Тренерот на Реал мадрид, Мануел Пелегрини е сигурен дека престојниот судир со Барселона следната сабота нема да донесе трофеј.
„На „Бернабеу“ нема да се одлучи тутлата.“ - одлучен е чилеанскиот стручњак на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар со Расинг Сантандер. Вчера тернерот на Барселона Пеп Гвардиола изјави идентична изјава, велеијќи дека дуелот со Реал Мадрид е меч кој најмалку го интересира во овој момент.
„По Реал Мадрид-Барселона остануваат уште 7 натпревари, сите се тешки за 2-та тима. Ете затоа Ел Класико нема да биде одлучувачко. Сега најважно е да го совладаме Расинг, против кого ќе се бориме од првата минута. Точно е дека имавме проблеми во последниот период, но ќе продолжиме со напади од самиот старт.“ - рече тренерот на Реал мадрид.