Рефлектирање на своите особини врз другите?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Еднаш читав за тоа дека човекот кога збори за некого лошо и кога наведува негови лоши карактеристики, всушност само ги рефлектира своите лоши карактеристики врз таа личност.

Дали се согласувате со тоа?
Дали некогаш збориме лошо за некого само затоа што сме препознале некоја од нашите лоши карактеристики во него?

Или нема врска тоа? Дали некогаш некоја особа може да поседува лоши карактеристики кои не ни се допаѓаат, па затоа ја критикуваме?

Мислите ли дека има вистина во оваа теорија или не?

Можеби има некој што подобро знае за теоријава па ќе ни објасни малку поубаво околу оваа теорија. :)
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.499
Има тука некоја вистина...често се случува да зборуваме лошо за другите, со цел да им го одвратиме погледотот од нашата лоша страна, очаен обид ние да бидеме добрите...најчесто полесно е на го насочиме прстот кон другиот, но тажното е што со тоа се обидуваме да се излажеме ние самите...
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Не би се сложил јас. Вчера на другар ми му кажав дека е редно време да прекине да се коцна, да седне и да размисли што понатака со неговиот живот, оти има 24 години, да се стегне уште малку со факсот, а во меѓувреме да се обиде да најде некоја работа. Да и помага на мајка му колку што може повеќе, оти татко му е одамна починат.

Јас не зборував лошо, зборував реално, како што е. Ако на другар ми му звучи дека е тоа лошо, тогаш проблемот е до него, не до мене. Ако тој ги немал тие негативни особини, јас би немало ниту потреба да го водам тој разговор со него.
 
Е

експерт

Гостин
Се разбира дека ги ренесувае нашите особини на другите.
Тој што лаже не верува на никој.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Одбрамбен механизам од втор степен кој го викаме поекција.
Секако, не се случува при секој разговор (како во примерот погоре) но често се случува.
На пример, ако јас не го сакам Петре или ми е антипатичен, можам да мислам/речам дека всушност јас на него не му се допаѓам или сум му антипатична.

Хомофобијата исто така понекогаш е проекција.

(Л)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не би се сложил јас. Вчера на другар ми му кажав дека е редно време да прекине да се коцна, да седне и да размисли што понатака со неговиот живот, оти има 24 години, да се стегне уште малку со факсот, а во меѓувреме да се обиде да најде некоја работа. Да и помага на мајка му колку што може повеќе, оти татко му е одамна починат.

Јас не зборував лошо, зборував реално, како што е. Ако на другар ми му звучи дека е тоа лошо, тогаш проблемот е до него, не до мене. Ако тој ги немал тие негативни особини, јас би немало ниту потреба да го водам тој разговор со него.
Очигледно не си ја сфатил поентата на темата. :) Твојот случај што го спомена е сосема различен од тоа што го зборев во воведниот дел. Значи во овој случај ти советуваш и му велиш на другар ти дека има проблем и му велиш да се собере, што сите го правиме со оние што ни значат.

Во оваа тема се мисли на моментот, зборуваш за некоја особа и викаш: Леле каков инат е, леле колку е арогантен, леле колку е ќутлив, леле колку е кажибилокојадругаособина... дали сепак не проектираш и по некоја своја лоша особина врз таа особа?

Може и ти си инат и намерно ја потенцираш да речеме таа лоша особина кај некој?
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Очигледно не си ја сфатил поентата на темата. :) Твојот случај што го спомена е сосема различен од тоа што го зборев во воведниот дел. Значи во овој случај ти советуваш и му велиш на другар ти дека има проблем и му велиш да се собере, што сите го правиме со оние што ни значат.

Во оваа тема се мисли на моментот, зборуваш за некоја особа и викаш: Леле каков инат е, леле колку е арогантен, леле колку е ќутлив, леле колку е кажибилокојадругаособина... дали сепак не проектираш и по некоја своја лоша особина врз таа особа?

Може и ти си инат и намерно ја потенцираш да речеме таа лоша особина кај некој?
Ахам, ти си мислела да коментираш со трето лице, за некого. Се разбравме. :)

Епа, пак не би се сложил :). Да ги знаеш своите негативности и да не се потрудиш истите да ги надминеш, а згора на тоа да критикуваш некое трето лице дека ги поседува истите и дека тоа не чини, е еднакво на лицемерие. А, тоа најмногу го мразам.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.704
Поени од реакции
48.997
чек бе полека, ова као, јаде гомна за мене дека сум “таков и таков’’ што аутоматски значи дека он е “таков и таков’’, а ја не сум?
“Кој си го вика за себе си го вика’’ е узречица од градинка и не здраво човек да се води по неа.
Ако некој(или повеќе луѓе) ти посочат лоша особина и карактеристика, пробај анализирај се и опрај се ако можеш, не ја отфрлај врз основа на квази психлогија што си ја причул од некаде.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ахам, ти си мислела да коментираш со трето лице, за некого. Се разбравме. :)

Епа, пак не би се сложил :). Да ги знаеш своите негативности и да не се потрудиш истите да ги надминеш, а згора на тоа да критикуваш некое трето лице дека ги поседува истите и дека тоа не чини, е еднакво на лицемерие. А, тоа најмногу го мразам.
Да, меѓутоа некогаш некои работи ги правиме потсвесно, ко шо имам читано некои статии, таа проекција ја правиш несвесно, потсвесно. Не викаш ти на пример инат е Петко, затоа што ти се свесен дека ја проектираш таа особина, туку несвесно знаеш дека и ти си инат и си ја препознал таа особина кај некого и затоа и ја потенцираш.

Друго е на пример кога викаш он е инат, јас ич не сум таков, тоа е веќе... недостаток на самокритичност. :)
 
B

Borg_Drone

Гостин
Може и ти си инат и намерно ја потенцираш да речеме таа лоша особина кај некој?
Не мора да значи, според оваа логика може и тој човек што ја потенцира таа лоша особина (како инаетот на пример) кај некој негов другар, пријател и.т.н. ја има веќе надминато оваа лоша особина, па сега му укажува на другарот на тоа дека инаетот е лоша работа зошто сака да му помогне, знае од искуство што може да направи инаетот.
Има и од тие луѓе пример кои никогаш не биле инает но логички гледаат на работите и со помошта на својата анализа му укажуваат на другарот дека таа „било која особина“ не е во ред кај него, и дека треба да си ја промени.
Има безброј примери, се зависи до начинот на размислување, некои своето размислување и разбирање на работите го базираат на здрава логика, некои врз база на искуството, некои пак....... :)
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Да, меѓутоа некогаш некои работи ги правиме потсвесно, ко шо имам читано некои статии, таа проекција ја правиш несвесно, потсвесно. Не викаш ти на пример инат е Петко, затоа што ти се свесен дека ја проектираш таа особина, туку несвесно знаеш дека и ти си инат и си ја препознал таа особина кај некого и затоа и ја потенцираш.

Друго е на пример кога викаш он е инат, јас ич не сум таков, тоа е веќе... недостаток на самокритичност. :)
Некои работи ги правиме потсвесно, а можеби и намерно, за да се утешиме самите себе си (притоа и излажиме, а знаеме дека не е така) дека има и полоши од нас. Не мора да разговараме со некого дека мојот другар е поголем комарџија од мене (што да земеме за пример дека не е вистина), туку доволно е да си речам самиот на себе дека мојот другар е навистина поголем комарџија од мене, притоа свесно величејќи ги неговите "комарџиски подвизи ", а омаложувајќи го моите "комарџиски подвизи ". Луѓето повеќе се радуваат на туѓата несреќа, отколку на својата среќа. Потсвеста која има цел да проектира лажна слика, е многу заебана работа.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Не мора да значи, според оваа логика може и тој човек што ја потенцира таа лоша особина (како инаетот на пример) кај некој негов другар, пријател и.т.н. ја има веќе надминато оваа лоша особина, па сега му укажува на другарот на тоа дека инаетот е лоша работа зошто сака да му помогне, знае од искуство што може да направи инаетот.
Има и од тие луѓе пример кои никогаш не биле инает но логички гледаат на работите и со помошта на својата анализа му укажуваат на другарот дека таа „било која особина“ не е во ред кај него, и дека треба да си ја промени.
Има безброј примери, се зависи до начинот на размислување, некои своето размислување и разбирање на работите го базираат на здрава логика, некои врз база на искуството, некои пак....... :)
Некои работи ги правиме потсвесно, а можеби и намерно, за да се утешиме самите себе си (притоа и излажиме, а знаеме дека не е така) дека има и полоши од нас. Не мора да разговараме со некого дека мојот другар е поголем комарџија од мене (што да земеме за пример дека не е вистина), туку доволно е да си речам самиот на себе дека мојот другар е навистина поголем комарџија од мене, притоа свесно величејќи ги неговите "комарџиски подвизи ", а омаложувајќи го моите "комарџиски подвизи ". Луѓето повеќе се радуваат на туѓата несреќа, отколку на својата среќа. Потсвеста која има цел да проектира лажна слика, е многу заебана работа.
Не бидете толку упорни. Не мора да значи дека секоја критика е проектирање на некоја своја карактеристика.
Ако он се коцка-тоа е факт и нема причина на тоа да гледаш како на проекција.
Најчест пример е кога во дебата губиме и му велиме на противникот дека е глупав.
Тоа се случува зашто ние се чувствуваме глупаво и тоа за нашето сакано его е неприфатливо (јас глупав, нема шанси омг) и му велиме на другиот дека е глупав зашто тоа за нас е многу по профатливо.
И то.
Ги љубам механизмиве, затоа ви се мешам у штипки :)
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ако он се коцка-тоа е факт и нема причина на тоа да гледаш како на проекција.

Точно, затоа и го напишав ова:


.......„Има и од тие луѓе пример кои никогаш не биле инает (коцкари) но логички гледаат на работите и со помошта на својата анализа му укажуваат на другарот дека таа „било која особина“ не е во ред кај него, и дека треба да си ја промени“..........
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Не бидете толку упорни. Не мора да значи дека секоја критика е проектирање на некоја своја карактеристика.
Ако он се коцка-тоа е факт и нема причина на тоа да гледаш како на проекција.
Најчест пример е кога во дебата губиме и му велиме на противникот дека е глупав.
Тоа се случува зашто ние се чувствуваме глупаво и тоа за нашето сакано его е неприфатливо (јас глупав, нема шанси омг) и му велиме на другиот дека е глупав зашто тоа за нас е многу по профатливо.
И то.
Ги љубам механизмиве, затоа ви се мешам у штипки :)
Се си е ова ок, што ти го имаш напишано, но овде станува збор за директно обраќање на лицето кое го критикуваме. Crazy in Love кога реплицираше на мојот коментар појасни дека не станува збор за директно обраќање, туку за критикување на едно лице, во разговор со некое трето лице.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
4.769
Еднаш читав за тоа дека човекот кога збори за некого лошо и кога наведува негови лоши карактеристики, всушност само ги рефлектира своите лоши карактеристики врз таа личност.

Дали се согласувате со тоа?
Дали некогаш збориме лошо за некого само затоа што сме препознале некоја од нашите лоши карактеристики во него?

Или нема врска тоа? Дали некогаш некоја особа може да поседува лоши карактеристики кои не ни се допаѓаат, па затоа ја критикуваме?

Мислите ли дека има вистина во оваа теорија или не?

Можеби има некој што подобро знае за теоријава па ќе ни објасни малку поубаво околу оваа теорија. :)
Potrebata da izigruvame "MALI BOGOVI" postoi od kako postoi covestvoto.So toa sto razmisluvame za tugjite nedostatoci rabotime na svoite,koga ke ja otvorime ustata pred treto lice togas gi prikrivame.
Ogovaranje po naski de...:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom