Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Не е проблемот до играта која ја практикува Мур..туку проблемот е директно во играчите како Игуаин и Бензема...Откако влезе Озил играта доби на свежина и креативност..пасови идеа од секаде а исто така и каналес не беше лош..но работата е тоа што во тимот немате некој како Ван Нистерлој да ја забие...игуаин и бензема кога ги гледав ми изгледаа на некој Кантера момци кои прв пат добиваат шанса...роналдо како роналдо глуматор невиден иако е одличен играч....другите беа на ниво ама ''напаѓачите'' беа:kesa:
 
B

Beck's

Гостин
smeski,kako toa vi e potreben uste 1 napagac,ne gleate kolku novi igraci zedoja i pa uste sakate:tapp: go slusam sea J.Valdano vika deka NOS FALTA KAKA...a 5-6-7 zasiluvanja donesoa ova leto
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Aбе Озил зверче,имаше неколку добри пасови,а кога Ауате му излезе на Игауин наместо да подаде он шутира...:tapp:
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
За кој кур играат Роналдо и Игуаин не знам, три пати испаѓаат сам со голман, три пати промашуваат, после цацко ни е крив.

--- надополнето ---

Да го надополнам горниот пост, четврти пат Игуаин со голман, четврти пат утка. Арно вика Мурињо дека ни е потребен трет напаѓач, ама ја ко што гледам од овој натпревар потребен ни е прв напаѓач а не трет.
smeski,kako toa vi e potreben uste 1 napagac,ne gleate kolku novi igraci zedoja i pa uste sakate:tapp: go slusam sea J.Valdano vika deka NOS FALTA KAKA...a 5-6-7 zasiluvanja donesoa ova leto
Дрогба ми мириса сеа работава дека ке го бара Мур...
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.598
Поени од реакции
5.102
значи ако ги оценуваме за натпреваров само одбраната би добила преодна оцена , средината на чело со Чаби Дрвото неделкано и тој Каналес ми бил после некој талент еден пас незнае да додаде, Озил и Кедира малку свежина донесоа, Роналдо 50-50 а Игуаин не му давам 1 не 0 туку -1 везе нема човеков а плус толку себичен не им додава му е криво да не му земат место у први 11 можеше сам 2 гола минимум да даде и плус уше толку да намести али пустото кога незнае

п.с. овие коментаториве на Алфа поготово тој момировски милам беше, толку пристрасно коментираат се гледа дека го мрзат Реал од дното на душата, толку ме изжифцираа така да ако продужат вака некој ...... само ова за сите душмани на Реал :bip:
п.п.с не се секирајте ќе ги опраи Мурињо , Осеќам
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.403
Поени од реакции
13.719
И тоа е тоа крај на натпреварот. Пофалби вечерва само за одбраната која одигра перфектно во секој дел. Друго, се за стрелање.

Каналес со само еден пас кон напаѓачите цел натпревар, ебати таквиот плејмејкер, уште се чудам како може главен плејмејкер да ни биде играч кој минатата сезона одигра 5 добри натпревари во Расинг, а на клупа седи играч кој едноставно ги реши Англија на СП. Ди Мариа незабележителен, Роналдо влева во филмови, испаѓа сам, наместо да си направи простор надоле, тој оди на дриблинг, потоа наместо да му ја спушти на Игуаин, тој сака со финти да го изненади извонредниот голман на Мајорка. Игуаин нема врска, 3 пати испадна сам со голман, од кој 2 пати му беа чисти ситуации но промаши чисти зицери, исто така и беше себичен неколку пати. Бензема имаше одлична шанса на крајот, но ударот му беше ко на мало бебе. Како сеуште да играат пријателски, без никаков мотив.

Ко за прв натпревар создадовме доволно шанси, фалеше само гол, и лани со Депортиво беше вака, но најважното, тогаш победивме. Премногу сме далеку од силен тим, а со ваква незаинтересираност нема да имаме никаков напредок. Мур е вистинскиот човек за да им го сврти вниманието на играчите, и да гинат на терен, а не да изиграваат ѕвезди, и да живеат на стара слава, ко Игуаин.

Јес да е прв натпревар, и има уште 37 кола, но баш на вакви натпревари се губи титула. Идеме даље, се нервирам само што нареден викенд ќе нема лигашки фудбал, па ќе треба да почекаме подолго време за да видиме што ќе ни спреми Мурињо. Јебига, кој чека ќе дочека. :)
 

Чоста ^

Good looking boy
Член од
23 август 2009
Мислења
1.999
Поени од реакции
48
Абе подобро нерешено одколку пораз:tv:
Шала на страна,не дека глумам лудило,ама очекувава ваква игра.Игуаин очаен,бензема такуѓере.Роналдо се натпреваруваше со Игуаин во натпреварот"Издриблај го голманот'........И двајцата изгубија,победни Ауате:tapp:....Факт е дека кедира и Озил МОРА,знаќи МОРА да играат прв состав.....Со влегувањето на Озил добивме на брзина и креативност,ама напаѓачиве наѓи мн расположени беа денес:pos2:....Не сум разочаран,видов знаци на живот иако е прва утакмица(за разлика од лани ко победивме со игра 0)......А и Мурињо тешко кога победувал на премиерната утакмица:kesa:
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Пофалба само за Карваљо и Рамос, се разбира и Икер. Марсело неколку пати беше размешан од противничко крило. Лас доста неуспешни обиди за пробиви, многу фаули направени, но цврст во дуели. Чаби просечно, Кедира малку од малку внесе живост. Роналдо мисли во циркус се наоѓа, со Игуаин све што можеа, промашија. Бензема па, со тие глупи офсајди веке не е интересен. Ди Марија играше денес така ? - Да се сетив, кога имаше измена го пишуваше горе името негово. Озил внесе живост, подобра од Каналес. Сакаа со се топка во гол да влезат, и голман да поминат и све... и Роналдо и Игуаин, и себични и све. Секој коментар за нив ми е негативен, ај Роналдо нешто од нешто да кажам направи, а Игуаин неколку пати влезе во празно, доби убава топка но реализацијата 0. Ке се подобри ова во следниот натпревар, знам, но овој дуел мораше да биде добиен и се надевам дека на крај на сезона нема да се споменува дуелов со огорченост односно ке ја освоиме титулата... Хала Мадрид.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Искрено, очекував ваков кикс вечерва.

И се докажа тоа што го пишав за недисциплината на играчите, изгледа тоа ќе ни биде голем проблем на почетоков. Роналдо и Игуаин мора да добијат по една казна, ептен себични и самоуверени. Особено ме нервира тоа што Пипита почнува да личи на Роналдо... На нив двајца, плус Алонсо и Бензема, Мур мора да им подвикне.

Реков засилувањатеа ќе сакаат да се докажат, освен Ди Мариа кој и неможеше толку да се покаже заради идиотизмот на Роналдо, и плашливата игра на Канлес, другите тројца, Кедира, Озил и Карваљо (особено последниот) изиграа задоволително.

Сеа ќе почнат насловите како „И со Мурињо ништо“, „Барса ја зема титулата“... али ќе се справи Мурињо со тоа. Сезоната не се решава на првиот натпревар.

И да, фали трет шпиц, фали еден робусен напаѓач.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.035
Поени од реакции
28.672
Star bil, k***t moj.
Barem znae kako se davaat golovi.

 

Чоста ^

Good looking boy
Член од
23 август 2009
Мислења
1.999
Поени од реакции
48
Искрено, очекував ваков кикс вечерва.

И се докажа тоа што го пишав за недисциплината на играчите, изгледа тоа ќе ни биде голем проблем на почетоков. Роналдо и Игуаин мора да добијат по една казна, ептен себични и самоуверени. Особено ме нервира тоа што Пипита почнува да личи на Роналдо... На нив двајца, плус Алонсо и Бензема, Мур мора да им подвикне.

Реков засилувањатеа ќе сакаат да се докажат, освен Ди Мариа кој и неможеше толку да се покаже заради идиотизмот на Роналдо, и плашливата игра на Канлес, другите тројца, Кедира, Озил и Карваљо (особено последниот) изиграа задоволително.

Сеа ќе почнат насловите како „И со Мурињо ништо“, „Барса ја зема титулата“... али ќе се справи Мурињо со тоа. Сезоната не се решава на првиот натпревар.

И да, фали трет шпиц, фали еден робусен напаѓач.
A да ти е алал за ова.....фалит некој шо абер немат со топка.....ама бар ќе шутнит,за разлика од моменталниве напаѓачи....Се мислат плеј-мејкери,пак водат топка,дриблат голмани,и на крај ништо.Добро спомна некој погоре....само ван Нистерлој овдека...само напрва:)
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
5.970
Поени од реакции
3.574
Ајде ајде.. почнавте да плукате по Игуаин.. Наредната кога ќе дај гол ќе пишувате ПИПИТААААААА МАЈСТОРЕЕЕ! Е не бива така ..
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Ајде ајде.. почнавте да плукате по Игуаин.. Наредната кога ќе дај гол ќе пишувате ПИПИТААААААА МАЈСТОРЕЕЕ! Е не бива така ..
само што сакав да пишам истото
и не само за Игуаин
се смени тренер, немаше којзнае какви подготовки, неколку нови, други повредени...
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Ајде ајде.. почнавте да плукате по Игуаин.. Наредната кога ќе дај гол ќе пишувате ПИПИТААААААА МАЈСТОРЕЕЕ! Е не бива така ..
Види, по ова што го прикажа вечерва а и по последната пријателска (другите не ги гледав), заслужи критики. Дури повеќе би го критикувал за ваквата игра отколку за стативата со Лион... барем лично моено кажано го сметам за критика не за плукање. :)

Со таков пристап (ако продолжи) ништо нема да направи. Премногу себичен, премногу сака да се исфорсира и да влезе со топка у гол. Па може и да шутира кога е сам со голман, не мора да дрибла. Почнал да изиграва ѕвезда, нешто што најмногу го мрзам кај некој играч. Не е и се до него, голема улога има ланската сезона со МП во тоа.

Дека Мур ќе го врати у нормала не се сомневам, можда и му требаше ова да види како треба да се понаша.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom