Војната во Косово

Статус
Затворена за нови мислења.

@Lbaneso

Лаеш НЕ касаш !
Член од
19 ноември 2009
Мислења
2.425
Поени од реакции
798
Можете се да тупите тука на форум, но едно е сигурно КОСОВО е независна држава сакала или не Србија :smir:
 

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Колку ли да сакаме дека не е така сепак Косово стана држава ( со ограничени можности и секако контролирана како некое мало дете ) поради Слободан Милошевиќ. Тој процес започна некаде уште 1997 во Албанија, па продолжи во 98 во Македонија за 99 да заврши на територијата на Косово. Кој колку изгубил или добил допрва ќе стигаат сметки па ке видиме крајниот рачун. Сега за сега ако се паметни Србите можат дебело да профитираат.
Секоја дискусиа во стилот недамо Косово или Косова никогаш не била Српска земја се смешни, мизерни и ми се чини дека треба дирекно да летаат во потфорум детското катче за пубертетлии.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Се што ме интересира од темава се 400.000 косовари кои влегле во Македонија и што со нив се случило откога заврши војната во Косово!? Колку од нив се денеска Македонски граѓани и колку од нив се дел од ОНА ?:toe:
А за србите и нивната политика ама баш ме заболе.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Горане, ако ти живееш на втори а на први спрат гори, ти што правиш?
Ти викаш кој го онади комшијата ќе си вечерам јас.
Косовскиот проблем за не повеќе од 3 години ќе се префрли во Македонија со истите методи и средства, односно тој одамна постои како врзан сад, но Македонија брзо ќе се соочи со барање за федерализација и отцепување на еден дел.
Ако со одреден сосед имаш заеднички проблем, мудро е и заеднички да го решаваш.
 

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Косовскиот проблем за не повеќе од 3 години ќе се префрли во Македонија...
И што предлагаш, како да се спречи тоа или само ке лупердаме по форумите или кафеаните?
Ако со одреден сосед имаш заеднички проблем, мудро е и заеднички да го решаваш.
Каков проблем на србите, тоа не им е проблем, србите највеќе ќе се офајдат од Косово.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
И што предлагаш, како да се спречи тоа или само ке лупердаме по форумите или кафеаните?

Каков проблем на србите, тоа не им е проблем, србите највеќе ќе се офајдат од Косово.
Ај ќе филозофирмае сега како се спречува сепаратизам.
Ако сакаме Македонија да остане цела таа треба да биде во блок опозит во кој се Албанците.
Тие ќе посакаат да живеат во НАТО и ЕУ а ние ќе бидеме отворена земја кон светот која на секого му пожелува среќен пат.
 
S

smart ass

Гостин
Еднаш дебатиравме на оваа тема...но сепак вреди да се разгледа оваа ситуација од повеќе аспекти.

Значи согласно меѓународното право како прво имаме мешање во внатрешни работи,а пак уште по апсурд е фактот што целта на НАТО(ГЛАВНАТА) бомбардирањето беше да се спречи евентуален геноцид(дискутабилно би рекле правниците).

За среќа немаше геноцид и тоа е добро(доста е од масакри на балканов) јас...се прашувам кога ќе СВАНАТ ЛУЃЕВО дека додека се јадат и рчкаат меѓусебно ТРЕТ КОРИСТИ т.е ги ебе во здрав мозок.

Правниот дебакл заснован на асумпција е ЧУДО!!

Што се однесува околу онаа другата цел-Уништување на Југословенската воена машинерија....НАТО направи ЕПИК ФЕИЛ!!!!

Имено и покрај високата технологија и покрај воздушната надмоќ па дури и употребата на стратегиски бомбардери(Б-52,Б-2) не успее да уништат повеќе од 14 тенка и генерално на ниво на југославија да нанесат загуби на тогашната југословенска армија не поголеми од 1200 лица,имено србите покрај макети користеа и стари тенкови како мамки,па дури и импровизирани патишта(еден Т-72 е 3 пати погоден-по неговото уништување србите сепак го употребиле како мамка...а добра е и шемата со ќунците:vozbud:

Значи признаа дури и многу генерали од НАТО дека не успеаа да ја уништат воената машинерија ниту пак да нанесат некои сериозни загуби т.е 90% од војската во косово беше АКТИВНА и 100% ОПЕРАТИВНА додека бомбите гаѓаа лажни мети и резервоари со вода(ова е познатата Пасивна воздушна одбрана)...инаку и против радарските ракети не се докажаа,имено НАТО праќаше беспилотни летала како ЖРТВИ се со цел да го откријат САМ системот и онеспособат-резултат 48 беспилотни летала уништени...поголем број предатори.

Откако НАТО увиде дека ова нема ефект немаше друг избор(нивниот план беше за 2-3 недели па потоа ОП да влезат) па мораа да гаѓаат Рафинерии,Мостови,болници железници....се со цел да се зададе тежок удар на ЕКОНОМИЈАТА па на таа карта и успеаа.

Треба да се забележи исто така дека бегалската криза започна ПОСЛЕ бомбардирањето на НАТО-не претходно,а македонија прими и згрижи околу 400 000 бегалци(некои кај хумани фамилии неко по камповите други кај роднини) тоа е всушност 25% од населението...да би била грција или друга држава ма сумњам да прими четвртина од своето население како бегалци и истите да ги храни со своите државни резерви,а потоа и црвен крст се вклучи и низа домашни но и интернационални организации,исто така важно е да напоменеме дека Р Македонија и беше воедно логистика на НАТО.

Што се однесува околу шпекулациите за пукање од македонија кон србија тоа не е точно....но ПРЕД БОМБАРДИРАЊЕТО во тетовско германската армија испалуваше беспилотни летала(неколку) кои снимаа цели на земја и го мапираа теренот.

Не би се воздржал и како што кажав да ја прокоментирам крајната непрофесионалност на НАТО силите...па торковците убија илјадници бегалци....чист пример ви е убиството на 64 бегалци(претежно жени и деца)..но јебига пилотот не одговара..мислел торлакот Срби се исто така од фамозните напади и употребата на забранетата касетна муниција на косово сеуште има т.н бомлети тоа се минијатурни експлозивни направи кои воглавно Осакатуваат(екстремитети,вид..) и за жал...навистина жално е што жртви евидентирани до 2009 се деца и жени а бројката е 8000(инвалидитет)-НАТО ТРЕБАШЕ ДА ГО ИСЧИСТИ ТЕРЕНОТ!!!!

Понатаму што се однесува до осиромашениот ураниум-по дефиниција иако не станува збор за У-235 кој "одговара" за фисија сепак и кај осиромашениот ураниум имаме фисија и ослободување на алфа,бета честички и гама зраци т.е истите честици сега се во органите на граѓаните на Р.Косово на Почвата то ест имаме Контаминација која ќе има долготрајни ефекти(посебно близу местата каде паѓаа бомби со осиромашен ураниум...а воглавно местата беа населени) па во зависност од временските услови 500кг бомба бааѓи ќе контаминира(минимум километар првите три дена...и.т.н)...ова е крајно нечовечно и е против женевската конвенција.

Се случи што се случи,Р.Косово денеска е Независна Република(и покрај 12 44) која е заобиколена и покрај гласањето на меѓународниот суд на правдата или во превод никој не им може НИШТО.

Но сепак гледано од наш аспект, имаме нов сосед со кој можеме,треба и МОРА да соработуваме а и има потенцијал за обостран бенефит.

Главни Пречки на косово за во ЕУ и НАТО ќе бидат Грција и Шпанија,а пак за ООН Русија и Кина.

Интересен е податокот што Р.Косово за советници има политичари од Р.Македонија,но тоа е логично и Р.Македонија се бореше за опстанок,па ембарго и.т.н...така да правилен избор направиле Косоварите.

Инаку да Косово не е закана за Р.Македонија ниту пак за било која соседна држава.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Косово ќе заврши како Тајван. И после 70 години непризаено од пола свет и надвор од ООН.Значи

-Нема никогаш да стане член на меѓународната заедница ООН, ЕУ или НАТО и други побитни организации.
-Никогаш нема да има нормален национален спортиски тим.
-Секогаш ќе има внатрешни проблеми т.е. со Северно Косово и територијалниот интегритет.
-Никогаш нема да биде признаено од најголем дел од земјте во светот.
-За разлика од Тајван вечно ќе остане најсиромашна земја на Балканот т.е. Европа.

Тоа е цената која мора да ја плати за независноста.:toe:
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
Косово ќе заврши како Тајван. И после 70 години непризаено од пола свет и надвор од ООН.Значи
Тајван за 70 години независност е признат од 11 членки на ООН а Косово за 2 години од 66 членки на ООН.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Тајван за 70 години независност е признат од 11 членки на ООН а Косово за 2 години од 66 членки на ООН.
Горе доле ист случај.Варијации на сиво... Признеано е од малку повеќе членови ама, економски е фиаско. Од политички аспект го чека иста судбина со Тајван а, од економски како Молдавиа или Азербејџан.
Процесот на признавање е завршен, никоја нормална држава веќе нема да го направи тоа. остануваат само Банана Островски Држави кој би го признале за пари.
Во следните 70-100 години неможе да смета на ООН, ЕУ и НАТО.
 

@Lbaneso

Лаеш НЕ касаш !
Член од
19 ноември 2009
Мислења
2.425
Поени од реакции
798
Абе читам и се чудам покојниот Милош ставил зад себе луѓе да ја следаат неговата политика :pos2:
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
Косово ќе заврши како Тајван.
Ај кажи што му фали на Тајван?

Во што е македонија повеќе од Тајван поради тоа што македонија е членка на ООН а тајван не е? Во економијата, армијата, БДП во што!

Тајван е еден од азиските тигри а македонија се дави во невработеност и корупција.


Горе доле ист случај.Варијации на сиво... Признеано е од малку повеќе членови ама, економски е фиаско. Од политички аспект го чека иста судбина со Тајван а, од економски како Молдавиа или Азербејџан.
Процесот на признавање е завршен, никоја нормална држава веќе нема да го направи тоа. остануваат само Банана Островски Држави кој би го признале за пари.
Во следните 70-100 години неможе да смета на ООН, ЕУ и НАТО.
Прво е Косово е признато од најголемата сила и нејзините сателити во светот.

Тајван е азиски тигар.

Не е економско фијаксо бидејќи само 2 години е независно, кога ќе биде 20 ќе го споредиме со состојбата на македонија во која се наоѓа денес.

Процесот на признавање не е завршен. Пред две недели Косово доби ново признавање од Свазиленд а одлука за признавање донесе и владата на Папуа нова гвинеја - се чека допис до владата на Косово.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.225
Поени од реакции
84.182
Тајван за 70 години независност е признат од 11 членки на ООН а Косово за 2 години од 66 членки на ООН.
Косово, со све Македонија и цел Балкан, можат само фрула под прозор да му свират на (не признаениот) Тајван.

Мислиш ги боли богатите Тајванци фактот што Косово го признале за 2 години 66 членки, а Сомалија - сите, додека нив само 11 :(.

Сепак, општествено-економскиот просперитет е фундаментален за животот на луѓето во секоја земја.
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
Косово, со све Македонија и цел Балкан, можат само фрула под прозор да му свират на (не признаениот) Тајван.

Мислиш ги боли богатите Тајванци фактот што Косово го признале за 2 години 66 членки, а Сомалија - сите, додека нив само 11 :(.

Сепак, општествено-економскиот просперитет е фундаментален за животот на луѓето во секоја земја.
Па тоа му кажувам и јас
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom