Првата македонска астрономска опсерваторија

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Првата македонска астрономска опсерваторија во која професионалци ќе работат 24 часа, ќе се наоѓа на Плачковица. Тука во срцето на планината, во непосредна близина на познатото детско одморалиште со кое стопанисува државниот универзитет Гоце Делчев од Штип, планирана е локацијата на два милиони вредната инвестиција.

Опсерваторијата од која македонските астрономи и астрофизичари будно ќе ја следат секоја промена во динамичниот универзум, според експертите ќе е на идеално место. Небото над Плачковица две третини во годината е чисто и перфектно за работа.

Сега се чека зелено светло на Владата за пуштање пари.

Само телескопот кој ќе биде вграден вреди половина милион евра. Плановите за опсерваторијата го изработи научен тим од Штипскиот универзитет.

Најоптимистичките прогнози за профункционираме на четвртата астрономска опсерваторија на Балканот, по оние во Србија, Бугарија и Грција е по една година.

Извор: Канал 5

Мислам дека темава е таман за овде, но слободно може да ја преместите ако и најдете соодветно место на кое мислите дека треба да стои.

Он топик: Одлично е што Македонија конечно се сети да им овозможи на астрономите и другите лица од таа категорија конечно да имаат своја домашна опсерваторија преку која ќе можат да си ја вршат својата работа.
 
Какви телескопи се предвидува да има внатре?
 
Ах мори мајко... Опсерваторија ни требало... Автобус неаме асален, дупки улициве, овде на земјава македонска, они на небото целат... Не сфаќам,стварно.
 
Конечно!!! И Македонија да добие опсерваторија. Одлично, супер.

Ах мори мајко... Опсерваторија ни требало... Автобус неаме асален, дупки улициве, овде на земјава македонска, они на небото целат... Не сфаќам,стварно.
Е тоа е проблемот.....што многумина не сфаќаат...
 
Ах мори мајко... Опсерваторија ни требало... Автобус неаме асален, дупки улициве, овде на земјава македонска, они на небото целат... Не сфаќам,стварно.
Јас малку повеќе не сфаќам, стварно. Прават (планираат) опсерваторија - дупки улици автобуси. Прават музеј, театар - дупки улици цигани во кутии. Прават споменици - дупки автобуси цигани во кутии. Добро, не може да очекуваме сите да дадат едногласна поддршка на владата за се (или на Штипскиот универзитет), тогаш Грујо би бил бетер од другарот, ама ова е...аман бе. Океј се автобусите, океј се улиците, океј се циганите во кутии, нема цел буџет да оди кон поправање на улици, автобуси и цигани во кутии. Онтопик: закон ова, ќе ѕвериме горе.
 
Интересно, но сепак, зар ова е приоритет на Владава? Ако е, тогаш срамота!
 
ова е фрлање пари без везе
која е целта на ова?освен буквална опсервација ко телиња на шарена врата нишо друго нема да направат.
во светов има повеке од доволно обсерватории и се толку напредни и коштаат многу пари на кои нема шанси да им парира во било кој однос технички или со кадар и на крајот ако ја напраат нема да биде ништо повеке од скапа играчка.
 
За скапа играчка-нема да е скапа играчка,а се надевам дека ке се користи. Битно е местото,което е избрано(да нема градове и села наблизо,заштото на астрономите им треба тамнина),што ке има како градби во тази обсерваториja и каков телескоп ( и дали само един) ке има внатре.

Eве неколко големи телескопа на Балканот со обсерватории.
Наjголемиот телескоп на Балканот е новиот телескоп изграден во Гр.
Диаметара на огледалото му е 2,3 метра.
14347218.jpg

Еве и каде се ситура телескопа...

site-darksky.gif

Ако погледнете, светлината от Атина просто развалja се.....

Се уште наjдобриот телескоп (како услови и големина) е този со диаметар на оглесалото - 2 метра, но на доста потамно место...
200px-2M_Telescope_Dome_NAO_Rozhen.jpg

Еве и внатре

3-2metra_tel-1.jpg
 
ова е фрлање пари без везе
која е целта на ова?освен буквална опсервација ко телиња на шарена врата нишо друго нема да направат.
во светов има повеке од доволно обсерватории и се толку напредни и коштаат многу пари на кои нема шанси да им парира во било кој однос технички или со кадар и на крајот ако ја напраат нема да биде ништо повеке од скапа играчка.

Како бе фрлање пари?!?! ццццц...:tapp:

Па науката мора да се развива.....всушност, Македонија вложува малку пари во науката.....Ова ќе биде еден огромен плус за астрономијата, како една од најстарите науки (впрочем и најстара е)... Не тресете зелени дека ова е фрлање пари....нема врска...

Инаку, колку за инфо, опсерваторија требаше да биде изградена во 2001, но тогаш се случи конфликтот, и не беше реализирана...
 
Ах мори мајко... Опсерваторија ни требало... Автобус неаме асален, дупки улициве, овде на земјава македонска, они на небото целат... Не сфаќам,стварно.
Само да се хејта бе. Некој вложил во ова, а ти кажуваш ова неаме, друго неаме. Дај погледнете од светлата страна бе. Скоро сите држави имаат опсерватории, какви такви битно ги имаат, зошто и ние би немале?
 
Како бе фрлање пари?!?! ццццц...:tapp:

Па науката мора да се развива.....всушност, Македонија вложува малку пари во науката.....Ова ќе биде еден огромен плус за астрономијата, како една од најстарите науки (впрочем и најстара е)... Не тресете зелени дека ова е фрлање пари....нема врска...

Инаку, колку за инфо, опсерваторија требаше да биде изградена во 2001, но тогаш се случи конфликтот, и не беше реализирана...

два милиона евра за опсерваторија која ке служи само за буљање така ке се развива науката у мк?
паметно ако се размислува најдобар начин за развој на астрономијата у Македонија е со сретсвата од два милиона евра е да се набават од 4 до 8 големи рефракторни телескопи кои ке се користат на факултетите низ земјава.
со два милиона евра можат да се земат многу добри рефракторни телескопи на кои ке има можност да се поврзат со системи за снимање следење и анализа.
форсирање на голема опсерваторија а немање никаков кадар за нејзино функзионирање е глупост.
 
Дали мислиш дека со тие телескопи низ факултетиве ќе се добиваат посакуваните резултати?
 
Ако инвестираш тези пари во 4-8 телескопа во градовете кадето са факултетите,това веднага изклучува можноста да се прави професионална астрономиja.... Това во универзитетите може да биде само за обука,но не и за наука....:toe:
За наука мора да си далеку от секаква светлина,далеку от трептене от коли, тирове и така натаму.... това не се парви во градовете.
 
посакуваните резултати е релативна работа бидејки и да се изгради опсерваторијата ништо спектакуларно нема да се случи.
првиот проблем е што нема ама баш никаков кадар за ова и она што треба да се направи е создавање кадар а најдобар начин е овозможување на што повеке студенти да имаат можност за пристап до нив а не само една опсерваторија која нема шанси без добар кадар да работи успешно.

Ако инвестираш тези пари во 4-8 телескопа во градовете кадето са факултетите,това веднага изклучува можноста да се прави професионална астрономиja.... Това во универзитетите може да биде само за обука,но не и за наука....:toe:
За наука мора да си далеку от секаква светлина,далеку от трептене от коли, тирове и така натаму.... това не се парви во градовете.

да имаш право
но ако збориме за професионална астрономија тоа не подразбира само телескоп од два милиона евра туку треба некој и да знае што како да ракува истражува анализира и сл.
кои се професионалните астрономи од македонија кои ке истражуваат во таа опсерваторија?ако знаеш напиши кој е тој кадар на астрономи и астрофизичари.
моето мислење е дека треба да се почне од негде ама не вака астрономи нема у државава а ние сме запнале астрономска опсерваторија ке праиме.
 
два милиона евра за опсерваторија која ке служи само за буљање така ке се развива науката у мк?
паметно ако се размислува најдобар начин за развој на астрономијата у Македонија е со сретсвата од два милиона евра е да се набават од 4 до 8 големи рефракторни телескопи кои ке се користат на факултетите низ земјава.
со два милиона евра можат да се земат многу добри рефракторни телескопи на кои ке има можност да се поврзат со системи за снимање следење и анализа.
форсирање на голема опсерваторија а немање никаков кадар за нејзино функзионирање е глупост.
1.Улавите американци го изградија Хабл и го пуштија во вселената само за да булаат во „празно“ така?А што предлагаш ти за да се развие науката во Македонија?Да изградиме космодром и да почниме да градиме ракети?
2.Факултетие се наоѓаат на ридови?Ги поставуваат телскопите на покривот на зградата на факултет некој.Што ќе видат?Ништо поради густата (загадена) атмосфера и светлата од градот.Важно ќе има телескоп.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom