Под услов да ги преживеат 20 мм топови на Бф 109 а и да имаат соодветна брза замена за авионите.И во обата случаи тоа би било тешко.Впрочем и самите Британци си признаваат за ужасниот недостаток на пилоти.RAF бил над своја територија.Секој пилот кој се спасил со падобран или принудно слетал имал можност повторно да се бори.За разлика од германските
Мислиш на битката за Британија?...Техничките (не)можности на германската авијација за водење на таков вид борба биле пресудни.Пред се немањето бомбардер кој би имал доволен долет и носивост.Исто и ловец за заштита.Идејата дека Бф-110 ќе биде тоа се изјаловила брзо.
Затоа и реков дека нема ни потреба да се заземе Британија едноставно да се изолира до што и не биле толку далеку под услов да ја добиеле воздушната битка.Иако располагале со толкава флота во тоа време бродовите биле ужасно ранливи воздух.Земи ги за пример Repulse i Prince of Whales кои настрадаа кај Сингапур од Јапонската авијација.Без разлика на се главна препрека била Британската Флота во тоа време на прво место во светот по тонажа.За време на битката Германците имале само 40-тина оперативни подморници раштркани на повеќе подрачја.Гермаската површинска флота немала никави шанси да ја совлада британската и да овозможи доволно време за десант од такви размери. Така да на крај идејата за завземање на Британија била повеќе вишфул тинкинг на Хитлер отколку реална опција.
Па од една страна во право си т.е ако како цел се земе уништувањето на Британската флота,но од друга страна Бизмарк можел да биде многу поефективен во изолирањето на Британија,уште ако се земе во предвид неговата моќ во одност на Британските соперници.Најдобрата шанса ја пропуштиле уште кога почнале да градат “мртва стража“, мастодонти како Бизмарк и Тирпиц или Проектот “К“ кој не го но завршиле наместо тие средства да ги употребат за градење на подморници - единствената работа која можела да ја скрши Британија како што за малку и сторила во Април 1917...