- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.219
- Поени од реакции
- 1.477
Четвртата светска војна пак почнува со Полска?
вторник, 13.4.2010
Првата светска војна беше за прераспределба на колониите, Втората за инфраструктурата, Третата за енергенсите, а Четвртата, според анализите на институтот „Стратфор“ ќе се води за работна сила. Полска, Турција, Јапонија и Мексико според „Стратфор“ за 100 години ќе станат регионални сили
Погибијата на претседателот на Полска, Лех Качински и значаен дел од полските државни функционери, како и на лидерот на опозицијата и на врвот на полската армија во авионска несреќа малку кој ќе ја прифати како несреќен случај. Не се работи само за навиката на човештвото да шпекулира, туку за искуството дека вакви несреќи главно предизвикуваат големи последици. Или како што изјави еден полски аналитичар, „после оваа случка сé се смени“. Порано суверените биле труени, убивани со гушење и сл.
Во модерната доба, освен отворените атентати, најчеста причина за смртта на истакнати лидери се авионските несреќи кои се случиле поради субјективни слабости или објективни околности. Во првото, вината се префрла на пилотот, а во вториот случај, виновник се временските услови. Надвор од овие изговори останува фактот дека после секоја ваква погибија, на одредено подрачје настапуваат драматични промени, често регионални. Што ќе се случува во и околу Полска во наредниот период ќе знаеме после изборите. Во Македонија, по атентатот на Киро Глигоров и авионската несреќа во која загина Борис Трајковски со целиот свој кабинет (освен Стево Пендаровски), веќе одживеавме длабоки промени со сериозни консеквенции, главно сврзани со политичката стабилност и преговорите околу името.
Авионската несреќа во која загинаа полскиот политички и воен врв, без оглед на истрагата, претставува драматичен потрес за Европа и за Русија. Полјаците тешко ќе можат да се приберат поради збирот од случајни случајности кои оваа трагедија ја прават уникатна. Се случува безмалку како трагична реприза, на ден кога се одбележува егзекуцијата на 22 илјади полски офицери и војници во 1940 година во Катинската шума, во Русија по наредба на Сталин. И како да било малку ова, полската државна делегација гине во руски авион „тупољев“. Душа дало за шпекулации од секаков вид.
Значи, да, прва жртва, покрај загинатите во оваа авионска катастрофа е официјална Москва. Таа и претходно имаше проблеми во односите со Полска поради тешкиот историски товар. Овој настан дополнително ќе има реперкусии, особено што Русите се обидуваат да воспостават нови партнерски односи со Брисел и посебно со Германија. Настанот нужно ќе го наруши стратегискиот план на Кремљ да ги обезбеди своите граници така што ќе го направи ревирзибилно проширувањето на НАТО, а со тоа и влијанието на Вашингтон во Источна Европа, регионите околу Кавказот и централна Азија.
ЕУ, пак, која имаше сериозни недоразбирања со полскиот претседател Качински заради неговата критичност кон заедничката европска политика, сега е во исчекување кој ќе ја води полската државна политика. Брисел, но особено Германија, ќе сакаат во Варшава да се случи промена на политичкиот курс, Полска да добие флексибилен и кооперативен шеф на државата. Од друга страна, САД сигурно очекуваат дека оној што ќе дојде по Качински ќе биде исто толку непријателски расположен кон Москва, а пријателски кон Вашингтон, дека ќе ја нервира ЕУ таман колку што му треба на Вашингтон.
Прегратка за утеха: Донлад Таск и Владимир Путин
Во кој правец и да се движат шпекулациите за уште една планирана авионска несреќа, ние ќе се држиме до настани кои се случуваат случајно на случајни места и предизвикуваат намерни последици. Ќе го следиме патот на бурата, маглата и дождот, за да сконтаме кон каде оди светот во 21 век, за да може што се вели, човек да земе чадор од дома и да не покисне на отворено. Тоа најубаво се прави ако на светска географска карта со фломастер ги заокружувате местата на кои се случува некаква временска непогода предизвикана од човечки фактор. Две години по светскиот економски крах, во последната година од првата деценија на 21 век ги имаме следниве битни промени: проширувањето на НАТО кон границите на Русија е сопрено. Грузија, во еден блиц криг е територијално осакатена и сведена на неупотребливо парче земја. Украина, и официјално по пропаста на портокаловата револуција, по компромитирањето на нејзините лидери Јушченко и Тимошенко, се откажа од зачленувањето во НАТО. Белорусија и Молдавија се забетонирани како држави под руска контрола. Србија ја официјализираше својата воена неутралност. ЕУ за оваа жртва во големата стратегиска игра е компензирана со гасоводот Северен ток. Балтичките држави се тотално деморализирани заради евроатланската индиферентност кон нивната економска и социјална ситуација. Полска нервозно реагира на покажаната европска индиферентност и несолидарност кон за неа стратегиски важниот балтички регион и продорот на Москва кон европскиот исток. Турција стратегиски ја прошири својата игра и на азиското и на европското копно. Вашингтон, секако не е многу среќен што Анкара влегува во тесни врски и со Москва. По дипломатско политичките офанзиви на Русија на европски терен, таа тргна во оживување на големиот азиски триумвират Москва – Пекинг – Делхи кој, пак, ги загрозува интересите на САД. Случајното возобновување на исламскиот радикализам во кавкаскиот регион без некоја посебна причина, ќе ви го насочи вниманието кон стратегиските игри на големите играчи кои ги средуваат своите конфронтации на еден помалку транспарентен начин со локални звучни ефекти. Така, Русија доби неколку симултани пораки со терористичките напади на московското метро. Ама и со разигрување на сцената во Централна Азија. Токму на она место каде што се допираат границите на Индија, Кина и Русија. По серијата успешни економски договори на Русија со Азербејџан, Узбекистан, Туркменистан и Казакстан, а само три месеца откако Медведев во оваа серија го вклучи и договорот со Киргистан, таму се случи крвавиот преврат. Сега се крчка и Дагестан. Сам по себе, без некоја видлива причина, одеднаш повторно се разбуди муслиманскиот екстремизам во Чеченија и Ингушетија. По новото проблематизирање на индиско–пакистанските односи со терористичките напади на Бомбај и минатогодишните етнички немири во пограничниот кинески регион Хан, ете ја серијата на политичка нестабилност во држави со доминантно азијатско население. Како што прецизно предвидуваше Џорџ Фридман во својата книга „Следните 100 години“, Четвртата светска војна е веќе започната и таа не е конвенционална – ќе се именува како специјална војна за доминација со светот.
Фридман, основачот на институтот „Стратфор“, кого уште го нарекуваат приватната ЦИА, педантно и аргументирано ги има маркирано точките на судири, времето кога ќе се случуваат турболенции и причините зошто токму таму ќе се случуваат судири на глобалните интереси. „Нова Македонија“ пред една година ги извади токму тие цитати од неговата книга со намера да ни останат во сеќавањето и за полесно да ги следиме идните настани, односно, да ја проверуваме нивната валидност. Авионската несреќа кај Смоленск и погибијата на полското државно раководство неминовно нé соочуваат со претскажувањето на Фридман дека до 2020 година Русија ќе доживее крах, а до 2025 година, Полска ќе прерасне во сериозен регионален играч со кој во 2050 година ќе си има работа и САД.
Дали бизарната „случајна“ авионската несреќа близу Катинската шума е настанот што симболично ја отвора вратата на новото светско поглавје?
Полска повторно се граничи со Русија
Полска како крупен играч
Џорџ Фридман неверојатно прецизно ги опиша оние предуслови за крупни настани, кои ќе ја исфрлат Полска во средиштето на светската политика како крупен регионален играч.
„Полска од историски причини се чувствува загрозена од Германија и од Русија. Приклештена помеѓу овие две големи држави, а без природна заштита, внимателно набљудува која од овие две земји во кој период ќе јакне. За разлика од остатокот на Источна Европа кој се штити од руското влијание со Карпатите, таа дели граница со Украина. Тоа е релаксирачки само додека Украина е воздржана кон Русија. Полјаците на тој начин се возат во опасен лет на северноевропски авион“.
„Кога Русите користејќи сила ќе се вратат на своите граници во балтичкиот регион, Полска ќе реагира. Особено што Русија во меѓувреме ќе ги внесе Украинците и Белорусите во својата алијанса, а тоа ќе значи дека Русија дошла на полската граница и го проширила своето влијание во црноморскиот басен. Тоа ќе се случи до 215 година“.
Тектонските точки каде што се тријат геополитичките интереси
Три руски алатки
„Русите располагаат со три алатки за проширување на своето влијание кон балтичките земји. Прво, тајни операции. Како што САД ги финансираат и јакнат невладините организации низ светот, Русија ќе ги финансира и ќе ги јакне руските бројни малцинства, како и проруските елементи и секој оној кој може да се купи во овие земји. Притисокот на домашните елити врз овие „спонтани“ организирања ќе ја предизвика Москва на поробустен ангажман, не е исклучено и воен. Судирот на североистокот на Европа со Москва ќе се случува постепено и етапно помеѓу 2015 и 2020 година. НАТО, без ангажман на САД, ќе биде неспособен за сериозно парирање на технолошки модернизираната и консолидирана руска армија. Но САД, нема да сакаат да се плеткаат во „локалните“ европски работи и ќе останат настрана, сé до оној момент кога ќе биде загрозен нивниот глобален интерес. А тоа е, по секоја цена да се спречи доминацијата на која било од големите држави врз Евроазија или некој нејзин дел. Сé додека постојат услови за слабеење на Кина и нејзино фрагментирање, додека Европејците се слаби и поделени, САД имаат базичен интерес да избегнуваат општа војна. Нивна стратегиска цел ќе биде да се преориентира светот на производство на обновлива енергија со што ќе и се зададе стравотен удар на руската економска предност“.
Авионски несреќи кои го менувале текот на настаните

- 1936 година, Арвид Линдман шведски премиер гине откако неговиот авион се урива во Крејдон, крај Лондон веднаш по полетувањето. Официјална причина - маглата.
- 1943 година, Владислав Сикорски, полски премиер во егзил, гине откако авионот се урива по полетувањето од Гибралтар.
- 1959 година, гине Бартелеми Боганда претседател на Централно Африканска Република. Авионот експлодира во воздух.
- 1961 година, во џунгла во Замбија се урна авионот на Даг Хамершелд, генерален секретар на ООН.
- 1966 година, се урива авионот на Абдул Салам Ариф, претседател на Ирак. Причина за несреќата е снежна бура.
- 1977 година, во снежна бура гине Џемал Биедиќ, премиер на СФРЈ.
- 1981 година, загина Хаиме Ролдос Агилера, претседател на Еквадор. Причина за уривање на авионот било силното невреме.
- 1981 година, гине генерал Омар Торихос, лидер на Панама. Авионот се урива во сомнителни околности (немало време за убедливо невреме).
- 1986 година, Самора Машел, претседател на Мозамбик загина на сличен начин како Качински, кога неговиот „тупољев“ се урнал при слетување, заради бура.
- 1988 година, во авионска несреќа гине генерал Мухамед Зија Ул Хак, пакистански претседател, оној кој со воен пуч го симна Али Буто и го егзекутираше, татко на Беназир Буто која, пак, беше убиена среде изборна кампања, по што Пакистан стана терористичка мека.
- 1994 година, загинува Јувенал Хабиармана, претседател на Руанда и Бурунди. Неговиот авион беше гаѓан со проектил додека приоѓал на аеродромот „Кигали“.
- 2004 година, загина Борис Трајковски. Неговиот авион настрада кај Мостар при слетување по лошо време.
- 2005 година, загина Џон Гаранг претседател на Судан. Неговиот хеликоптер се урнал заради лошо време.
- 2010 година, загина Лех Качински, претседател на Полска.

Мирка Велиновска, некад ја почитував...