Иначе не се жалите за судијата, на сите натпревари на кои ни судел сме забележувале победи.
Прво полувреме го гледав цело, второ го гледав чат-пат по нешто, но најбитните моменти ги видов, па еве коментар.
Бизарно звучи што победата ни ја донесоа двајцата тактички најнеодговорни играчи на теренот, што би можело да се протолкува дека сепак целта ги оправдува средстава. И двајцата се однесуваа многу лежерно денеска, солираа, но ете имаа среќа па им се исплати тоа. Жал ми е поради примениот гол, Касиљас и статистиките, но ете, мораше да се случи и тоа некогаш.
Измените на Мурињо после голот. Очигледно беше дека до победата не се стигна со посед на топка, очигледна беше намерата на Мурињо дека сака со Лас да го задржи водството. Целта беше пресинг на двајцата играчи од средниот ред на Сосиедад, и се виде ефектот - голем број на топки упатени кон крилата беа пресечени од Рамос и Марсело.
Прочитав дека Рамос бил лош, според мене беше еден од најдобрите. Имаше премногу работа во одбрана, пресече многу напади, ги правеше оние паметни фаули на средината од теренот, доби и жолт, но нема врска. За мене комплетната одбрана и Икер супер (освен за голот за кој мислам дека тоа требаше да биде топка на Икер), Кедира и Чаби лошо, многу малку пресечени топки, и многу малку транспортирани топки кон нападот. Од овие тројцава напред, ниеден не одигра како што треба. Озил не се виде, Ди Мариа не покажа ништо до голот, Роналдо цел натпревар се обидуваше нешто, воглавно ги губеше топките, а тогаш, како што веќе сме навикнати, рацете на колковите, кисела фаца, итн. Веќе тоа ебено многу ми иде на живци, но каков е таков е. Игуаин имаше една шанса во цел натпревар, а Бензема имаше една шанса за многу краток период. Не викам дека со Бензема би биле поефикасни, но сепак, жал ми е што доби толку малку време. Игуаин одигра релативно слабо, едино добро е што се извлекуваше на средината од теренот, бараше топка, но мора многу подобро..
Се на се, има простор за исправки, но најважно е што од ова гостување си заминуваме со три бода...