Не бе, овие од МОН не се нормални. Информацииве ги кажуваат како 90% од матурантите да имаат 5ки добиено на екстерниве.
Мислам дека и официјално по нивната реакција во однос на резултативе, конечно е јасно колку сериозно се сфаќа целата работа околу полагањето на државна матура. Според ова, матурата постои формално, колку да се избегнат приемни на факултет. А на тој начин и те како се смалува квалитетот на студентите.
Но, битно матурата е најважниот дел од образованието. Мораат сите да ја полагаат. Мораат сите да положат мајчин (македонски) јазик, па макар тоа било и со поени 3 пати спуштени за да конечно се добие пролазна оцена.
Криво ми е што се тропав над книга два месеци уназад за да направам подобри резултати. И онака помстена е само границата за положување а не и скалата помеѓу останатите оцени.
Да се прашувам јас, приемни на факултет и чао - пријатно. Ем ќе се полага стручниот дел потребен за на факултетот, ем ќе се избегне волкава фама околу сите тие прелиминарни испитувања.