Дали навивањето за послаб тим е за потсмев?

  • Креатор на темата Креатор на темата Tomi_Pompey
  • Време на започнување Време на започнување
Сличен пример за ова сме и ние навивачите на Челзи.

Точно дека е дел од европската елита, ама има едно нешто кое вас ви е многу интересно и смешно - не сме освоиле ЛШ :helou:


Тоа јас го гледам како предност. Живееш во времето кога тимот за кој што навиваш , има реални шанси за прв пат да освои ЛШ. А вака можеш само да слушаш како ти кажуваат , како било пред 80 години кога некој тим прв пат освоил ЛШ.:helou:
 
Од многу мал навивам за Јувентус и никогаш не сум предпоставил дека ќе играат во Б лига па ете се случи и тоа и пак останав за нив.
 
И имате само 3 во ПЛ :icon_mrgr

Ама сепак не сте слични. Тој збори за сегашност,а вие сте исмејувани за историјата.. Значи уопште не навивате за слаб тим(за во моментов зборам) :)
Мора годинава да станат 4 :icon_mrgr

Затоа и реков слично, не исто :)
 
Кога почнав да навивам за Јунајтед, Луверпул бегаше баеги во титули и во ПЛ и во ЛШ така да можам да речам дека секогаш ми се помили екипите кои се "аутсајдери". Јунајтед сега прерасна во еден од најдобрите клубови но сепак повторно е потценуван во одредени ситуации и секогаш се враќа со неверојатни пресврти за кои многу навивачи и го мразат, бидејќи игра до последна секунда:toe:
 
Напротив, баш навивањето за помал клуб е за респект. Лесно е да навиваш за тим кој има баш се што треба да поседува еден голем клуб, затоа што ретко кога некој голем клуб останал без успех 5-6 години. А за малите тимови понекогаш ќе треба ад поминат децении/векови за нивните фанови да почувствуваат како е да се освои некој вреден трофеј. Љубовта кон клубот пред се, се друго е од секундарно значење.
 
Зависи.
Навивањето за нетолку популарни клубови,со мал буџет и тн. и тн. на пр Портсмут,Фулам,Гросето,Цитадела,Виљареал Б,не е потсмев,туку спротивното,за пофалба.
Но навивањето за богати,популарни но сепак слаби тимови,како Јувентус,е за потсмев.
Затоа и им маваме сеир многу често.



:pos: :pos: :pos:
Интересно ми е...
 
Напротив, баш навивањето за помал клуб е за респект. Лесно е да навиваш за тим кој има баш се што треба да поседува еден голем клуб, затоа што ретко кога некој голем клуб останал без успех 5-6 години. А за малите тимови понекогаш ќе треба ад поминат децении/векови за нивните фанови да почувствуваат како е да се освои некој вреден трофеј. Љубовта кон клубот пред се, се друго е од секундарно значење.
Таква беше ситуацијата и со помпи.Немаа трофеј од 1950 чекаа 50 години за да освојат нов трофеј (зборувам за фа купот во 2008) ајдде за мене не е толку страшно 4 год бев останат без трофеј туку за навивачите кои го подржувале портсмут цел свој живот и да речиме чекале цел свој живот за ваков момент.Се согласувам мн е лесно да навиваш за реал,ман,интер,барса тие се клубови ако не земат сезонава др сезона ке земат трофеј
 
Не, не е за потсмев. Всушност јас им се восхитувам на тие што навиваат за послаби клубови. За восхитување е кога некој навива за тим кој нема освоено 10-15 години титула, тим кој игра во втора лига. Сето тоа е за восхит. :smir:
 
Да навиваш за клуб поради неговиот успех е во најмала рака дебилно,така да тоа што навиваш за помал клуб никој не треба да ти се потсмева.Голем тим кога ќе победи или ќе земе титула не е ништо,но кога некој помал ќе направи некој успех е нешто посебно.
Јас навивам за Динамо и Вардар.Двата клуба се најуспешните во своите земји,но тоа не ми било никаков мотив да навивам за нив.Јест да се фалам со нивните успеси,но никогаш не ми било тоа мотив да навивам за нив.За едниот навивам поради тоа што сум од Скопје,а за другиот поради тоа што сум хрват и сите од таа страна се навивачи на Динамо.Едниот е во моментов многу слаб клуб,а другиот е на врвот и секоја победа на Динамо,па и титула не ми е нешто посебно веќе,но кога Вардар ќе победи во ваква ситуација......лудило :)


И НА ВРВОТ И ПОСЛЕДЕН ТИ СИ ВАРДАР САМО ЕДЕН !!!!!
 
Баш ми е мило кога видам дека и за послабите клубови има фанови, во Македонија тоа е реткост.
 
на прв поглед личи како да е за потсмев ама не се согласувам.Уште поубаво ако се навива и за др.клубови.Не сеа еднаш сум гледал фудбал и за реал да бидеш(пример).Не мора клубот да е прв стално за да се навива.Секоја чест за тие што се за Потрсмут,Минхенгладбах,Њукасл,Депортиво
 
на прв поглед личи како да е за потсмев ама не се согласувам.Уште поубаво ако се навива и за др.клубови.Не сеа еднаш сум гледал фудбал и за реал да бидеш(пример).Не мора клубот да е прв стално за да се навива.Секоја чест за тие што се за Потрсмут,Минхенгладбах,Њукасл,Депортиво
Фала и тотално се согласуувам со тебе,сепак на некои им е за потсмев :toe::toe::toe::toe:
 
Искрено чудно е кога некој ќе ти рече абе јас сум за тие и тие а дечките се последни на табела. Ама тоа е всушност за пофалба, да неможеш да се израдуваш на трофеј, но сепак со цело срце да навиваш за нив. Тоа е нешто посебно:)
За Барса сум од кога знам за мене, прва екипа шо ја иам гледано беа они и прва екипа шо ја иам препознаено по дресови се они. Што и да се случи и во 5та лига да ја вратат ќе останам за нив. Како што кажа еден член погоре. Ти не го бираш - клубот те бира тебе:)
 
Фан на Барса сум од 2000 година, ги проживеав најтешки моменти со овој клуб и се додека сум жив ќе ми е во срцето.
Не е потсмев да навиваш за послаб Клуб затоа што на срцето неможеш да му наредиш за кој клуб да чука.:smir:
 
Јас реков лесно е да навиваш за екипи како ман,реал,барса-екипи кои се секогаш на врвот кои немаат финансиски проблем
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom