De la Red (04.11.10 - press): Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката која ми ја даваа цело ова време. Се борев без резултат, но докторите ми препорачуваат да застанам овде. Секогаш сонував да будам фудбалер и да успеам овде, во најголемиот клуб на светот. Екипата која ме гледаше како растам од најрана возраст и екипата во која објавувам дека се повлекувам од фудбалот како играч. Сега ќе се занимавам со него како тренер. Имам проблем со срцето, но моето срце секогаш чука за Real Madrid.
Сакам да почнам нова етапа, и клубот ми нуди голема шанса. Ќе можам да продолжам од блиску да работам овде, во мојот дом. Ќе се обидам да научам кои се функциите на тренерот и ќе дадам се од себе за да успеам во тоа. Имам желба, воља и илузија и голема благодарност до клубот за оваа шанса. Долго време го пратам фудбалот од друга перспектива и подготвен сум за оваа нова етапа. Real Madrid сега е една од најсилните екипи во Европа.
Мојата мета е да водам голем клуб, како Real Madrid, да се чувствувам задоволен од самиот себе. Сакам да се внесам во оваа работа и еден ден да бидам дел од елитата.
Mourinho од првиот ден бев свесен за мојата ситуација. Ми рече јасно дека ако можам да играм ќе смета на мене и ако не дека со задоволство ќе ме прими како дел од неговата работна група.
Поминав низ многу убави моменти. Со juvenil A, со Quique Sánchez на клупа испеав да станам играч. Се сеќавам на успесите со Castilla и онаа година во Getafe кога имавме одлична сезона. Таа година особено ја паметам затоа што бев повикан да играм со репрезентација и бев дел од ЕП. Потоа се вратив во клубот на мојот живот.
Колку фанови има Реал Мадрид во МК