Матура

  • Креатор на темата Креатор на темата elektro
  • Време на започнување Време на започнување
Колку задачи ќе има математика основно знае некој?
 
Колку задачи ќе има математика основно знае некој?

Треба да се 40 како и предходните години, освен лани, кога ставија 53 а после тоа сватија дека се премногу и дека задачите беа бааги тешки.
 
Првите прелиминарните резулатати од државната матура ќе бидат објавени најдоцна до 13 јули. Конечните резултати идните студенти ќе ги знаат на 23 Јули.
 
Ај вие од минатите години, даваат бодови ако делумно е точна задачата, така?

И уште нешто, од тие прашањата што се за заокружување, каде можеме да ги решаваме прво чим не даваат дополнителни листови, може од страна? :)
 
И уште нешто, од тие прашањата што се за заокружување, каде можеме да ги решаваме прво чим не даваат дополнителни листови, може од страна? :)

Ќе пишуваш со молив на белата површина до понудените одговори, или на задните страни, а послем ќе бришеш... јас така планирам :p

Веројатноста ми е слаба точка за матурава, врска си немам... Ми прави проблем тоа што во некои задачи за веројатност, вкупниот број на елементарни настани (n) или поволните настани (m) се наоѓаат преку комбинации, варијации и пермутации. Лани или прехлани на тестот (основно) се падна задача во која n се пресметуваше како комбинации без повторување (од 5 дадени страни најди ја веројатноста со три случајно избрани да се конструира триаголник)... Комбинаторика не чепнав оти во програмата убаво пишува дека тоа ќе нема... зар може за тоа да не зезнат?

Друго, треба ли од веројатност да се учи условна веројатност, независност на случајни настани,... или само собирање (унија), множење (пресек), разлика и спротивен настан?
 
Треба само унија пресек, разлика спротивен настан.. условна веројатност дефинитивно ќе нема во матура математика основно ниво...

--- надополнето ---

А некој некоја информација шо ќе има на матурава утре... да не е пробиена... Оти за македонски многу информации се лиферуваа... на крај само за биографија излезе точно
 
Нема никаква шанса да се дознаат резултатите пред 13 јули?!
 
Математика беше смешно тежок.Ланските и поланските беа гола вода во споредба.
 
Што беше ова бе? :tapp: Задачине од матурава ќе ги искористам ако некад здравје спремам докторат.
 
Мене ми беа прилично лесни...:toe: Ги решив за саат, саат и пол, не знам колку точно беше...Само една на дополнување не знаев...
 
Математика беше тешко.Тие на крајот од по 3-4 поени беа тешки. Ако имам една скапана двојка добро ќе е.

И баш ме ставиле во просторија со дудуци.Појма немаат.

Уа бе
 
Беше заебано математика...ако споредуваме со матурите од 2008, 2007...
 
Абе овие згрешиле требало да напишаат дека тестот е напредно ниво. Ова ја мислев дека докторирам како што кажа членот погоре.Далеку потешко од лани и од 2008.Чекаме да поминеме па ќе видиме.
П.С Абе колку прашања напишавте дека напишала Ана во задачата.Кај мене излезе по некоја си логика 9.5 точни...
 
Со двојче ќе сум среќна, добро што сум одлична овие 4 години па ме вади тоа некако :S
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom