Ова мора да се проба!:bravo:И јас се спремав на слична операција, ама никако да дојде на ред. Во секој случај еве што најдов најинтересно додека истражував, делува многу лесно.
Во право си, функционира само на „меки“ површини. Нека е и хауба или врата ако вдлабнувањето е на место каде има вдлабнувања или испакнатини (фабрички направени ... не сум ни од далеку стручен да знам како се викаат тие естетски и функцинални решенија) на лимот ... нема да помине, или во најмала рака и да се подисправи нема да е она што сакаме да го добиеме. Затоа пак на сите места на кои кога би се потпрел 100-килаш вадат звук „плонк“ (од што и имам 2 вдлабнувања странично на крилата) треба да заврши одлична работа.Финтата со течен јаглерод диоксид и фен пали само на места кои што се меки... хауба, врата, поголема површина. На места како од видеото со црно-белите решетки и цврстото крило, нема шанси да профункционира.