Меѓу петте банки на кои им е намален рејтингот и кои би можеле да се соочат со влошување на финансиската состојба се Националната банка на Грција, сопственик на Стопанска банка - Скопје, и Алфа банка, којашто веќе неколку години е присутна во Македонија
Реномираната агенција за кредитни рејтинзи "Мудис" ги намали рејтинзите на пет грчки банки проценувајќи дека нивните финансиски состојби ќе се влошат како последица на големиот јавен долг, строгите мерки на штедење и продолжувањето на рецесијата во Грција.
Станува збор за Националната банка на Грција (НБГ), ЕФГ Евробанк, Алфа банка, Емпорики банка и Пиреус банка, за кои "Мудис" смета дека постојат големи шанси во следниот период да работат со загуби. Мудис" наведува дека намалувањето на рејтинзите на петте банки е последица на слабите макроекономски перспективи на Грција и нивното очекувано влијание врз квалитетот на активите и потенцијалната заработувачка на овие банки".
Според агенцијата, негативните оценки за грчкиот пазар во последните месеци го ограничија пристапот на овие банки до берзите на обврзници и меѓубанкарскиот пазар.
Аналитичарите оценуваат дека ваквото намалување на рејтинзите на петте банки дополнително ќе го влоши и онака лошото мислење за Грција, која, како последица на огромниот буџетски дефицит и големиот долг, беше принудена да воведе строги мерки на штедење.
А стравот кај граѓаните за нивните заштеди депонирани во банките почна да се чувствува. Фајненшл тајмс" објавува дека Грците панично и хистерично ги извлекуваат своите пари од домашните банки предизвикувајќи страв кај грчките банкари и продлабочувајќи ја кризата во која се наоѓа оваа земја. Од четирите најголеми грчки банки штедачите имаат повлечено дури 10 милијарди евра, па менаџерските тимови на банките побараа интервенција од Владата во Атина за да не се случи да останат без пари и да банкротираат. Лондонскиот весник забележува дека меѓу богатите Грци владее вистинска хистерија минативе два месеци, па исплашени за судбината на своите пари и имотот што го поседуваат, не сакаат да ги задражат во Грција, туку во моментите кога нивната земја се соочува со најголемата и најтешката економско-финансиска криза во својата понова историја, богатството го префрлаат во странство, пред се, во банките од Кипар и Луксембург. Во текот на февруари и март оваа година, грчките штедачи од своите сметки имаат повлечено пари во вредност од пет отсто од вкупната маса на штедните влогови во целата земја. Тоа предизвикува забрзано паѓање на вредноста на акциите на најголемите банки во Грција, кои сите имаат свои филијали во земјите од Балканот. До средината на оваа недела акциите бележат пад на вредноста што се движи меѓу 6 и 7 отсто, констатира "Фајненшл тајмс".
Од посочените пет банки во Македонија работат две. Имено, доминантен сопственик на Стопанска банка - Скопје е Националната банка на Грција со 73,04 отсто, а веќе неколку години во земјава работи и Алфа банка.
"Мудис" им го намали рејтингот на Националната банка на Грција од А1 на А2, а на Алфа од А2/Прајм 1 на А3/Прајм 2.
17 милилјарди евра државна помош
Грчките банки добија државна помош од 17 милијарди евра за да се гарантира ликвидноста на банкарскиот сектор додека економијата се наоѓа под притисок поради должничката криза. Тоа го објави Јоргос Папаконстантину, министер за финансии, по средбата со шефот на грчката Централна банка, Јоргос Провопулос.
Со молба за добивање на тие 17 милијарди евра се обратиле четири големи банки - Националната банка, Евробанк, Алфа банк и Пиреос банк и секоја од нив добила по околу 3-4 милијарди евра.
- Вечер
Што мислите???