Апсурдите на НБМ(Народна Банка на Македонија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Monti Pajton
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе праат пак ребаланс, наводно снемало пари....пак!
 
Ќе праат пак ребаланс, наводно снемало пари....пак!

Кога го правеа 3тиот(мислам дека беше трет или втор не сум сигурен), опозицијата(читај СДСМ) им збореше, им дробеше, им "солеше" памет и како уште сакате наречете го дека овој ребаланс не е добар, и дека треба да се намали проектираниот буџетски дефицит, владата се правеше глува...
Само од кај ќе кастрат сега? Од на коњот на Александар(или Филип, уште никој незнае) опашката, или пак од нашиот ни народ напатен...
 
На македонски:Што требаше да направи НБРМ во 2009 ?

И неколку мои демагогии,нали:)))
http://forum.kajgana.com//showpost.php?p=2476320&postcount=101
http://forum.kajgana.com//showpost.php?p=2486151&postcount=118

Ако нешто не разбира,зошто е ова на темава,обрати ми се.

Подоле имаш за консолидиран буџет,ти текнува? :pos2:
Иако прашањето не е упатено до мене :)
Имаш право, беше потребно тоа пошто во криза морална е таква резерва...криза е па сешто може да се деси.
 
Ме мрзеше залудно да ти објаснувам бидејки личности како тебе имаат зацртани ставови кои ни Господ не им ги менува(попознати се под поимот ``фанатици``), али еве бидејки имам вишок на време во моментов ке се обидам да ти објаснам!! Можеби не си таква и погрешно сум те проценил.

На македонски:Што требаше да направи НБРМ во 2009 ?

Политиката на НБМ во почетокот на 2009 беше прилично позитивна за Македонската економија. Во тоа време кризата низ светот беше во полн замав, Македонските граѓани и фирми беа песимистички настроени, дознаките од странство(гастарбајтерите кои праќаат пари дома) се намалуваа, што придонеси и за пад на девизните резерви. Тоа предизвика страв дека денарот може да девалвира( ти прва ко прле пред магаре ја најави девалвацијата и крахот на државата:tapp:) Во тој поглед пораст на каматите на благајничките записи го направи денарот попривлечен и на тој начин се помогна повторно да се воспостави рамнотежа кај девизните резерви и да се врати довербата кај песимистите.
Но по средината на 2009 година веке стануваше јасно дека девизните резерви се стабилни и уште појасно дека економската криза се приближува кон крајот. Што значи дека проблемите на Македонската економија престанаа да бидат девизните резерви и можноста за девалвација на денарот, туку намалувањето на нашиот БДП како резултат на намалената потрошувачка и намалените инвестиции( порастот на каматите имаат директен ефект врз овие две) Што значи дека во тој период на НБМ приоритетна задача требаше да им биде заживување на економијата преку намалување на каматите на благајничките записи, како и намалување на самиот обем на издадени благајнички записи. НО ТОА НЕ СЕ СЛУЧИ. Не само што не го намалија обемот на издадени благајнички записи, туку тие и го зголемија во последните месеци за да денес заробените пари во НБМ достигнат 397 милиони евра( од 250 на почетокот на годината)
На тоа додади ги и 237 милиони евра кои ги држи НБМ како задолжителна резерва на комерцијалните банки и ке дојдеш до бројка од 634 милиони заробени пари( како што пишува и во текстот на Томе Неновски). Во период кога фирмите се жалат дека се неликвидни, дека нема потрошувачка, нема кредите итн. криминал е да се отргнуваат толку многу пари од економијата.

И неколку мои демагогии,нали:)))
http://forum.kajgana.com//showpost.php?p=2476320&postcount=101
http://forum.kajgana.com//showpost.php?p=2486151&postcount=118

Ако нешто не разбира,зошто е ова на темава,обрати ми се.

Е што сега со твоите демагогии? Во текстовиве прогнозираше буџетски дефицит од 4-5%!! Дали тоа се случи?
Прогнозираше девалвација? Дали тоа се случи?
Се жалеше дека каматната стапка на државните записи е преголема и и конкурира на онаа на благајничките записи!! Денес каматната стапка на државните записи(Владата) е 4.9% за разлика од онаа на благајничките записи(НБМ) која е 8.5%!! Понатаму, прибирањето на пари од државните записи е намалена за 20 милиони во последната емисија, додека онаа на благајнички е зголемена за 150 милиони!! Каде си чедо да ги коментираш овие настани? Пред година дена беше најгласна во критиките, а сега нигде те нема да се пожалиш на политиката на НБМ.:jaj:

Зошто де банките имаат широк спектар на работи кои им носат профит меѓу кои Е и КРЕДИТИРАЊЕТО на стопанството а и физичките лица.(значи не им е Основна дејност...имаат они избор....и бегаат од Мањак или МИНУС како ѓаволо од Бога.)

Ме мрзи сега да ти барам финансиски извештаи на некои од поголемиве банки да им ги видиш портфолијата од што им се составени. Ми текнува дека лани или преклани Комерцијална банка 4/5 од средствата им беа во дадени кредити. Останатите средства беа вложени во она што ти го спомна: гаранции, акции итн.
Така да ако има прилив на нови пари во банките реално е да се очекува дека истото ке се случи, мнозинството од тие пари ке отидат како кредити за претпријатијата и населението.

Зошто да не...каде има профит таму се и они,а зарем во Кредитирање полупропаднато претпријатие со обврски 2 пати поголеми од неговата вредност нема РИЗИК???

Реално најголем профит имаат од кредитирање на населението. И тоа го открија во скоро време, порано вакви кредитирања на населението не постоеја. Второ најпрофитабилна поддејност им е кредитирање на фирмите.

Сега можеш и ти да оформиш фирма и да бараш 20000 евра кредит а со основен капитал 5000-8000 евра и ништо повеќе...мислиш ли дека ќе ти одобрат(сакаш мало ресторанче еве пример..а ХАСАП е минимум 7000 евра,па постојани средства(по стандард) потоа работна рака(квалификувана) и...еве да бидеш ВО ИГРАТА наречена БИЗнис:toe:

Нормално дека нема да ти одобрат. Банките се осигуруваат со хипотеки( бараат кредитобарателот да заложи имот). Обично бараат вредност на хипотеката да ја надминува двојно вредноста на дадениот кредит. Така да ако сакаш кредит од 10 000 евра, треба да имаш фирма која минимум вреди 20 000 евра. Да не зборувам дека ако немаш проект и план за раст кој е реален џабе ти е и хипотеката, банката нема да ти го одобри кредитот.

Ете побарај,аплицирај ГАРАНТ не добиваш....ама НБРМ не е Виновна за тоа...си има кредитен одбор банката и таму си решаваат.

Јасно де. Ама НБМ е крива што има толку високи каматни стапки и што им ги прибира парите на комерцијалните банки. Треба да им се остават парите на комерцијалните банки, што ке придонесе за намалување на каматните стапки на кредитите и ке влијае за подобра економска клима!

Епа дај 30 Големи претпријатија од рангот на Алкалоид,ОКТА,Јегуновце, ФЕНИ....се до средни 70 кои имаат капацитас да вратат кредит над милион евра(ај за средните еве 500000евра нека биде...треба да се Срамиме ами КАКО...шчо напраифме и шчо треба да праиме...таа е нашата за жал...додека околу нас работите се менуваат.:toe:

Абе ти сериозен си бил. Сакаш да ти набројам вкупно 100 фирми тука?:tapp: Да не сакаш и мали претпријатија да почнам да ти набројувам. Имам тука у маало едно 50-тина и нив ке ги додадам.
 
Ме мрзеше залудно да ти објаснувам бидејки личности како тебе имаат зацртани ставови кои ни Господ не им ги менува(попознати се под поимот ``фанатици``), али еве бидејки имам вишок на време во моментов ке се обидам да ти објаснам!! Можеби не си таква и погрешно сум те проценил.

Човекот кој слепо ја бранеше фискалната власт во време на криза мене ме нарекува фанатик.Имај доблест и погледни се себе си,па потоа покажи со прст.Човекот кој ако му ги споиш исказите од почеток на 2009 со 2010 нема да знаеш што напишал има уста да опишува...до каде отиде светот.

Политиката на НБМ во почетокот на 2009 беше прилично позитивна за Македонската економија. Во тоа време кризата низ светот беше во полн замав, Македонските граѓани и фирми беа песимистички настроени, дознаките од странство(гастарбајтерите кои праќаат пари дома) се намалуваа, што придонеси и за пад на девизните резерви. Тоа предизвика страв дека денарот може да девалвира( ти прва ко прле пред магаре ја најави девалвацијата и крахот на државата:tapp:) Во тој поглед пораст на каматите на благајничките записи го направи денарот попривлечен и на тој начин се помогна повторно да се воспостави рамнотежа кај девизните резерви и да се врати довербата кај песимистите.
Но по средината на 2009 година веке стануваше јасно дека девизните резерви се стабилни и уште појасно дека економската криза се приближува кон крајот. Што значи дека проблемите на Македонската економија престанаа да бидат девизните резерви и можноста за девалвација на денарот, туку намалувањето на нашиот БДП како резултат на намалената потрошувачка и намалените инвестиции( порастот на каматите имаат директен ефект врз овие две) Што значи дека во тој период на НБМ приоритетна задача требаше да им биде заживување на економијата преку намалување на каматите на благајничките записи, како и намалување на самиот обем на издадени благајнички записи. НО ТОА НЕ СЕ СЛУЧИ. Не само што не го намалија обемот на издадени благајнички записи, туку тие и го зголемија во последните месеци за да денес заробените пари во НБМ достигнат 397 милиони евра( од 250 на почетокот на годината)
На тоа додади ги и 237 милиони евра кои ги држи НБМ како задолжителна резерва на комерцијалните банки и ке дојдеш до бројка од 634 милиони заробени пари( како што пишува и во текстот на Томе Неновски). Во период кога фирмите се жалат дека се неликвидни, дека нема потрошувачка, нема кредите итн. криминал е да се отргнуваат толку многу пари од економијата.

Прво да потенцираме јасно и гласно-виновник за високите каматни стапки во нашата држава,рестриктивните мерки на НБРМ и неликвидното стопанство е Владата на Р.М со нејзината фискална политика.2009 помина видовме кој како реагираше,кој што направи и кој колку направи за денес.
Второ,монетарна политика се темели на проекции,кој се изработуваат за даден временски период.Кога проекциите кој се добиваат на база на мерење и анализи викаат дека стапката на благајнички записи ќе се намали за 1% тогаш Гошев ќе ја намали,како што и направи во 2010.
Трето,во услови на разуздана фискална власт која маме еба со записи,НБРМ немаше друг излез освен соодветно да реагира со повлекување на парите, за да не дојде до рецесија+инфлација=стагфлација
Кога веќе девизните резерви се наполнија до ниво со пари земени 9,8% камата(така нешто на обврзница) и некој денар од дознаки (0 инвестиции) НБРМ симна 0,5%.Потоа симна уште 0,5%.
Владата зема кредит да дава на стопанството во Март 2009 по стапка од 6%,тие пари влегоа декември 2009 поради бирократија.
Денес сме март 2010,стопанството е неликвидно и задолжено.Гошев да ја симне хипотетички стапката до 4-5% која банка ќе даде кредит на фирма пред колапс? Гошев не го задолжи стопанството,Гошев ја бранеше стабилноста и успеа.Цел на монетарна политика е стабилност на денарот,а не стабилно стопанство.Тој што го заглави,денес плука.

Monti Pajton напиша:
Е што сега со твоите демагогии? Во текстовиве прогнозираше буџетски дефицит од 4-5%!! Дали тоа се случи?
Прогнозираше девалвација? Дали тоа се случи?
Се жалеше дека каматната стапка на државните записи е преголема и и конкурира на онаа на благајничките записи!! Денес каматната стапка на државните записи(Владата) е 4.9% за разлика од онаа на благајничките записи(НБМ) која е 8.5%!! Понатаму, прибирањето на пари од државните записи е намалена за 20 милиони во последната емисија, додека онаа на благајнички е зголемена за 150 милиони!! Каде си чедо да ги коментираш овие настани? Пред година дена беше најгласна во критиките, а сега нигде те нема да се пожалиш на политиката на НБМ.:jaj:

Колку е буџетскиот дефицит за 2009,има негде официјална објава?
Колку е дефицитот на платниот биланс?
Колку е задолжено стопанството?
Кој кому му ја префрли кризата?
Девалвација не се случи,се случи топење на резерви до милијарда и нешто,обврзница со висока камата,неликвидно стопанство и сиромаштија.Се случи крах на населението и стопанството,за одбрана на валутата,јасно ли ти е?

А дека има услови за опуштање на НБРМ денес има,јас веќе тоа го кажав,ама читаш селективно.
 
А што е со проблемот со трговскиот дефицит, кој што е огромен и продолжува да расте?
Ако се олабави монетарната политика ќе се зголеми пред се личната потрошувачка преку кредити за населението, а со тоа и дефицитот кој што и така е огромен.
 
Monti Pajton, na koj toa ekonomski fakultet diplomirase....ONOJ NA BOJO???.......................presedatelot:)??? Ili onamu kade Gwujo magistrirase??? Da ne se vrati i ti domoljubno od nekoja dobro platena pozicija vo City Bank ???
 
Реално најголем профит имаат од кредитирање на населението. И тоа го открија во скоро време, порано вакви кредитирања на населението не постоеја.

Епа тоа де..земи кредит за Стан од 30000 евра и плати 55000...скоро дупло!!!

Потрошувачките кредити.....се знае кога просечен граѓанин е во тесно.

За извештаи не се мачи...точно е дека работат со кредитирање век и векова(јас иам еден од Стопанска Банка(ама битолската)..ама тоа треба да се смени..До КОГА традиционално банкарство???

Второ најпрофитабилна поддејност им е кредитирање на фирмите.

Технички кажано дерење.
Абе ти сериозен си бил. Сакаш да ти набројам вкупно 100 фирми тука?

ДА!! сериозен сум...30 фирми од рангот на ОХИС,Алкалоид југохром,Фени...(мора една ЕКОНОМИЈА да има МОТОР т.е нешто што ќе ги активира средните фирми да работат за нив...)...и наброј ете 70 средни фирми со над 120 вработени(Не ДУХОВИ-туку осигурани..абе се законски црно на бело....еве нека би фирма налик ИГМ.
Имам тука у маало едно 50-тина и нив ке ги додадам.

Маалски дуќани се мали претпријатија...најчесто Дооел..(бегај од ортаклук...копилиња народ има:toe:)

Инаку и јас знам 100 такви...знам и многу средни...кои не работат-абе имаме фирми се е розово...

Политиката на НБМ во почетокот на 2009 беше прилично позитивна за Македонската економија. Во тоа време кризата низ светот беше во полн замав, Македонските граѓани и фирми беа песимистички настроени, дознаките од странство(гастарбајтерите кои праќаат пари дома) се намалуваа, што придонеси и за пад на девизните резерви.

Мислам дека буџетот беше испразнет од тоа што на секои две минути те потсетуваа дека ТИ СИ МАКЕДОНИЈА,и Знаењето е Сила,знаењето е моќ(ама забораваат...моќта КОРУМПИРА:vozbud:)...потоа ги имаме спомениците па девизниот излив за леење статуи на ороспии,бикови питачи(просење е казниво по закон а владата става ПРОСЈАКЈ СПОМЕНИК ЧУДО!!!).

Но сепак ИМААТ влијание македонците од странство но тоа во споредба со фрлањето пари од В на Р.М е ситна риба...
Тоа предизвика страв дека денарот може да девалвира( ти прва ко прле пред магаре ја најави девалвацијата и крахот на државата) Во тој поглед пораст на каматите на благајничките записи го направи денарот попривлечен и на тој начин се помогна повторно да се воспостави рамнотежа кај девизните резерви и да се врати довербата кај песимистите.
И...што направија???

Денес каматната стапка на државните записи(Владата) е 4.9% за разлика од онаа на благајничките записи(НБМ) која е 8.5%!!

Епа тука лежи зајакот...капиш,они сакаат парите да ги ЗАДРЖАТ во македонија...инаку Банките ќе КРЕДИТИРААТ странски фирми(ејј има во Србија,Бугарија...) а може и ќе одат на Акции...Значи гошев ја БРАНИ државната Економија.

Се разземаа кредити...у која дупка сме...па не се прави дека халуцинираш...секј месец имаме пад на производство!!!

На тоа додади ги и 237 милиони евра кои ги држи НБМ како задолжителна резерва на комерцијалните банки

Тие не се додаваат...види го ти томе неноски...хаха...па таа резерва е Гарант за штедачите...тие пари не се заробени-така е сегде.

Значи немаме 600 милиона туку 400 милиона.

и ке дојдеш до бројка од 634 милиони заробени пари( како што пишува и во текстот на Томе Неновски). Во период кога фирмите се жалат дека се неликвидни, дека нема потрошувачка, нема кредите итн. криминал е да се отргнуваат толку многу пари од економијата.

Епа гледаш...остај го томе туку види ЗОШТО фирмите се неликвидни,и зошто НЕМА КРЕДИТИ(банките сепак имаат пари за кредити(па 70% од депозитите се домашни) АМА на КОЈ да ОДОБРАТ КРЕДИТ кога е НЕЛИКВИДЕН?!???

И По кој основ или поточно КОЈ ГИ НАПРАВИ НЕЛИКВИДНИ...пак ВЛАДАТА,кој ги казни по 10-те божји заповеди...пак Владата...кој во услови на КРИЗА воведува ХАСАП(кој кошта минимум 10000 евра..а за ресторани поголеми уште поскапо)...според кој закон(заповед) се Блокираа сметки??
Ајде ти биди газда-си зел кредит с,метката ти е блокирана 3 месеца а каматата си "тече"

Значи тие пари(400 милиона) не се тргнати од економијата,туку само ќе го зголемат профитот на Бамките па можеби..МОЖЕБИ ќе почнат да даваат кредити по поповолни услови.

Оти велиш НЕМА ПОТРОШУВАЧКА....епа кој мој ги тера србско млеко да купуваат...кој мој ги тера да увезуваат...кога имаме домашно земјоделско производство и тоа БЕЗ ПЛАСМАН=нема реализација=НЕМА пари=НЕМА ПОТРОШУВАЧКА.

Чунки нели В.на Р.М ќе отвараше откупни центри,па ќе организираа они СЕ...

Гвујо не го бидува за економија...искрено криво ми е што гласав за него(иако сум неопределен и без книшка)....али затоа Ѓорѓе сосема е ОК.

Но по средината на 2009 година веке стануваше јасно дека девизните резерви се стабилни и уште појасно дека економската криза се приближува кон крајот

После кашлањето на вол стрит нема така лесен крај на економска криза од размер каков што имавме-значи нека не лажат дека е при крај т.е Развиените земји се ОПОРАВУВААТ...а овие земји ВО РАЗВОЈ како еве Р.М кои немаат ниту доволно енергија,па се увозно зависни...башка што и финален производ...ретко за извоз така ДА...македонија е ВО КРИЗА и опоравувањето ќе оди тешко:helou:

Ајде една да ја заиграме
:pos2::pos2:
 
И никој повеќе не зборува за структурни реформи во стопанството, реформи на администрацијата и нејзино кастрење....

Политичарите решението го гледаат во НБРМ. Да се олабави монетарната политика, за да се зголеми потрошувачката, а со тоа и владата да собира повеќе пари преку даноци, за да вработуваат партиски војници и да градат споменици... Имаше некои политичари како Милошевиќ, Мугабе и слични кои што преку монетарна политика очекуваа да се решат сите проблеми. Далеку сме од нив и Народната банка е независна, но .... Да се надеваме дека политичарите ќе останат подалеку од парите.

Што се однесува до успешните фирми со висок кредитен рејтинг, за нив банките и во најголема криза ќе имаат пари.
 
Преродбеничките политичари, ако таа братија може така дa се нарече, би сакале да ги дрпнат тие 300 и кусур милиончиња кои ќе им овозможат да остнат на власт уште некое време пред да ја здувнат правец бугарија...Федералистите ги поддржуваат во тоа..од свои причини..што побргу кошмар во Македонија, тоа побргу аншлус со косово...пред големото роење...на албанците:)
А колку долго ќе успее НРБМ да биде независна...останува да видиме...Ѓошев треба сепак да си побара блиндиран автомобил....незнам дали овие на власт ќе имаат трпение да го дочекаат регуларниот крај на неговиот мандат....
 
abe igraat kurot ovie od narodna banka

tie mozam da go dignat denarov da bide poblisku so evroto ama nejcat zosto taka im ostanuat niv pari a narodov gladue..

i Gruevski ispadna aj da ne recam posto ovie od forumov glavnive odma blokiraat ama i toj treba da go stegne denarov...

se dur ne se smeni kursot narodov ce raboti za dzabe i ce gladue..
 
За ова ќе треба превод :)
 
И никој повеќе не зборува за структурни реформи во стопанството, реформи на администрацијата и нејзино кастрење....

Политичарите решението го гледаат во НБРМ. Да се олабави монетарната политика, за да се зголеми потрошувачката, а со тоа и владата да собира повеќе пари преку даноци, за да вработуваат партиски војници и да градат споменици... Имаше некои политичари како Милошевиќ, Мугабе и слични кои што преку монетарна политика очекуваа да се решат сите проблеми. Далеку сме од нив и Народната банка е независна, но .... Да се надеваме дека политичарите ќе останат подалеку од парите.

Што се однесува до успешните фирми со висок кредитен рејтинг, за нив банките и во најголема криза ќе имаат пари.

Тоа да видиш...ние сме држава со мега администрација а споредено со западните земји(нели ојме во ЕУУУ ЕУУ.) каде на 20 милиона жители имаш околу 30 000 администрацијаа ние ем 2 милиона ем 100 000 администрација а има и промотори,свршатори,дремачи,безрбетинци,шуто рогато....и морфеус...евентуалното намалување на бројот на административци не би гоо нарекол КАСТРЕЊЕ...туку Калемење...македонија така ќе биде подобра а и приватната иницијатива ќе заземе замав....ама на нашиве политичари им одговара да имаат лобоси гласачи и тоа во администрација...па некои и во странство само да УТАТ...еве пратија промотори и ветуваа ќе донесат Фирми,Инвестиции а уствари донесоа корупција и однесоа трошок на сметка на секој даночен обврзник.

Преродбеничките политичари, ако таа братија може така дa се нарече, би сакале да ги дрпнат тие 300 и кусур милиончиња кои ќе им овозможат да остнат на власт уште некое време пред да ја здувнат правец бугарија...Федералистите ги поддржуваат во тоа..од свои причини..што побргу кошмар во Македонија, тоа побргу аншлус со косово...пред големото роење...на албанците:)
А колку долго ќе успее НРБМ да биде независна...останува да видиме...

Де бе па они плукаат на љубчо и прават видеа дека е ЈУДА...зарем и они...туку делумно си у право-татаризацијата започна кога дојде кој друг ако не Визионерот,поетот,филозофот...кој сега е блгарчета...истиот успеа да натокми ситуација признавајќи го тајван(со лага за 1 милијарда) да добиеме ГРАТИС необезбедена граница и другата е јасна....

Па статистички колку понезависна Централна банка имаш помала инфлација и Макроекономска стабилност...ама важно е Фискалната и монетарната политика да бидат КООРДИНИРАНИ...а славески ама координираше тоа ЧУДО!!! до милијарда и двеста милиона стигна со Проекти.

Ѓошев треба сепак да си побара блиндиран автомобил....незнам дали овие на власт ќе имаат трпение да го дочекаат регуларниот крај на неговиот мандат....
Мора гувернер да има такво возило...зарем не е блиндиран Гошев??
 
se dur ne se smeni kursot narodov ce raboti za dzabe i ce gladue..
За ова последново (ако добро разбрав), викаш со девалвација ќе си ги решиме проблемите....???!!!
Србиве имаат флексибилен курс и за време на кризава заглавија бетер од нас, валутата им девалвира.... И сега жалат зошто немале фиксен курс.
За нашите проблеми нема едноставни решенија како девалвација. Може само да се направи огромна штета.
Во иднина може и да преминеме на флексибилен курс ако постигнеме некои предуслови, но тоа е друга тема.
 
Тоа да видиш...ние сме држава со мега администрација а споредено со западните земји(нели ојме во ЕУУУ ЕУУ.) каде на 20 милиона жители имаш околу 30 000 администрацијаа ние ем 2 милиона ем 100 000 администрација

Какво решение ти предлагаш, да избркаме од работа 50 илјади луѓе?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom