Рефлектирање на своите особини врз другите?

Член од
2 јули 2009
Мислења
59
Поени од реакции
3
мислим дека не е таке. нема логика некого да анализираш (објективно) и да му наредиш твои лоши особине.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Еднаш читав за тоа дека човекот кога збори за некого лошо и кога наведува негови лоши карактеристики, всушност само ги рефлектира своите лоши карактеристики врз таа личност.

Дали се согласувате со тоа?
Дали некогаш збориме лошо за некого само затоа што сме препознале некоја од нашите лоши карактеристики во него?

Или нема врска тоа? Дали некогаш некоја особа може да поседува лоши карактеристики кои не ни се допаѓаат, па затоа ја критикуваме?

Мислите ли дека има вистина во оваа теорија или не?

Можеби има некој што подобро знае за теоријава па ќе ни објасни малку поубаво околу оваа теорија. :)
Има случаи кога се работи за навистина рефлектирање на своите особини на други луѓе, тоа е одбрамбен механизам наречен проекција. Одбрамбените механизми се нереални начини за справување со стрес, односно избегнување на реалната ситуација.
Значи, секој човек на различен начин се справува со стрес, има повеќе видови одбрамбени механизми, некои се пореални некои понереални, и зависи од личноста, од ситуацијата, од тежината на проблемот со кој се справува индивидуата, за тоа кој одбрамен механизам ќе го употреби, и дали воопшто ќе употреби.
Реалистите се помалку склони кон употреба на одбрамени механизми, и можеби од нив можеме да го очекуваме тоа искрено кажување на мислење, за тоа кој е каков. Не значи дека не прави проекција, ама не значи ни дека тој што е посклон кон употреба на одбрамбени механизми дека секој пат кога ќе критикува некој, дека се крие позади своите лоши особини, всушност. Проблемов е премногу ситуациски и не може баш да се даде одговор што би било ако би било... Ама според мене од прилика вака стојат работите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom