така викаа и за Кики на времето
И за Нистерлој викаа така на времето.....

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
така викаа и за Кики на времето
^ Педери баш оваа ја давале на Еуроспорт 2, мене ми е скината таа
Каналес 10ка, Родри 9![]()
Точно е дека не бил професионален играч, а не успеал бидејќи ги немал потребните физички способности. Но тоа не го обесхрабрило да продолжи да се занимава со фудбал, но наместо да игра тој решил да биде тренер.
Уште како тинејџер одел со татко му ( поранешен голман ) во тоа време тренер, да гледаат противнички тимови како играат и да ја следат нивната тактика. Значи уште тогаш добивал практично искуство, не само теорија, која ја учел во спортскиот институт ( мајка му го пратила да учи бизнис, но се откажал уште на првиот ден и се запишал на овој институт)
Почнал со работа како тренер во локалното училиште, од каде што бил повикан да работи како асистент во Естрела да Амадора. Потоа се вратил во родниот град, каде бил тренер на младиот тим на Виториа Сетубал. Во 92 год го повикале да биде преведувач на Боби Робсон, кој бил назначен за тренер на Спортинг Лисабон.
Останал со Робсон кога овој отишол во Порто, а потоа и во Барселона, каде што научил каталонски. Останал во Барселона кога дошол и Ван Гал, а со тек на време почнал поворно да се занимава со тренерската работа, овој пат со тимот Б на Барселона.
Неговата шанса да се истакне во тренерскиот занает дошла во 2000 год кога бил повикан во Бенфика, за да го замени Јуп Хејнкен. Но поради изборите во клубот и новиот претседател, кој веќе имал планирано нов тренер, Мурињо по само 9 натпревари си заминал, бидејќи не сакале да му го продолжат договорот. Инаку со својата тактика ја победил екипата на Спортинг со 3-0. А тие им се најголеми ривали.
Следната задача му била во Униао де Леирија, многу просечна екипа, која ја довел до највисока позиција во историјата на клубот - 5 место во Португалската најсилна лига.
Потоа добил покана да стане тренер на Порто, во јануари 2002 год. со кој успеал да направи до крајот на сезоната 11 победи, 2 нерешени и 2 порази. Го довел тимот до 3то место но ветил дека следната година ќе ги направи шампиони.
Ги идентификувал клучните играчи во тимот, а довел и уште неколку засилувања ( Фереира, Деко,Нуно Валенте, Дерлеи, Маниче...) кои во тоа време биле НЕПОЗНАТИ играчи. Една од најважните компоненти во филозофијата на Мурињо бил пресингот, односно напаѓање на противникот уште во неговото поле, терајќи ги противничките играчи или да ја враќаат топката назад или да проигруваат со долги пасеви, кои сите знаеме дека се несигурни.
Во 2003 Мурињо ја освоил лигата со скор од 27 победи, 5 нерешени и два изгубени меча. ( импресивно за човек кој не бил професионален фудбалер нели ) Во иста година успеал да го освои и купот во Португалија, а и купот на УЕФА против Селтик ( сигурно со врски ). Инаку, првенството го освоил со 86 поени, надминувајќи го предходниот рекорд од 85 поени. ( максимумот бил 102 поени )
Следната сезона го освоил Супер купот дома, но изгубил во УЕФА купот од Милан. Ја освоил лигата на 5 недели пред крајот на сезоната, додека успешно напредувал со Порто во ЛШ. За жал загубил во купот од Бенфика, но дошла големата награда - две недели подоцна ја покорил Европа освојувајќи ја ЛШ!
После оваа успешна сезона бил поврзуван со Ливерпул, Челзи и Реал Мадрид. Самиот Мурињо изјавува дека ја преферира работата во Ливерпул, бидејќи тоа бил клуб за кој сите биле заинтересирани, а додека Челзи бил сосема нов проект со нов газда, кој доколку не освојувал трофеи би можел да го натера газдата да си ги подигне сите пари и да си замине од клубот. Сепак се одлучил да учествувал во тој проект - станал тренер на Челзи.
За останатото знаете. Јас се изнапишав веќе и ме заболеа прстите. одам да апнам, а вие ако не ми верувате за ова, прочитајте тука и ќе ви стане јасно.
Иначе, Мурињо има искуство од најмалку 18 години како тренер, а сигурно барем 30 години низ целиот живот, почнувајќи уште од времето кога одел со татко му да анализираат тактики на противници.
Ова е пишано од мене на еден забутан форум пред не знам колку време. Пошто е сега ваш тренер дополнете си го сами ако сакате. Мислам дека не е лошо напишано ( не да се фалам ама ова е пишано од голем фан на Моурињо)
п.с. многу ми е мака шо не е веќе во Челзи![]()
Маикон и Швајни и уште утре може да заврши преодниот рок за нас.Ај да се молиме така да биде.:pop::se_ molam
^ Дренте,Ласс,М.Диара аут и така црнци не сакам во тимов.