Не ми се јасни некои работи ...

  • Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување
M

marsovka

Гостин
Темава се однесува на повеќето главни религии
Воглавно религиите се базираат на неколку концепти :
- Бог, алах you name it: е семоќен, севидлив, семудар, полн со разбирање и љубов кон нашиот човечки род, не љуби многу, ние сме неговите чеда итн.
- сите заповеди на бога се дадени во некои свети книги со вариации
- бог ни дал слободна војла а според нашите постапки ќе ни се суди на судниот ден, после нашата смрт зависи за што збориме

Е сеа тоа што не ми е јасно е ова : Бог не создал, он знае како функционираме In and out. Ни дал слободна волја, а потоа и светите книги и прописи според кои треба да се водиме .
Нејаснотија број 1: Бог не сака а ни дал книга полна со недоречености, метафори кои можат да се толкуваат на разни можни начини, истите тие пропусти и недоречености беа и се причини за смрт на илјадници луѓе, војни, стигматизација и дискриминација. Ако бог не сака зошто им дал оружје на илјадници мачители, палители кажи ги како сакаш да убиваат невини по светов во негово име, ако бог е семудар зарем не би предвидел дека ова ќе се случи и следствено би ги направил упатствата поконцизни и попрецизни се со цел да се намалат шансите за некој да ги злоупотреби?

Нејаснотија број 2: Бог ни дал слободна волја ни дал упатства како да се однесуваме, и го создал пеколот и рајот како мерка која ако бидеш лош идеш у пекол ако бидеш добар идеш у рај, тогаш зошто илјадници луѓе се лишени или биле од правото да избираат каков живот сакаат да живеат а притоа не повредуваат ниедно од човековите права на другите под изговор дека прекршуваат некои религиозни начела ( блуд дрн дрн јариња)? God why the fuck did you give us freedom and the fuck us?

Некој ќе ми го објасни ова ?
 

krstenik

first things first
Член од
24 август 2009
Мислења
525
Поени од реакции
21
Ова е необјасливо.

Верниците ќе ти речат: Не треба да се сомневаш во бог.
Атеистите ќе ти речат: Бог не постои, затоа. Што е според мене точно.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.499
Па знаеш, сите се вадат со Ѓаволот, тој не тера и не искушува...Но кога ќе се постави прашањето како тоа Бог кој го создал универзумот, се видливо и невидливо, дозволил неговиот пријател или непријател да го измачува човечкиот род, па дури и садистички да ужива во пеколот, во измачувањето на грешните фор евр енд евр...хм, никој не се осмелува ни да го разгледа тоа прашање.:nesum:
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Ова е необјасливо.

Верниците ќе ти речат: Не треба да се сомневаш во бог.
Атеистите ќе ти речат: Бог не постои, затоа. Што е според мене точно.
“не се сомневај во бог и неговите одлучи. Прифати ја оваа вера и слепо води се, само верувај и господ ќе ти помогне и ќе те однесе во рајот.
xDxD
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.499
Бог можеби дал некаква книга, но кој како ја разбрал- неразбрал така си ја протумачил, па понатаму си додавал и одземал согласно неговите фрустрации и волја за контрола.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Темава се однесува на повеќето главни религии
Воглавно религиите се базираат на неколку концепти :
- Бог, алах you name it: е семоќен, севидлив, семудар, полн со разбирање и љубов кон нашиот човечки род, не љуби многу, ние сме неговите чеда итн.
- сите заповеди на бога се дадени во некои свети книги со вариации
- бог ни дал слободна војла а според нашите постапки ќе ни се суди на судниот ден, после нашата смрт зависи за што збориме

Е сеа тоа што не ми е јасно е ова : Бог не создал, он знае како функционираме In and out. Ни дал слободна волја, а потоа и светите книги и прописи според кои треба да се водиме .
Нејаснотија број 1: Бог не сака а ни дал книга полна со недоречености, метафори кои можат да се толкуваат на разни можни начини, истите тие пропусти и недоречености беа и се причини за смрт на илјадници луѓе, војни, стигматизација и дискриминација. Ако бог не сака зошто им дал оружје на илјадници мачители, палители кажи ги како сакаш да убиваат невини по светов во негово име, ако бог е семудар зарем не би предвидел дека ова ќе се случи и следствено би ги направил упатствата поконцизни и попрецизни се со цел да се намалат шансите за некој да ги злоупотреби?

Нејаснотија број 2: Бог ни дал слободна волја ни дал упатства како да се однесуваме, и го создал пеколот и рајот како мерка која ако бидеш лош идеш у пекол ако бидеш добар идеш у рај, тогаш зошто илјадници луѓе се лишени или биле од правото да избираат каков живот сакаат да живеат а притоа не повредуваат ниедно од човековите права на другите под изговор дека прекршуваат некои религиозни начела ( блуд дрн дрн јариња)? God why the fuck did you give us freedom and the fuck us?

Некој ќе ми го објасни ова ?
Тешко дека некој ќе ти го објасни ова. Секако дека ќе се обидат на разно разни, според нив бескрајно убедливи начини, зборови и фрази, кои не смеат да подлежат на никаков сомнеж, ќе ти го кажат она што милион пати досега си го слушнала и го имаш пречкртано како вкрај неубедлив муабет, ама ти во некоја рака и го претчувствуваш ова, нели :smir: ...?
 
M

marsovka

Гостин
Бог можеби дал некаква книга, но кој како ја разбрал- неразбрал така си ја протумачил, па понатаму си додавал и одземал согласно неговите фрустрации и волја за контрола.
види ако не прочита погоре тоа ми беше дел од поентата. Бог е семудар а сепак бог дал книга која е полна со контрадикции, метафори и пропусти и дозволил такви пропусти сеа има неколку насоки, правата ние на бог сме му некакви ми ти експериментални заморчиња а он си гледа некое ми ти реалити шоу, или пак бог е глуп , или пак книгите се напишани од луѓе со висок IQ кои виделе дека зборчето copyright by GOD e успешна рецепта за давање покритие на нивните дела и недела пропратено со збирање на даноци ,војни, убивање на нивни противници во вид на јавни спектакли под изговор дека прекршиле некое правило, давање на жртви и богатење на свештени лица а.к.а истите типци кои ја смислиле.

Нешто тука смрди а не знам што.
 
M

marsovka

Гостин
Тешко дека некој ќе ти го објасни ова. Секако дека ќе се обидат на разно разни, според нив бескрајно убедливи зборови и фрази, кои не смеат да подлежат на никаков сомнеж, ќе ти го кажат она што милион пати досега си го слушнала и го имаш пречкртано како вкрај неубедлив муабет, ама ти во некоја рака и го претчувствуваш ова, нели :smir: ...?
Види јас верувам во Бог никој не може да ме разубеди дека нештото наречено бог не постои, сите го осеќаме на овој или оној начин дека постои може да ми дое кој сака и да ме убедува ама пак нема да ме разубеди, има принципи и правила кои делумно ни се познати преку спознание и искуство, некоја метафизичка книга како бог работи ама едно е сигурно овакви книги се во најмала мера се навреда за интелегенцијата на тоа нешто што ние го нарекуваме бог.

И да знам дека ќе добиам смешни одговори само сакам малце да им вметнам свесност на луѓето да почнат да испрашуваат некои работи :)

<<Едитирано>>
 

PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
Бог кога ги создал првите луѓе на светот ги создал за да уживаат во рајот а не да се измачуваат како што пишувате, меѓутоа кога дозволиле ѓаволот да ги излаже ги избркал од рајот и ги спуштил на земјата за прво да заслужат па после да уживаат...Нели гледате дека ни дал опција да бираме како ке се однесуваме, Бог не е крив што некои ги користат неговите книги за злосторства или оправдувања за постигнување одредени цели... А сега како да знам дека ќе прашаш зошто го создал ѓаволот ама и тоа ќе ти објаснам ако сакаш... Мислам дека не сте доволно информирани читајте Куран имате одговор на сите прашања... Ама не секој може да го разбере не се сите со отворени срца...xD^^
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.499
види ако не прочита погоре тоа ми беше дел од поентата. Бог е семудар а сепак бог дал книга која е полна со контрадикции, метафори и пропусти и дозволил такви пропусти сеа има неколку насоки, правата ние на бог сме му некакви ми ти експериментални заморчиња а он си гледа некое ми ти реалити шоу, или пак бог е глуп , или пак книгите се напишани од луѓе со висок IQ кои виделе дека зборчето copyright by GOD e успешна рецепта за давање покритие на нивните дела и недела пропратено со збирање на даноци ,војни, убивање на нивни противници во вид на јавни спектакли под изговор дека прекршиле некое правило, давање на жртви и богатење на свештени лица а.к.а истите типци кои ја смислиле.

Нешто тука смрди а не знам што.
Види сега, јас лично верувам дека можно е некои книги да биле диктирани од страна на некои божества - верувам, но проблемот настанува кога тие некои книги ќе паднат во погрешни раце и кога ќе бидат преведени - недопреведени или погрешно преведени или намерно погрешно преведени-злоупотребени.

Замисли дека ти ја одбираш најинтелигентната и духовно издигната мрава и и диктираш некаков закон, книга некаква. Прво ќе мораш книгата да ја прилагодиш согласно нивните сфаќања така да ќе бидеш принудена да се изразуваш симболично некако.
Таа книга ќе треба да биде чувана во тајност и нејзиното длабоко значење да биде предавано на избрани, кои ќе бидат подучувани и припремани за да ја примат големата тајни, големата вистина.
Е сега замисли таа книга да падне во рацете на останатите мрави, посебно кај оние себичните, лошите мравчиња каква катастрофа ќе приоизлезе.
Одеднаш ти Марсофке ќе бидеш лошиот Бог во очите на оние кои ја читале книгата преработена и злоупотребена од лошите мравчиња.

Мислам дека ја долови поентата...
:smir:
 

MiloBilderce

Bukake anyone ?
Член од
7 ноември 2009
Мислења
1.238
Поени од реакции
70
Мое лично мислање е дека нема поента за дискусија овде .. никој нема да одговори , ниту пак постои одговор .. единствен начин да се одговори е да с епојави дедото од горе , или да докажеме дека не постои .. мада и двете опции се со 0,000000001% шанси да бидат остварени ..
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Според христијанството, Господ им ја дал слободата на луѓето за да ја прифатат верата од љубов, а не заради принуда, уцена или мистичност. Сте приметиле колку Исус зборува за љубовта?
Само луѓето не функционираат така, па затоа наместо љубовта како водилка до верата бараат и сакаат нешто поконкретно. Па црквата почнала буквално да ги води ко овци кажувајќи им што да прави/што не,што е добро/што не. И наместо да се потенцира убавото се потенцира лошото и така денес стравот ја држи верата, а првото на што ни текнува е пеколот, а не рајот.
Но побитно прашање е дали воопшто луѓето можат да се насочуваат на друг начин освен со заплашување, за било што? Дали тие воопшто ја сакаат слободата, знаат ли што да прават со неа?
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
А како ќе објасни некој ова. Мене неколку години по ред не ми иде да си објаснам. Нели ние според религијата сме настанати од Адам и Ева. Е сега тие имале деца машки. Абел и Каин. Како потоа продолжила еволуцијата? Абел/Каин си напраил брат/сестра? Некако ми нема логика.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.499
А како ќе објасни некој ова. Мене неколку години по ред не ми иде да си објаснам. Нели ние според религијата сме настанати од Адам и Ева. Е сега тие имале деца машки. Абел и Каин. Како потоа продолжила еволуцијата? Абел/Каин си напраил брат/сестра? Некако ми нема логика.
Тоа е премногу симболична приказна која не би требало да се сфати буквално, погледни го документарецов:

http://www.youtube.com/watch?v=sRzvyRUSNZk
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Религиите, кои се обраќаат кон големи маси народ најчесто можат да даваат само крајно воопштени одговори за конкретни прашања, што од незнаење, што од неумешност. Помалите верски заедници пак, често се компромитирани. Не дека првонаведениве не се, туку вториве многу лесно можат да бидат само и само преџвакан производ на духовно недоносени и неизживеани битија. Одговорите, ако ги има, длабоко сум убеден дека можат да се добијат само преку некакво лично (претпоставувам мистично) искуство, што не мора да значи целосно отфрлање на религијата како социјален феномен.
А мене не ми е јасно како монотеистичките религии се справуваат со потеклото на злото. Тоа за нив е големиот проблем. За монотеистичките вери, во кои Господ е претставен како некој со неограничени моќ, добрина и интелект, кој на некој, во овој случај сосем необјаснив и нелогичен начин, го позволил злото. Тоа морало да настане само како резултат на неговата добра волја и божествена промисла. Или се работи за пропуст, за грешка во чекори, за несовршеност?
И тука се врти старата приказна за тоа дека бог го создал архангелот, кој бил добар па станал лош, и ете како настанало злото... А поентата на муабетот е - зошто Семоќниот, кој знаел однапред дека нешто лошо ќе се случи, не интервенирал при својата креација: паметни, совршени верзии на Адам и Ева (како одговор за приказната за падот), архангел кој е лишен од било каква потреба за самовеличење и власт итн.? Зошто оставил простор за потфрлање? Зошто би имал потреба да ги создава. Ваквиот, омнипотентен Бог си е доволен сам за себе
Дуалистичките, хенотеистичките и политеистичките концепции ја немаат оваа мака. Таму се е објаснето низ судирот на две или повеќе натприродни фактори. Жртва на таа борба е човекот, чија крајна судбина ќе се реши на крајот од претставата.
Мислам дека идејата за конечна битка, односно настаните кои се наведуваат во Откровението (верувам дека верзиите во јудаизмот и исламот се слични за Судниот ден, со повеќе или помалку разлики) повеќе пресликуваат еден дуалистички судир.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom