Не бидете сеа ко каталонциве, Мурињо играл анти-фудбал. Човекот знае перфектно да го прилагоди стилот на игра зависно од противникот и од ситуацијата во која е тимот.
Немој да вреѓаш сега и ти
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
се шалам.
Јас баш би сакал да потпише за Реал. Со тоа сметам дека уште пожестоко ќе е в година за освојување на шампионската титула, а тоа е доволно за нас гледачите и навивачите. Кај што оди Мурињо нормално повеќе публицитет, се напнува атмосферата и се развива ривалството. Со ова ќе стане уште погледано шпанското првенство, а за ел-класико да не правам муабет.
Плус Пеп се покажала лани, годинава исто така, а и веќе после дуелот Барса-Интер и Мурињо како да е против Барса со сите изјави што беа за него, но сепак еден кон друг имаат големо почитување и респект. И баш би сакал да ги гледам да се надмудруваат во едно исто првенство. Ова би било добра инвестиција воопшто за шпанското првенство, не само за Реал Мадрид.
Искрено не мислам дека игра анти-фудбал (ако правам муабет за дуелот уште тогаш пишав дека судијата му ја оправда формацијата со црвениот картон), баш напротив игра на победа, она што се бара од него. Многу го почитувам како тренер и мислам дека веќе покажа дека е еден од најдобрите, а плус има уште иднина пред него. Така да ЗЕМАЈТЕ НЕ СЕ МИСЛИТЕ.
Едвај чекаме да почне наредното првенство, нормално прво Светското
Спортски поздрав