Шеклерите немаат никаков бугарски производ, туку препирката е политичка бидејќи повеќето од нив се сметаат за дел од Унгарската нација, но некои пак не.
Тоа воопшто не е безопасна работа.Во Романија има 1.5 милиони Унгарци кои можат да бидат голема закана за романскиот интегритет.Се разбира тоа не може преку ноќ туку тоа на подолг период може да прерасне во вистинска закана за Романија.Јас во никој случај не го посакувам тоа ама романците не треба да ја потценат таа работа да не ми се случи косовското сценарио.
На почетокот на месецов (јуни) отворија канцаларија на Шеклерија во Брисел ("дипломатска репрезентација"). Тројцата пратеници што ја избуткаа работата со канцаларијата во Европскиот парламент се од Романија но се Унгарци. На отворањето присуствувал и вице-премиерот на Унгарија!
Разбирливо, Романците почнаа со дрва и камења против отварањето на канцаларијата. Апелираат до ЕУ институциите да не ја признаат ниту да и дадат легитимитет.. Го повикале унгарскиот амбасадор во Букурешт да објасни што барал вице-премиерот таму, а Унгарциве почнале да се правдаат.
Некои велат дека канцаларијата има впотребна вредност за Унгарците во самата Романија, за промовирање на нивните политички партии таму. Но истовремено, тоа ја става во многу тешка ситуација партијата на Унгарците која е дел од тројната коалиција на власт.
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/en_GB/features/setimes/features/2011/06/14/feature-04
.