Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не мора да значи ништо ова.
Од наредна утакмица ќе видите како ќе играат,Мур има матер да им ебе!
 
Aбе у пм....:nerv: :nerv: со ваква игра ЛШ и Ла Лига само на сон.

Брат како можеш да заклучиш после 1 утакмица дека нема да освоиме Ла Лига, а уште поише како можеш да заклучиш дека нема да освоиме ЛШ? Да играта ни беше мизерна признавам, али чекајте бе брат 1во коло е, Мајорка не е слаб противник има уште 37 кола. Самиот Мурињо кажа дека немал доволно време за припреми, дека пола од играчите не се ни знаеле уште.

Мамицата да им е*ам на сите по ред....ебате и Роналдо,Мурињо,Игуаин,Бензема...ма сите до еден бе...дрва ебате -.- Барса стартува со победа ние со Х и после надевај се на титула....

Ете, се додека патиме од тој комплекс Барса што направила ке губиме секоја година. Ко 1во мора да се ослободиме од тој притисок, психички губиме. Е Барса победија и сеа мора и ние да победиме и на крај ке се посереме. Остајте ги Барса, дали победиле, нерешено изиграле или изгубиле тоа си е нивно, наше е да победуваме секоја утакмица и ВЕКЕ ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ да се ослободиме од тој притисок.

Star bil, k***t moj.
Barem znae kako se davaat golovi.

raul-wallpaper-10-400x400.jpg

Истава работа ко со Снаидер и Робен. Ке изгубиме и почнуваме да ги бараме играчите што сме ги продале, демек ако беше Раул 10 гола ке дадеше.


Искрено нејкев да коментирам пред утакмицава зашто знаев дека нема да победиме, но верувам во Мурињо и верувам во играчите што ги имаме. Не се надевам ТУКУ ЗНАМ дека од следно коло веке ке почнеме да победуваме. Сите изиграа слабо, немаше никаква поврзана ни течна игра. Се играше на памет и незнаеа што прават. Али тоа е тоа..
 
Не знам зошто секоја критика упатена кон играч ја нарекувате плукање. Па што треба да кажуваме после вечерашново очајно издание, браво мајсторе, ѕвер си ? Јас го критикувам за вечерашниов натпревар, мене ич кур не ме боли тоа што на наредниот натпревар против Осасуна ќе постигне хет-трик, или тоа што минатата сезона постигна 20+ гола.

Сега требаше да не извади, кога беше најтешко, и кога победата беше повеќе од потребна. Исто и за Роналдо, и за Чаби, и за Каналес и за Ди Мариа. Им ебам тоа уфилманите створења, кои мислат дека се големи ѕвезди. Арно си кажа Мур, моментално ѕвезди се фудбалерите на Интер, фудбалерите на Реал се само обични играчи. И во право е за тоа.

Од шо да не извади? Зошто победата беше повеќе од потребна? Заради тоа шо Барселона тепа и сега има 2+ бода во прво коло? И Валенсија тепа и други тепаа.. прво коло е бе друже, полека.
 
Брат како можеш да заклучиш после 1 утакмица дека нема да освоиме Ла Лига, а уште поише како можеш да заклучиш дека нема да освоиме ЛШ? Да играта ни беше мизерна признавам, али чекајте бе брат 1во коло е, Мајорка не е слаб противник има уште 37 кола. Самиот Мурињо кажа дека немал доволно време за припреми, дека пола од играчите не се ни знаеле уште.


Истава работа ко со Снаидер и Робен. Ке изгубиме и почнуваме да ги бараме играчите што сме ги продале, демек ако беше Раул 10 гола ке дадеше.
Убаво кажа, со ВАКВА игра неможеме ништо да постигнеме, а тоа незначи дека играта ке биде ваква цела сезона.

Иначе кога сме кај барање на луѓе од минатото, јас си останувам на моето...:vozbud:
Real+Madrid+v+Real+Zaragoza+La+Liga+cozm4RBvTcml.jpg
 
Читам читам и на повеќето игуаин им е крив сега а кога дечкото ќе биде втор стрелец во ла лига сите го сакаат,некој дури го бараат пелегрини,ама вчера грешката беше кај мурињо како прво каналес не требаше да игра прва туку озил(сепак каналес има 19 години и друго е да играш во Реал едноставно дечкото се изгуби),а рамос да играше офанзивен бек а не стопер затоа што овој арбелоа везе си нема од давање топка.Единствени кои синоќа играа фудбал беа роналдо кои напраи неколку пасови и неколку шанси,марсело човекот кога игра бек е најдобар и карваљо кој беше одличен во одбрана и озил кој ја смени играта за 360 степени ама касно беше и незнам зашто педро леон не доби шанса,разочаран сум по малку од игуаин кој како и секогаш во негов стил неколку пати одгира многу себично па и до ди марија само еден добар пас видов од него другото беше само паѓање..
разочаран сум очекувам мурињо да ги оправда нашите очекувања со Осасуна затоа што со ваква игра незнам што ќе правиме СРАМОТА:kesa:


 
Не е разочарувачки резултатот туку фактот дека Мајорка без никаква игра стигна до тој резултат.Тоа покажува нашите колку беа очајни.Против Осасувана очекувам реализицијата да се поправи и да тепаме 1-0:)

Пс. Игуаин дрво,камен,лист,магаре....се до наредната утакмица :)
 
Од шо да не извади? Зошто победата беше повеќе од потребна? Заради тоа шо Барселона тепа и сега има 2+ бода во прво коло? И Валенсија тепа и други тепаа.. прво коло е бе друже, полека.

И лани со Севиља викавме 5то коло е, па ако победевме тогаш ќе ја освоевме титулата. И така си мислите дека не беше победата повеќе од потребна, но баш во овие први кола мора да победуваме, затоа што играчите сеуште не се познаваат меѓу себе, нов тренер, нов концепт на игра. А да не победевме ради тоа што немавме шанси ај, ама сега кога имавме многу шанси за прв натпревар, штета е што не победивме само поради многу лошата игра на Роналдо и Игуаин, кој да не пробуваа да го дриблаа голманот сега немаше да го правиме овој муабет.

Ја реков, во вакви натпревари се губи титула, немаме веќе право на гостински кикс со просечни екипи ко Билбао или Осасуна, сеа иаме прелесни гостувања со Сосиедад, Леванте, Малага, Херкулес и Хихон, и ако не направат 6/6 на тие гостувања, стварно не ја заслужуваме титулата.
 
Ronaldo повреден:kesa::tapp::nesum:ние сме најголеми баксузи тоа е докажано
 
Истава работа ко со Снаидер и Робен. Ке изгубиме и почнуваме да ги бараме играчите што сме ги продале, демек ако беше Раул 10 гола ке дадеше.
Братче Раул беше мотиватор на сите играчи на теренот неговото присуство и на клупа беше од големо значење, а тоа фалеше на овој меч.
 
Братче Раул беше мотиватор на сите играчи на теренот неговото присуство и на клупа беше од големо значење, а тоа фалеше на овој меч.

Апсолутно се сложувам, и за Гути, друго ќе беше кога од клупата ќе влезеше тој, а друго е кога ќе влегува Каналес, играч без никакво искуство. Голема грешка направивме со Каналес, требаше да си го оставиме на позајмица, или да го продадевме ова лето некаде низ Шпанија, па со бај-бек клаузула да го вратиме. ВДВ според она што се случи синоќа ќе си иде најверојатно, Озил ќе игра прв состав, е сеа кога ќе бркаме резултат и кога нема да му оди на Озил, Каналес ќе треба да ја разигрува играта, а од еден 19 годишен играч без никакво искуство во голем тим тоа не можеме да го очекуваме. Затоа ни фалат искусни играчи и на клупа, како што беше Гути, како што е ВДВ, се надевам дека нема да си замине.

Не мора да значи дека ако синоќа не беше на клупа ќе биде продаден, и минатата сезона во првите 5 натпревари не ни беше повикан, сите му предвидуваа дека нема да заигра ни една минутка во цела сезона, но Пелегрини му даде доверба, и тој одлично си ја искористи, мислам дека и Мурињо треба да го направи истото.
 
Мислам дека подобро е сега да се исфолираат Роналдо Игуаин и Бензема и Мурињо сега да свика и да ги среди како што треба, а не на сред сезона да решава проблеми. Поубаво сега да кикснат и да знаат за понатаму него на крај коа највеке ке биде тоа непотребно.
 
Ке треба време да се адаптираат сите...Мурињо на почетокот немаше добри резултати со Интер се додека не експлодираа претходната година...
 
Премногу катастрофи има овде кои си се нарекуваат фанови.За Игуаин и Роналдо не бо рекол ниеден збор за овој натпревар.Ма нека грешат колку сакаат,не ми пречи тоа.Ми пречи тоа што некој си таму фудбалски стручњак во Франција му кажал дека знае да игра на Бензема и на оној ушљакон како и да го наречам знаете кој е и детулено кој беше договорен пред да дојде Мур.Е сега се замислуваме дека можеме да напрајме ѕвезда од него а уствари требаше да го оставиме на позајмица да се дооформи како играч.А најболно е што мислиме дека е талент и сакаме да го продадеме ВдВ,демек немало место.Ова се работи кои Мур неможе да ги среди за месец дена а вие почнавте со плукање.Се извинувам ако бев малку вулгарен.

има бе брат, има и такви катастрофи што се нарекуваат фанови што и да им го шибне по еднаш игуаин ќе ќутат и ќе викаат то мајсторе 3 години не вадеше со по 20 гола по сезона
 
Убаво кажа, со ВАКВА игра неможеме ништо да постигнеме, а тоа незначи дека играта ке биде ваква цела сезона.

Иначе кога сме кај барање на луѓе од минатото, јас си останувам на моето...:vozbud:
Прегледај го приврзокот 34348

Море овој има голема улога за ваквата игра...

Иначе, има и позитивно у тоа што Роналдо се повреди. Сега сум 100% сигурен дека ќе почнеме да играме тимски, а не да се форсира CR самиот... а и кога ќе се врати ќе се врати во поуигран тим, и тој ќе игра подобро... копиле е Роналдо, ама кога сака знае да игра тимски. Иначе не му бега дисциплинска од Мурињо.

Многу повеќе загрижува повредата на Лассана.. сега сме ептен тенки у одбрана, а и на позицијата до Алонсо... само Кедира (и Гранеро) се таму...
 
Најмногу од се ми е криво што купивме 10000000 играчи за врска а вчера игравме без среден ред:nesvest:никаква креативност,нема лидер да повлече,да даде добра топка како што беше Гути
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom