bucio
Урбан индијанец.
- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 16.330
- Поени од реакции
- 7.799
Ако некој човек е должен 10000 денари некаде и не сака да ги врати тие пари тогаш може да се случи да му дојдат во посета некоја вечер два тројца опасни типови со палки, метални шипки и огнено оружје за да го наплатат долгот или да земат рекет. Ова е пластично објаснување на што е тоа рекет или рекетарство. Но тие рекетари ќе наплатат на човек колку што е должен односно 10000 денари и на тоа земаат процент. Додека пак легалните рекетари (извршителите) на тие 10000 денари долг ќе наплатат 30000 денари од кои што 20000 се за нив. Малку ни беа како крлежи стечајните судии и управници, нотарите ова држава ни ги накалеми и извршителите крвтта да ја пијаат од овај народ. Замислете успејаа рекетот да го легализираат браво аплауз, па да може некој од тие рекетари да си земе колку што им чине од сметката на некој должник, и прашање дали човек е должен затоа што каков ни е системот фалсификиати се прават ко у шале. Човек не може никаде да се жали во оваа постапка го прескокнаа нашето судство кое што какво такво никакво сепак имаше мала надеж за правда во него.
Видете никој обичен човек не сака да биде должен причината зошто е должен затоа што сметките ги покачија милион проценти па не можи да ги плати или и него му се должни а тој тие побарувања не може да ги наплати. Пример земете еден обичен стечаеч тој има побарување од неисплатени плати и придонеси, него извршител не можи да му помогне нема шанси да си ги наплати побарувањата. Додека кај што е должен тој има да му наплатат со неразумна камата па да се чуди што се случило. Или што слушав деновиве за лозарите дека винарска визба Тиквеш им го нема исплатено грозјето, зошто некој извршител не се нафати да ги наплати тие побарувања од газда Свето туку секогаш обичниот народ го крка? Тие лозари вредни луѓе со мака ги печалат своите пари а не можат да ги добијат, па имаат долгови големи, и мирни се сега засега комунални претпријатија, ЕВН, телеком и извршители кои што тријат раце и чекаат феудалецот Свето да се смилува на својот феуд па да пушти некој грош на нивните трансакциони сметки. Е кога ќе пушти некој денар на тие сметки и ќе стигне наплатата сите задоволни ќе бидат има да наплатат крвнички само обичниот човек кој со својата мака си го заработува парчето леб ќе остане заебан.....