Матура

  • Креатор на темата Креатор на темата elektro
  • Време на започнување Време на започнување
Не не не, јас разбрав дека тие што пишувале само биографија како текст им се признава, а тие што пишувале CV као нафрлани информации не им се признава. Тие што пишувале и биографија и CV им се признава биографијата.

Иначе јас пишував биографија во трето лице.

Еве во клучот како пишува, само не сум сигурен дали третото им беше пишано во моментот првично кога го објавија клучот...

- Се прифаќа да се прегледува и
формата CV според даден пример
- Доколку текстот е комбинација
биографија/CV не се прегледува
- Доколку се напишани и двете форми
се прегледува биографијата.
 
[*]кој пишувал биографија во трето лице му се оценува!
[*]кој пишувал CV како табела му се оценува!
[*]кој пишувал и текст и CV (како што е и дадено во примерот од БРО) не се оценува!
[/LIST]

кај го има тој пример да видам како изгледа ?
 
Абе да му е*ам се на тие од БРО. 4 години учебник немавме, алоооооо, сега ни викаат пишувајте се. Ајде, седнав, греев столица месец-два, за делата да видам ова-она, тоа професионална комуникација мислам дека еден час ни траеше предавањето, за на крај да ми рече да напишам биографија за Митрана во која че наведам какви професионални квалификации има. Ами ако ја напрам умрена си реков? Тогаш сватив колку се ретардирани. Боговите нека им се напомош.
 
Страшно, неам храброст да принтам тестојте и да прегледвам шо сум напишал а шо не :jaj: плус месец дена поминаа кој ќе памти секое прашање шо заокружил.

Не е никакво мерило матурата за тоа колку учел ученикот и никогаш нема ни да биде, кој има среќа арно кој не пак арно. Да не зборам за тоа дека во секоја училница различен критериум имаше, првиот со вториот испит 2 дена само 1 ден имавме за пренасочување на вториот испит.

Али џабе е сеа да се навраќам на нешто шо поминало, цел мај и јуни си ја тупев глата со то матурата, па сеа шо сака нека биди. 13ти Павловден (именден ми е :smir: ) па со Господ напред...
 
Е ова не ми иде во прилог... ама добро, подобрувањето е мало :p

Епа таа година математика полагаа само тие шо мислат оти знаат математика. :) А се бележат подобрувања у оценките, не само у напишантто :) Нејќам 5ки, нека имам математика и македонски по 1 4ка и не се замарам :P :)
Иначе, не мее страх да ги видам резултатто, можам да видам и за сите вас ак сакате :P :) сакам да кажам, не се замарајте и вие, има нооого поважни работи од државната матура :)
 
Јас може и до школо ќе одам да видам што имам, уште од сега осеќам дека на сајтот ќе има Ерор 404 или лоадинг 5 саата или нешто слично такво.

Ако имам 2 математика, нема да банирам месец дена :pos:
 
еве го прагот на поминување на екстерните предмети.. македонски - 40 поени, математика - 17 поени..

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mid=36&eventid=24866

„Надлежните и годинава се задоволни од резултатите на матурантите, особено на оние од албанската заедница“

Вријам! :nerv:
 
^Па по толку привилегии заедно со Ромиве уште да не учат...

Ама многу ми се смешни од БРО, викаат задоволни се од резултатите, има подобрување ама скалата спуштена, сепак :pos:
 
Математика 17. Јухуу на којно сам. ( на коњот сум) :)
 
Колку бедно изгледа ова.... БРО и МОН се задоволни со што и да е постигнато. Која и да е бројка за нив е супер. Кај средниот успех е паднат, па уште и прагот е намален... Катастрофа! Имаат среќа што 3.000 им полагаа математика.Да им полагаа 6-7.000 отидоа во 1 како просек. Прост народ бреј...

Ова со прагов по математика колку и да ми одговара сепак е очајно. Тестот носи 70 бода ако не се лажам. Е прагот не е 70/2 како што и треба да е, туку 70/4.. повторно катастрофа... Епа сега, ако спуштиле прагот за поминување, нека спуштат и бодовите за петка, нека ги стават на 55 на пример, тоа ми одговара. Тогаш и БРО и МОН и јас ќе бидеме задоволни и пресреќни
 
Баш сега коментиравме со една другарка за овие од МОН, малце ми се смешни и чудни. Еве што искочи пред некој ден на вести(тоа што го пастирав на претходната страна)
Успехот на прелиминарните резултати од државната матура од јунскиот испитен рок во благ пораст во споредба со изминатите две години. Има помалку петки во споредба со лани, но повеќе ученици положиле со среден успех. Матурантите годинава покажале подобрување во математиката. Ланскиот вкупен процент изнесувал 2,52 додека оваа година е зголемен на 2,64. Статистиката на државниот испитен центар говорат дека подобрувања има во однос на мајчиниот јазик иако прагот од 42 поена со кои се положуваше минатата година, сега е поместен на четириесет поени.

Јас дури сега сфатив дека овие уствари се тешеле со тоа дека повеќе студенти положиле со среден успех :pos:
Тоа уствари, од 5ки кон 3ки, и статистичките податоци си ги свртеле во нивна корист(еве како лажат статистичарите хаха).
И пишува благ пораст, али од прелименарните резултати, дали ова се официјални дека имало пад на просекот(оној просек од сите оценки :pos:)
 
Не бе, овие од МОН не се нормални. Информацииве ги кажуваат како 90% од матурантите да имаат 5ки добиено на екстерниве.
Мислам дека и официјално по нивната реакција во однос на резултативе, конечно е јасно колку сериозно се сфаќа целата работа околу полагањето на државна матура. Според ова, матурата постои формално, колку да се избегнат приемни на факултет. А на тој начин и те како се смалува квалитетот на студентите.
Но, битно матурата е најважниот дел од образованието. Мораат сите да ја полагаат. Мораат сите да положат мајчин (македонски) јазик, па макар тоа било и со поени 3 пати спуштени за да конечно се добие пролазна оцена.
Криво ми е што се тропав над книга два месеци уназад за да направам подобри резултати. И онака помстена е само границата за положување а не и скалата помеѓу останатите оцени.

Да се прашувам јас, приемни на факултет и чао - пријатно. Ем ќе се полага стручниот дел потребен за на факултетот, ем ќе се избегне волкава фама околу сите тие прелиминарни испитувања.
 
Јас сум тотално изгубена во време и простор! Мислев денес сме вторник станувам сабајлево идам на страната чекам чекам и после една другарка коа ми кажа кој ден е...:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom