Христијаните тврдат дека Исус го распнаа на Крстот, потоа римскиот војник го прободе со копјето и Исус умре, потоа воскресна. Муслиманите пак тврдат дека нити го фатија нити го убија туку тоа само им се причини.
Во Библијата има поглавје, кое зборува токму за темава за која говориме: Коринтјаните 15 ред 3 и 4 св. Павле вели: Ви го предадов најнапред она што го бев и примил, дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата; дека Тој беше погребан и дека на третиот ден воскресна, според Писмата,Во ред 14 св. Павле продолжува и вели вака:
14 ако, пак, Христос не воскреснал, тогаш напразна е нашата проповед, празна е и вашата вера. 15 Би се покажале како лажни сведоци Божји, бидејќи сведочевме против Бога дека Го воскреснал Христос, Кого што не Го воскреснал, ако навистина мртвите не воскреснуваат. . 16 Зашто, ако мртвите не воскреснуваат, и Христос не воскреснал; 17 ако, пак, Христос не воскреснал, напразна е верата ваша; вие сте уште во своите гревови; 18 тогаш и оние, што умреле за Христос, пропаднале. 19 И, ако само во овој живот се надеваме на Христос, тогаш сме ние најбедни од сите луѓе.
Павле во цитираните стихови јасно кажува дека: доколку немало воскресение на Исус, целата Христијанска религија е празна, избледена, невреди за ништо, и дека следбеницита на Христијаснтвото се наоѓаат сеуште во нивните гревови, и кажува дека ако небило вистина воскреснувањето, дека Христијаните се најбедни од сите луѓе на светов !!!
Па продолжува кажувањето понатаму и се вели вака:
35 Но ќе рече некој: како ќе воскреснат мртвите и во какво тело ќе дојдат? Павле одговара: 43 се сее во бесчестие - воскреснува во слава; се сее во немоќ - воскреснува во сила; 44 се сее тело душевно – воскреснува тело духовно. Ако има тело душевно, има и тело духовно.
Што пак јасно дава дознаење дека воскресението ќе биде така што телото ќе биде духовно, нема повеке да се има телесно тело, туку само духовно тело. Павле всушност ги повтори зборовите кои беа искажани од Исус во евангелие според Лука поглавје 20 ред 27 -36
Тогаш пристапија некои од садукеите, што тврдат дека нема воскресение, па Го прашаа, велејќи: „Учителе, Мојсеј ни напиша: ако некој оженет умре без деца, брат му да ја земе неговата жена и да го подигне потомството на својот брат. Си беа седум браќа. Првиот, откако се ожени, умре без деца. Жена му ја зеде вториот, но и тој умре без деца. Потоа ја зеде и третиот, а така исто и сите седуммина и умреа без деца. По сите нив, умре и жената. При воскресението, пак, на кого од нив таа ќе му биде жена, бидејќи со седуммината живеела?“ Им одговори Исус и рече: „Синовите од овој свет се женат и мажат; но оние што ќе бидат удостоени да го добијат оној свет и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат; всушност, тие веќе не можат да умрат, затоа што се еднакви со ангелите, а бидејќи се синови на воскресението, тие се синови Божји.
Во последниот стих се доловува поентата, за која прашуваа евреите, и добија одговор од Исус дека после воскреснувањето, луѓето неможат повеќе да умрат, ќе бидат безсмртни, дека нивното тело ќе биде еднакво со Анѓелите, дека телото ке биде дух, нема повеке да се има телесно тело кое има потреба од овосветски потреби, (хранење, спиење, одмарање,секс, и тн) туку телото ќе биде само душевно без овосветски потреби, ова го вели Исус во Евангелие според Лука, исто така и Св.Павле во Коринтјаните 15.
Поставувам прашање, дали некој не се сложува со оваа изјава, дека после воскресението, секое тело ке биде дух, нема да биде повеќе телесно тело (кожа,крв коски)???
Продолжуваме со цитање на ова поглавје според Лука, 24 ред 36 се вели вака:
36 Додека тие уште зборуваа за тоа, Самиот Исус застана сред нив и им рече: „Мир вам!“
Па зошто се плашеле уцениците Исусови кога им застанал во собата каде говореле за случувањата, кои ги слушале, дека Исус го распнале на Крстот, потоа го убиле, па он воскреснал, а сите тие биле сведоци од слушање, никој небил очевидец , на случувањата , за кои се зборувало, ова го потврдуваат и следниве цитати
И откако Го оставија, сите се разбегаа. Евангели според Марко, 14 – (ред 50)
Контексот на ова 14 –то Евангелија зборува за тоа како учениците биле со Исус, па дошле војнците римски, па откако го заробиле на Исус, учениците негови и сите што биле со него, го оставиле и избегале…
Јас сега прашувам, што значи сите ??? Дали на Македонски јазик СИТЕ се мисли на Боквално СИТЕ ??? Секако дека е така!
Па според евангелието според Марко каде ни го дава ова дознаење тврдиме дека никој небил очевидец на Исусовото “распнување” СИТЕ биле сведоци од слушање!!!
Овие сведоци од слушање, слушнале дека Исус бил мртов 3 дена и потоа воскреснал, па затоа кога го виделе помислиле дека е Дух, па се исплашиле …. А Исус им вели:
37 А тие, така збунети и уплашени, помислија дека гледаат дух. Но Тој им рече: „Што се плашите и зошто такви мисли влегуваат во срцата ваши? Видете ги рацете Мои и нозете Мои: Јас сум Истиот; допрете се до Мене и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам.“ А кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете. Но, додека тие од радост уште не веруваа и се чудеа, Тој им рече: „Имате ли овде нешто за јадење?“ Тие Му дадоа парче печена риба и мед со саќе. И кога зеде, јадеше пред нив. Ев. Според Лука 24 .37-42
Да докаже што ??? Зашто им побара нешто за јадење ???