Што мислите за поезијата на Ма-Ста-Пе?

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување
Ти гледам умот и гледам кус ти е!

Прочитај поовече од дневен весник одзади.

ОК.

Ако може да се коментира Превер, Верлен, Гете итн (не ни знаеш кој се, и не, не се политичларио од Франција или Германија), може и ова гаднило, ова бесмислие, ова неверојатно шундовско происказие кое нема ништо слично со обиочна основа на литературна реч.

Кусоумите рикаат на магарешкиот пој.

Полноумните полезно и умно комуницираат за нешптата.
 
АА јасно ми е значи со други зборови(јас литература слаб сум) ама можам да дојдам до заклучокот дека ваљда знак = би одговарал помеѓу "поезијата" на мастапе-и перпетиммобилето на "Иноваторрр"...

Проза имам тро читано поезија малце...ама ај ќе разгледам баш што пише мастапе.

Оти видете ова е и мала забелешка-има во Уметност и култура тема Ваша поезија-нека пишува и таму мастапе-зошто на најмасовно поестуваниот јавен форум едно лице да има нешто налик блог...не би бил проблемот тие 20мб туку ШТО Е ТОЛКУ ПОСПЕЦИФИЧЕЕН од другиве на пример медеа Nightwalker Параноик..и др кои имаат супер поезија...јас видов една страна поезија од мастапе и имаше

Зајак албино и тоа
albino_rabbit.jpg

ама

и

elmer_fudd_rabbit_season.jpg


Ловна сезона:vozbud:
 
@Garfield
Се служиш со навреди - алтернатива во недостиг на аргументи. Ќе го задржам нивото и нема да ти вратам со исти, пред се како помлад, а веројатно и повоспотан од тебе, кој на 36 години има некаква потреба да дреме на форум и расправа за обични луѓе кои пишуваат едноставна поезија.

Како и колегата Баунти, кажав што имам на темава.
Поздрав.
 
Благодарам. Кажа, замини, ама помини повторно, имам штогоде да ти посочам за човек комплетен да станеш еден ден, полезен член на општеството.

Како што реков! МаСтаПе се труди, петка за обидот, кец за квалитетот.

Но, наместо да послуша, читне и се поправи, тој продолжува со своите изблици на бесмислена траурија и травестија на литературната реч.


Џана, а бе, овој МаСтаПе не е ни за графит за во ќењеф во задружни центар Доњи Вакуф!
 
Ајт, одам да читам сеа, може до 36 ќе прочитам и разберам повеќе од тебе.

До тогаш седи ми со здравје и мери им ги мозоците на останатите што ќе дојдат на темава.
 
Немам потреба кусоуми да премерувам, тоа може перпетум мобилето на Војо Ушевски!

Domine dirige nos да минеме премрежијата од ваквите травестии!
 
Garfield за тебе веќе сфативме дека пишуваш добра поезија. Но, таа е далеку од перфектна, далеку од одлична, барем за мене:wink:
Овде имаме право да го дадеме своето мислење и за твојата поезија кога веќе ти си почнал да ја критикуваш поезијата на другите на форумот.
А што мислиме за поезијата на овој човек по твоиве претходно напишани постови повеќе не е ни важно.
Важно е дека немаш право да навредуваш, туку да го искажиш само своето мислење на форумов. А ти досега си го навредил безброј пати.
 
Radice, ubavo, ne se bunam, jas ne go navrediv, tuku iskazuvam mislene. Jasno ti e toa ili da nacrtam. Stav, si cula za imanje stav?

Inaku, kazi si vo druga tema za mojata poezija za koja na svetsko nivo e kazano mnogu, znacvi i pozitivno i negativno. I jas znam deka treba da rabotam na natamosno usovrsuvanje na mojata poezija. No jas ne kenkam, na toa.
 
Оти видете ова е и мала забелешка-има во Уметност и култура тема Ваша поезија-нека пишува и таму мастапе-зошто на најмасовно поестуваниот јавен форум едно лице да има нешто налик блог...не би бил проблемот тие 20мб туку ШТО Е ТОЛКУ ПОСПЕЦИФИЧЕЕН од другиве на пример медеа Nightwalker Параноик..и др кои имаат супер поезија...јас видов една страна поезија од мастапе и имаше

Ма-Ста-Пе не бараше своја тема. Јас “под присила“ му ја наметнав. Откако веќе постираше 50+ песни во соодветната тема, ваша поезија, отворив нова тема наменета само за него, бидејќи не ја гледам страната на ужасот ако тој има своја тема и мислам дека нема да се симне богот на теророт да не уништи сите ако Ма-Ста-Пе има своја тема.

Воопшто не е важно дали е ова поезија за кое дискутираме, тој ја доживува како таква, да стане некој и да забрани некому да биде среќен, да се обиде да ја исече неговата желба за творење, неговата креативност, неговата емоција, колку и да смета дека е некој интелигентно инфериорен во споредба со него и колку и да смета дека квалитетот на творбата е на најниско можно ниво... значи дека го достигнал врвот на грозотијата човечка. Демон станал кој ужива во крв и распаднато месо, посланик од пеколот на земјата да ги измени човечките вредности, мрша која оди и тврди дека е убавец.
 
Ма Ста Пе да не ми го рчкате. Си има свое име на форумов и свој стил.
Дечкото е ок и опушта со неговата лесна и со хумор поезија. Мене ми се допаѓа.
Уживајте бе луѓе. Што е поентава сеа? Сме отвориле тема и ај ќе го ругаме Ма Ста Пе???!!! Дај бе олабавете....кој курац ви е. Гарфилд ако имаш да му плеснеш нешо у фаца на него...плесни му го на профил или преку ПП!
Мислам дека темава е за у Канта...
Анти-Шмек !
 
Гарфилд јас мислам дека ја докажа поентата и и дека сите го видеме и прочитаме твојо став ....мислам доста е...а и жално е кога ке видеш возраст 36 стварно е жално..
 
Ма-Ста-Пе не бараше своја тема. Јас “под присила“ му ја наметнав. Откако веќе постираше 50+ песни во соодветната тема, ваша поезија, отворив нова тема наменета само за него, бидејќи не ја гледам страната на ужасот ако тој има своја тема и мислам дека нема да се симне богот на теророт да не уништи сите ако Ма-Ста-Пе има своја тема.

Воопшто не е важно дали е ова поезија за кое дискутираме, тој ја доживува како таква, да стане некој и да забрани некому да биде среќен, да се обиде да ја исече неговата желба за творење, неговата креативност, неговата емоција, колку и да смета дека е некој интелигентно инфериорен во споредба со него и колку и да смета дека квалитетот на творбата е на најниско можно ниво... значи дека го достигнал врвот на грозотијата човечка. Демон станал кој ужива во крв и распаднато месо, посланик од пеколот на земјата да ги измени човечките вредности, мрша која оди и тврди дека е убавец.

АА не нема да се симне богот на теророт.

Добро овде во право си,а дали станува збор за поезија...па колку што видов поезија е:toe:

Ама за на истата да дадам критика не сум кадарен.(не сум литературен критичар...уствари далеку сум од тоа мнооогуу).
 
Темата се вика “Што мислите за поезијата на Ма-Ста.Пе” а не за неговата личност која никој ја нема нападнато.Ако јас мислам дека неговата поезија нема никаква литературна вредност и ако искрено сум згрозена од тоа што го прочитав,тогаш не ми останува ништо друго освен да бидам искрена и да напишам тоа што навистина мислам.Дали некој ќе мисли дека јас напаѓам тоа не е мој проблем.
Кога во аналите на светската поезија би влегувале обични работи од обични луѓе тогаш тоа би било навреда за оние необични кои го оставиле својот збор да сведочи за нивниот живот и да инсппирира милиони луѓе ширум светот кои ќе ги читаат нивните дела со восхит.


Tоа што Ма-Ста-Пе е среќен кога ја пишува неговата поезија е одлично и мене ми е драго за тоа,но поезијата kога станува јавна и достапна секој да ја прочита мора да се гледа и на критички начин а не само да се задржиме на тоа дека истата е добра само затоа што претставува авто-терапија за писателот.
Смислата на поезијата не е да се имаат навивачи кои ќе не тапкаат по рамо и ќе ни викаат браво,туку истата треба да ни каже нешто подлабоко за нас и за светот,нешто за што можеби не сме ни биле свесни дека постои.Смислата на поезијата не е да биде циркуска претстава која ќе ги насмејува луѓето,туку истата е треба да даде на светото одредена смисла и да зборува за работи кои се вечни дури и кога сенапипани на наједноставен начин.На крај,поезијата треба да биде наш учител а не само имплицивни,нагонски рефлексии на неконтролирани мисли(за кои ни самиот автор не знае што сакал да кеже со нив)чија единствена поента е да покаже дека знае да римува.

Oвде никој не говореше да се забрани да пишпува,така да е апсурдно да не обвинуваш за тоа ,кога ние само ја критикуваме оваа неверојатна,аморфна маса на зборови кои Ма-Ста-Пе ја сервира.
Ккао што него никој не го спречува,нема никој право ни нас да не спречи или затне во нашите постови во кои кажуваме дека неговата поезија е бесмислена,ниту пак може да не спречи во нашата борба против подигање на медиокритети на пиедестал на животните норми.
Така да нема потреба да се води дискусијата надвор од темата.
Прашањето е “Што мислите за поезијата на Ма-Ста-Пе”и јас едноставно ќе продолжам да го изразувам своето мислење.

Тоа дека никој нема право да оцени дали едно дело е уметност или неуметност е апсолутна глупост.Овде не е прашање на лични вкусови.Овдека се во прашање нормите и стандардите кои постојат во различни филозофски,книжевни,уметнички и поетски движења.Никој овде не кажа дека е романтизмот глупост,модернизмот е глупост или пост-модернизмот е глупост,но во тие правци критичарите даваат одредени оцени со кои се мери до кое ниво е нечија поетска можност да се изрази.Ова што Ма-Ста-Пе го пишува е надвор од секоја норма и не претставува ништо друго освен шунд.
Виктор сам даде одговор на кое ниво е поезијата на Ма-Ста-Пе кога ја доведе во контекст на сликарски техники со фекалии(гомно на платно).
Без разлика што некои морони сметаат дека фекалија на платно е уметност тоа никогаш нема да стане норма.



p.s.Самиот факт дека главна и единствена можност на Ма-Ста-Пе е да насмејува луѓе говори многу за истата таа поезија.
Авторот не е автор бидејќи нема никаква идеја водилка во своето пишување,не целел намерно да ги насмее читателите бидејќи не е многу хумористичен.Неговата поезија е едноставно смешна затоа што е офирна.А не е тешко луѓе да ти се смеат кога зборуваш глупости.


p.p.s.Во недостиг на аргументи многу е лесно да се спомнуваат нечии години.Ако ништо друго,годините можат да бидат само доказ дека е некој паметен ако ги искористил за нешто да дознае и направи нешто во животот а личноста која е критикувана поради истите е докажана вос војата област.

Ако веќе се спомнуваат години тогаш не гледам причина зашто да не почнеме и ние да ги спомнуваме годините на Ма-Ста-Пе кој по таа логика би требал уште повеќе да се срами бидејки кога ова би го пишувало некое дете од 15 години можеби и би имало смисла,но некој кој има многу повеќе и кој не знае да користи интерпункциски знаци и уште кога прима критика да вришти како инфантилец и да вика ДОСТА дава место не само за критика туку и за исмејување.
 
Темата се вика “Што мислите за поезијата на Ма-Ста.Пе” а не за неговата личност која никој ја нема нападнато.Ако јас мислам дека неговата поезија нема никаква литературна вредност и ако искрено сум згрозена од тоа што го прочитав,тогаш не ми останува ништо друго освен да бидам искрена и да напишам тоа што навистина мислам.Дали некој ќе мисли дека јас напаѓам тоа не е мој проблем.


Не само што беше нападната неговата интелектуалност, беше нападната и мојата и на другите што немаа исто мислење со тебе и Графилд. Сите ние што не мислиме како вас сме "малоумни"? Прочитај поназад да видиш што беше напишано па ќе правиме муабет дополнително. Темава е за се освен ПОЕЗИЈАТА на Ма-Ста-Пе. Темава е да се наполни нечие его и да се покаже некоја илузорна супериорност - ништо повеќе...
Крајно арогантно, кретенски и нечовечки :wink:

Прочитај, убаво со отворени очи...

p.p.s.Во недостиг на аргументи многу е лесно да се спомнуваат нечии години.Ако ништо друго,годините можат да бидат само доказ дека е некој паметен ако ги искористил за нешто да дознае и направи нешто во животот а личноста која е критикувана поради истите е докажана вос војата област.

Ова го напиша онака колку да ти изгледа постот поголем, или стварно мислиш дека има некаква смисла? Пак ќе повторам, погледни кој во недостиг на аргументи се користи со навреди.

п.с. Никој овде не е задолжен или компетентен за да нарекува некој друг "кусоум", "малоумен" и сл. Замисли - дури ни ти заедно со арогантниот другар - Гарфилд.
 
Гарфилд, морам да ти признаам дека си наобразован, нашетан, начитан итн итн. И сето тоа е во ред, но мора ли бе да ги правиш сите други малоумни, бесполезни и невредни за било какво внимание? Пишувал шо пишувал човекот, нит сум го читал нит ме боли уво, ама не напињај бе човеку! Крајно деструктивен си на туѓата реч, туѓата мисла и туѓиот став.
Јесда е Кајгана јавен форум, ама тоа не значи дека треба некој да го направиш подоле од г.мно од чиста мира, пошо тебе не ти паше тоа што дотичниот Мастапе го пишувал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom