Види сеа, да се разбериме, ваљда не беше Дарданецов ироничен, па дај ко прво да не почнуваме да ја тераме темава на драпање интимни телесни делови.
На тема:
Бројот на населението нема голема улога во тоа дали едно населено место ќе стане град, или не. Во старт, не е само во Македонија ова, туку низ цел свет - постојат места помали од Пехчево, па се едни од најпосетуваните и најубавите градови во Европа.
Постојат повеќе населбени единици - селото и градот се само два типа од нив, али нема да навлегувам во другите, за да не праеме реферати и да бегаме од тема.
За едно населено место да биде град, треба да се исполнат некои услови: основно - урбанизација на населеното место. Под урбанизација на просторот не се смета тоа да биде само поделено по урбанистички единици, да има средени парцели и уреден премер. Во овој процес спаѓа едно опсежно планирање на просторот, и обезбедување на административни функции: станување, сообраќај, јавни простори, рекреација, работни простори.
Стратегијата на избор на локација за планирање на еден град, е една посебна дисциплина инкорпорирана во урбанизмот. Упростено, таа локација треба да има добри комуникациски врски, да исполува некои стандарди од физички аспект, и да биде погодна за понатамошно евентуално нејзино проширување. Секако, урбанистички испланирано.
За подетални информации околу раѓањето и развивањето на еден град, убава идеја е да се прочитаат (или барем да се разгледаат) делата на еден ценет и извикан автор, уште наречен таткото на модерниот урбанизам -
професор Кевин Линч. Ако сакате избор на дело, тогаш токму за ова прашање детално ќе ви биде одговорено во The Image of the city, неговото најпознато дело.