Arbeloa (25.11.10 - press): Голема сатисфакција е да победиме во понеделник. Знаеме што значи тој натпревар и сакаме да ги израдуваме нашите фанови. Во добар момент сме, веруваме во себе, работиме добро. Двете екипи сме во добар момент, ќе има спектакл, ние мораме да го играме нашиот фудбал и да ги добиеме трите бода.
Barcelona има силна екипа, големи играчи и јас ги сакам сите нив на терен и верувам дека можеме да ја победиме најдобрата Barcelona.
Играме 11 против 11, што значи ќе има 22ца клучни играчи. Не се знае кој ќе биде тој кој ќе го одлучи натпреварот, Messi или Cristiano. Дај Боже да е Cristiano, за мое добро и за доброто на Real Madrid. И двајцата имаат свое оружје и различен стил, се работи за вкусови, јас сум за мојата екипа.
Ќе го подготвуваме натпреварот до понеделник, но нема никаков план. Јас сум за тоа да излеземе силни, тренерот одлучува кој ќе игра, он командува. Но кој и да игра ја има поддршката од останатите.
Сакаме навивачите на стадион да го следат натпреварот, ќе биде тоа голем натпревар и треба да внимаваат само на него, на ништо друго, се останато е во втор план.
Немам поим за полемиката со црвените картони од ЛШ.