Секретар на Обединетите Нации, Даг Хамерскјелд.

На ваквата споредба, реагирал парламентарецот Грос.

„Ова е деликатно прашање, но потребно е да бидеме храбри и да се занимаваме со храбри прашања. Господинот Ивински на малку несреќен начин направи паралела меѓу смртта на полскиот претседател со таа на претседателот на Македонија и генералниот секретар на ОН“, вели Грос.

Според него, паралелата завршува единствено со констатацијата дека станува збор за уривање на авионите.

„Во падот на авионите на Хамарскјелд и на претседателот Борис Трајковски има јасни показатели дека тие несреќи не се несреќни случаи. Тоа беа убиства“, констатира Грос.

Според него, вината за случајот со смртта на Борис Трајковски „треба да се бара на Запад, а не на Исток, пренесува Дојче Веле.

На ова тврдење на швајцарскиот парламентарец, одговори македонскиот пратеник Игор Ивановски.

„Сакам да ги оспорам информациите кои ги дава Андреас Грос дека не станува збор за несреќа, туку за убиство на претседателот Трајковски.“ Според Ивановски, ништо не дозволува да се извлече таков заклучок, повикувајќи се тука на извештајот на Андреас Грос, во кој тој заклучи дека станува збор за несреќен случај, иако околу него остануваат отворени и неодговорени многу прашања.

Пред околу два месеци, во интервју за Дојче Веле, Грос најави дека ќе се обиде да најде дополнителни информации за смртта на Трајковски преку негови пријатели и врски во Париз, Вашингтон и Брисел.


Имало и во Брисел некој што размислува паметно.
 
На ова тврдење на швајцарскиот парламентарец, одговори македонскиот пратеник Игор Ивановски.

Сакам да ги оспорам информациите кои ги дава Андреас Грос дека не станува збор за несреќа, туку за убиство на претседателот Трајковски.“ Според Ивановски, ништо не дозволува да се извлече таков заклучок, повикувајќи се тука на извештајот на Андреас Грос, во кој тој заклучи дека станува збор за несреќен случај, иако околу него остануваат отворени и неодговорени многу прашања.
Интересен континуитет на тврдења од нашиве дека се работи за несреќен случај и симптоматично оспорување на г-динот Грос од страна на г-динот Ивановски.
 
Ами што е ако не е несреќа, ајде кажете некој доказ :toe:
 
Не ми е јасно жошто би го убиле Трајковски? Немало потреба, и така не беше популарен, никој не го есапеше два посто, народот беше индиферентен кон човек што во суштина беше само церемонијал мајстор.

Немаше никаква моќ и не представување закана за никој. Сто посто ги губеше следните избори.

Очајно лош прецедател, можеби добар човек но прецедател слаб, неодлучен и исплашен од ајкулите околу него. Немаше шанси за продолжување на политичката кариера, ако го убиле стварно непотребно го направиле тоа.

Се сеќавате дека кога се објави веста дека загинал никој не трепна, но по 3 дена на ТВ повторување „добар беше, добар беше, добар беше.....“ и на крај почнаа и овци....народот де да вика „е па добар беше“.
 
Знаете што е најсомнително???

Ш+то ние ИМАВМЕ единици специјално обучени за Search & Rescue мисии во секакви услови(па и покрај миниран терен),и согласно правилата истата единица требаше под хитно да реагира т.е располагаат со МИ-17 хеликоптер-но ете по некое чудо таа единица не беше испратена(иако има право-чунки станува збор за Претседател и врховен командант на АРМ)...ама некако....не ги пратија:toe:

Друг спорен факт е што Пилотот за време ЈНА обуката ја имал баш таму па логично е дека има слетувано на истиот аеродром повеќе пати.

Туку кои беа "очи" на пилотот од земја-НАТО-вци односно Французи конкретно.

Е сега дали е атентат или не Република Македонија во својата 20 годишна независност имаше атентат врз претседател(киро) и имаме за жал еден претседател кој почина трагично во авионска несреќа-официјално.

Инаку интересно е што единствен претседател кој немал проблеми,атентати,малфанкшн(на авиони) и сл е поранешниот претседател Господинот Црвенковски.

Не ми е јасно жошто би го убиле Трајковски? Немало потреба, и така не беше популарен, никој не го есапеше два посто, народот беше индиферентен кон човек што во суштина беше само церемонијал мајстор.

Ама и јас не верувам дека станува збор за атентат,но Трајковски беше слаб претседател навистина(се виде тоа во конфликтот),но навистина и нема причина за негова елиминација....освен ако ја утнале французите несакајќи или пак утнал некој систем на авионот:toe:
 
Туку кои беа "очи" на пилотот од земја-НАТО-вци односно Французи конкретно.
освен ако ја утнале французите несакајќи

Јас се сомневам дека авионот паднал заради недоразбирање со Французите на аеродромот, па да не искочи дека НАТО членка ставила на пример човек што не збори Англиски (или збори како од Ало,Ало) малку подзаташкале.
 
Епа тоа и мене ми е најверојатно....но каде Французите(хах ко ало ало:pos2:) и НАТО да се изрезилат-јок бре.
 
Јасно е дека не е несреќа и тоа има факти ко иговорат и докази зашто цела ноќ не се дојде до место на несреќата а авионот беше лоциран. За да се скријат докази.

Но битно е и мотивот зашто е убиен трајковски, вероватно знаел нешто ил ине сакал нешто да подпише. Можно е да знаел нешто во врска со арачиново каде иало многу нато војници и главни команданти кои се бореле на страна на учк а нели сите ги зивлекоа без проблем а ние ги победивме и тоа можеби е поврзано.
 
За мен целиот инцидент беше и со друга цел...
Памтите ли каj одеше Траjковски,зашто и "што носеше со себе"?
Мислам дека това е тесно поврзано со "инцидента".
 
За мен целиот инцидент беше и со друга цел...
Памтите ли каj одеше Траjковски,зашто и "што носеше со себе"?
Мислам дека това е тесно поврзано со "инцидента".


Н епамтам дај образложи, што?
 
Епа тоа и мене ми е најверојатно....но каде Французите(хах ко ало ало:pos2:) и НАТО да се изрезилат-јок бре.

Уи мон ами, си викаат „подобро да ги обвиниме пилотите, јес дека тука научиле да летаат и биле стационирани во време на СФРЈ, али никој нема да слуша за тоа, битно нашиот углед да не биде нарушен“ не спа?

Буљаши Француски.......:pos2:
 
Загинувањето на Трајковски не е несреќа


Dobro utro, ova e javna tajna..
 
Абе каква несреќа, имаш факти кои ти ги кажуваат учесниците.

1. Имаш возило на французите, 15 мин после несреќата, потврдено од очевидци.
2. Имаш запалени тела со незапалени предмети на нив, читка нови. Некој одпосле ги пали.
3. Цел ден го бараат авионот, демек невреме а на времено уште лежалки за сонце му требаат.
4. Имаш лош глумец во Македонија, кој се поти пред камери како да му е последен ден.
 
се се ама што мие криво што овај пендаровски сега експертот за промена на името го слеоја од авионот :wink:
 
со каква цел? кој има корист од ова? ФМИ кажи ти ако си позапознаен
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom