Со Ајакс Вторник или Среда играме ?
Среда.
Perez (12.09.10 – Генерално Собрание 2010):
Наш голем сон е 10-та титула во ЛШ, таму се вперени сите наши погледи. И нема да се откажеме додека не го постигнете тоа.
Mourinho или Pellegrini, за се може да се дискутира. Сите кои работеле овде ја имаат нашата поддршка. Саксвме да го промениме тренерот затоа што имавме можност да го донесеме најдобриот. Мислиме дека со овие млади играчи потребен ни е човек-лидер и ја имавме можноста, која мината сезона ја немавме.
Sneijder и Roben секогаш ќе ја имаат нашата поддршка. Минатата сезона решивме дека треба да го замениме Robben за Cristiano, не можеа двајцата да останат, и решивме да дојде Kaká наместо Sneijder. Со претходниве Liverpool ни даде 4 гола, а од Barcelona примивме 6. А вториве не знам дали се најдобрите или најлошите, но во споредба со некои трети беа најдобри во светот.
Не е моја опсесија да носам играчи, тоа е моделот кој дава приходи кои ни овозможуваат да бидеме лидери и сопственици на нашиот клуб. Не е важно дали е тоа стил Mourinho или некој друг, важно е да се победува, да се приредува спектакл.
Guti и Raúl го направија она што го сакаа. Сами ги донесоа одлуките и си отидоа на голема врата.
Real Madrid тежнее кон тоа да биде екипа и институција лидер во светот на фудбалот. Живееме со константен предизвик, тоа е најможниот импулс. Веќе 13 месеци сме на чело на Real Madrid. За тоа време почнавме процес на регерација и стабилност. Му служиме на Real Madrid за да го зголеми својот престиж. Пред една година покажавме смиреност после една темна етапа низ која помина клубот.
Сега мораме да гледаме напред, но да не заборавиме на минатото. Имаме комисија која работи на тоа да се спречат несоодветни и неодговорни настани, кои не соодветствуваат на историјата на клубот. Ги познаваме нашите фанови, на почетокот на оваа сезона илузијата е поголема од било кога. Надежта и работата мора да го одржат историскиот идентитет на клубот. Ние се залагаме за повторно да бидеме најдобар клуб на векот. Се уште сме најтрофејниот клуб, но сакаме да бидеме уште подобри.
Сакаме екипа – шампион и формиравме солидна база за да освоиме титули што поскоро. Во првата година направивме економски напор од 250 милиони во нови играчи и вративме 100 милиони. Донесовме двајца играчи со Златна топка и го зголемивме бројот на Шпанци во екипата. Pellegrini достоинствено си ја изврши својата работа, 96-те бода се рекорд, сите претходни првенства се освојуваа со многу помалку бодови. Но во клубот сфативме дека мораме да направиме промена, дека некој мора да си оди и дека мораме да ја подмладиме екипата.
Сега имаме тренер кој е роден победник, чија опсесија е работата и кој користи современи методи на работа. Mourinho има многу работа и знае дека титулите се многу важни. Los madiridistas можам да бидат смирени. Имаме млада екипа, но и треба поддршката од фановите. Оваа екипа ќе знае како да одговори на барањата.
Сметаме на играчи кои во наредните години ќе го најдат своето место во светот на фудбалот. Од нашата младинска школа излегоа многу играчи. Денес 41 од нив играат во Прва Шпанска Лига, а 16 во останатите европски првенства, а во Втора Шпанска Лига денес играат 42 наши играчи. На младите им е потребно време, а нивното искуство е во корист на клубот.
Ќе направиме една ревизија на Bernabéu. Новата реформа мора да го претвори стадионот во икона на спортската архитектура. Работиме на систем за покривање на стадионот. Не е лесно и потребна ни е соработка со градската власт. Сакаме современост, сигурност и комфорност. Нашата економска сила ќе ја насочиме кон тој аспект. Мораме да бидеме лидери во се.
Ќе направиме неколку измени на Bernabéu, ќе го зголемиме сигурносниот систем со повеќе камери, повеќе ќе обрнеме внимание на трибините. Сакам да истакнам дека Bernabéu е единствен симбол и потребна му е естетска надворешна и внатрешна реформа за да се адаптира на потребите.
Исто така ќе вложиме и во архитектонска модернизација на музејот кои фановите имаат можност да го посетат при Tour por Bernabéu.
Работиме и на Забавниот парк Real Madrid, кој ќе ги обедини забавата и културата на клубот, во кој ќе се рефлектираат 108-те години историја.
Имаме 2091 официјални фан клубови и уште 71 кои се во процес на формирање и наскоро ќе ни се придружат. Различни претставници на лубот учествуваа во повеќе од 600 настани кои ги организираа овие фан клубови. Ќе ја зголемиме таа релација со фановите кои се основниот елемент на клубот.
Фудбалот е повеќе од игра и спектакл. Може да биде и алатка преку која ќе се пренесуваат вредностите и ќе се соборуваат неправдите. Се залагаме и со социјалната сфера преку Фондацијата Real Madrid. Солидарни сме. Ќе ја искористиме димензијата на клубот за да им помогнеме на оние на кои им е најпотребна помош. Фондацијата сака да го зголеми своето интернационално присуство со повеќе спортски училишта, а веќе ги има во повеќе од 14 држави. Сакаме да ја завршиме оваа сезона со повеќе од 100 училишта.
Денес имаме и нова мултимедијална платформа со која ги покриваме потребите на фановите низ целиот свет. Најновите официјални информации за клубот денес може да се најдат и на јапонски и на арапски јазик.