Реален банкрут не може да има,заштото това нема да го дозволи ЕЦБ и сите от еврозоната.
Ако Грциja напушти еврозоната-ДА реален банкрут може да има.
Може обштина Радовиш да банкрутира реално? Истото е...
Може, како не може? Ако Грција не може да ги врати долговите, а тоа реално без други пари веќе сега не е можно, тогаш е банкрот. На слободниот пазар плаќаат 13% камата и веќе никој не и дава пари, освен сега ММФ и ЕУ, највероватно до 2012. После тоа? Долговите само растат и не е вероватно Грција за 2 години да се опрајт во смисла да ги покачит приходите и да ги намалит давачките, ете се гледа секој втор ден штрајкови значи може и да се очекува дестабилизација на Грција.
Е сега банкрот е економски збор, во врска со држави се употребуваат други зборови. Највероватно Грција ако се декларира ко банкрот, ќе побара да им се простат долговите барем пола, значи наместо 300 да имаат 150 Мрд. Евра долгови, што би биле 60% од ГДП што го проектира ЕУ. Но ова сценарио би било најлошо за Грција пошто условите кој би би побарале земјите од ЕУ, посебно Франција и Германија би биле екстремни, но сепак ова е реално сценарио.
Иначе да, држави, општини, фирми па и секој човек можат да банкротираат, тоа не е ништо ново. Има веќе примери на банкротирани држави низ историјата: Аргентина, на која и беа простени 75% од долговите.
И излезот од Еврозоната не е спас на Грција или другите земји на кој и должи пари, туку може само да го стабилизира Еврото. Значи долговите пак остануваат во Евра или Долари ама домашната валута би била толку слаба што значит дека Грција пак не би можела да ги врати долговите и реално има во ваква ситуација и опасност за голем инфлација.
Најнова вест: На Грција и треба поќе од 45 Мрд Евра. ММФ најави дека може и 10 Мрд. плус да дајт за Грција.
http://www.welt.de/wirtschaft/artic...n-deutlich-mehr-als-45-Milliarden.html#reqRSS
Ова е веќе комедија и реално добро режирано во Грција. Пред 2 недели викаа дека сами можат да се справат и не им треба пари, туку гаранциите од ММФ и ЕУ било само за смирувајне на пазарите. После испадна дефицитот наместо 12,7% да е 13,6%.
По една недела Папандреу во идила дава изјава дека многу брзо има треба 45 Мрд Евра. Сега испаѓа дека им треба многу поќе. :pos2: Не знам до кога ЕУ ќе го трпи ова и ќе пумпа пари во Грција. Реално Грција ќе банкротира значи прашајнето е кој ќе ги лапне овие пари.
...to be continued...