Цигарите - легална дрога и отров!

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување
И бизнис. А пропаганда, џабе пишуваат дека пушењето е штетно по здравјето, предизвикува рак, убива... кога тоа е напишано со мали букви од страна и не делува. Кај странскиве е на предна страна со големи букви но џабе и тоа кога со најубави и најатрактивни букви е напишан брендот на цигарата. Кога би било обратно, би делувало сугестивно, не кај сите, но на добар дел да...
ОК, ние пушачите го полниме буџетот на државата, поради нас работници од тутунската индустрија вадат за леб... го знаат ли тоа овие другиве? :)
 
И бизнис. А пропаганда, џабе пишуваат дека пушењето е штетно по здравјето, предизвикува рак, убива... кога тоа е напишано со мали букви од страна и не делува. Кај странскиве е на предна страна со големи букви но џабе и тоа кога со најубави и најатрактивни букви е напишан брендот на цигарата. Кога би било обратно, би делувало сугестивно, не кај сите, но на добар дел да...

Не е џабе. Имај ги ти фактите во потсвеста секогаш ко ќе запалиш цигара, размислувај си што "придобивка" ставаш во организмот и колку е "супер" што се дрогираш со тутун (за твои пари и за твое здравје).

Цигарите т.е. тутунот како да е проклетство од Индијанците.

Тутунот е нивното проклетство заради проклетството на белиот човек кон нив - алкохолот. Индијанците немаат одбрана од алкохол, до денес меѓу нив владее страшен алкохолизам .

Од отровот наречен "цигари" треба да се откаже секој човек! Тоа е можно со помал или поголем напор и сакам да ве окуражам сите пушачи воопшто да не се мислите и веднаш да се скинете од тоа ѓубре.

Некој спомна стерилитет: цигарите, како и алкохолот, се еден од факторите за стерилитет. Остај што се штетни по здравјето, остај што пречат на ерекција и н либидо, ама кој сака да е интимен со некој(а) засмрден(а) од цигари?
 
Прво:Индијанците пушеле суров тутун,кој бил далеку понештетен од сегашните цигари,и немал состојки кои предизвикуваат зависност.
Второ:И да е напишано со големи букви дека пушењето е штетно по здравјето,ако некој решил да пуши,ќе пуши.
Трето:Пушачите не му штетат на никој,за разлика од алкохоличарите.Сега ќе го спомнете пасивното пушење,ама сетете се дека пушењето е забрането во затворени простории,и со тоа се искоренува таа можност.Исто,не верувам дека родителите-пушачи би го загрозиле своето дете со задимување на собата.Секој совесен родител би излегол надвор,бидејќи треба да е свесен за штетата што може да му ја причини на своето родено дете.
Четврто:Секој има право да пуши,ако тоа му причинува задоволство.
И најсилниот аргумент на секој пушач:Еднаш се живее бе:):)
 
И најсилниот аргумент на секој пушач:Еднаш се живее бе:):)

Ако тоа е најсилниот аргумент......

Штом еднаш се живее, земи да голташ отров за стаорци, многу е вкусен, ама предизвикува грчеви...
 
Ако тоа е најсилниот аргумент......

Штом еднаш се живее, земи да голташ отров за стаорци, многу е вкусен, ама предизвикува грчеви...
Добро бе,шала беше,нели глеаш...
 
Штетни се, отров се, ама уште пушам цигари. Порано повеќе, сега ги намалувам ( 1 кутија неделно-мачно беше на почетокот, ама сега е доволно). Се надевам дека некој ден и целосно ќе ги откажам.
 
Не пушам иако речиси сите мои поблиски другари пушат. Ми имаат нудено цигари ама ниту една цигара не сум запалил. Ни еден дим не сум земал. Сум ги слушал како ми велат “е ајде бе пеер за мене еден“ или “не си фер“ или што ти знам друго, ама ни на крај памет не ми паѓа да запалам. Не дека имам нешто против пушачите и пушењето, секој си има право да си прави што сака, тој/таа си го живее животот. Едноставно не сакам да пушам.
Абе луѓе второ место сме во Европа по пушење цигари по човек. Алал да ни е. Не знам дали и колку го забележавте тоа на вестите : еден стар човек си зборува за пушењето, колку било штетно ова-она, а зад него иде еден тип истрижан гола глава, се опулува лево-десно и во камерата и вади и пали цигара. Се згазив од смеење :pos2:
 
Па престани да пушиш, зa џабе ли ти е никот Pametnata?!:smir:

Штетни се, отров се, ама уште пушам цигари. Порано повеќе, сега ги намалувам ( 1 кутија неделно-мачно беше на почетокот, ама сега е доволно). Се надевам дека некој ден и целосно ќе ги откажам.

И јас се надевам! Но не знам зошто мора да остане на надевање????

Ако се штетни и ако се отров, нема зошто да не го отркачиш тоа ѓубре!!!! Како што поминува времето, зависноста ти се зацрвстува - и тоа за твои пари и за твое здравје и убавина.

Пробај уште денес помалку да пушиш, па утре помалку и така додека не ги откачиш.

Тука сме за подршка и било какви совети! :helou:
 
Па престани да пушиш, зa џабе ли ти е никот Pametnata?!:smir:

jebiga rekov de sea so da praam nekako ne mozam da prestanam bas sea zapaliv nova...jebiga use ednas nego da ti kazam sekoj pusac si znae deka nema niso poslatko od cigarce posle jadenje:toe:
 
Ма нема врска, има барем 1000 работи кои се ,,послатки“ од тоа да примаш отров после јадење и да се заблудуваш дека ти е фино!Ти очигледно не си одлучила, инаку ако одлучиш свесно, нема шанса да не го фрлиш тоа ѓубре. Арно ама, ако терај понатаму, убризгувај никотин во себе и мисли си колку ти е ,,убаво“.
 
Абе деца, се е опасно денес, не можеш ништо да не правиш. Не се сексај, не пиј, не јади, не пуши... ај не живеј. :pos:
 
Абе деца, се е опасно денес, не можеш ништо да не правиш. Не се сексај, не пиј, не јади, не пуши... ај не живеј. :pos:

Точно! :)

1) Секс - СИДА и ред други преносливи болести, па дури и ако сте користеле кондом предизвикувало рак на матката...

2) Цигари - немојте рак на грлото или белите дробови

3) Јадење - оксиданси, џанк фуд штетело

4) Дишењето - многу загаден воздухот

5) Водата - загадена, прехлорирана

6) Не возете/летајте/пловите - ќе загинете и ја загадувате средината

И што треба да правиме?

Што се однесува до пушењето, не сум зависник, ама палам по 10-тина цигари дневно, некогаш и пакета. Со години тоа го правам, никогаш зависност не ми предизвикале. Се случува и по недела дена да не запалам ниту една цигара, а претходната недела сум наредил 5-6 пакети :)
 
Супер, за тебе нема да биде проблем да ги оставиш цигарите.:):):)

Зошто кој тој нормален свесно се труе?

Телото треба да го почитваш како да е свет храм, твој храм. Сходно, не смее да има свесно труење и свесно заразување како со никотин - тоа е работа што може и треба да се спречи!

Покрај тоа, не се вадете за никотинското труење со тоа што го релативизирате. Секој треба да јади здрава и природна храна, да ја причистува водата ако е загадена или прехлорирана, да спие 7-8 саати на ден за да го одмори телото, да вози безбедно, итн. Не знам што не е јасно, сево ова треба да е по здрав разум, а посебно за труење со никотинот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom