Апсурдите на НБМ(Народна Банка на Македонија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Monti Pajton
  • Време на започнување Време на започнување
Фала богу се разви некаква економска дебата по однос на текстов. До пред малку на форумџииве поважен им беше Томе Неновски и дали е или не советник во Владата!!:tapp:
Леандра како и обично се обидува да биде иронична, но само успева да ни продаде празна демагогија; нејзиниот привезок попознат како Марсовка ни го претставува Гошев како Господ!! Според неа никој не смее да се сомнева во неговите постапки. Дипична дефиниција за догматично однесување- слепо верување. А сега ке се скрие некаде во некоја дупка, за повторно да изникне како Феникс на некоја друга тема и таму да го шири своето незнаење.:toe:


Абе аБсурд еден,можеш ли текстов во кратки црти да го раскажеш? Почни од Јануари 2009,заврши до Март 2010.

Молам?
 
Зошто поскапуваат?? Јас зборам за Задолжителната резерва која е инструмент на Монетарната политика.

Имаш 20% задолжителна резерва во НБМ.

Се намалува на 10% и сега имаш 10% плус слободни пари кај банките кој ОНИ бираат каде ќе ги пласираат.

Ако фирма заглавена до гуша нешто поради непријавување данок,па КАСАП и по уште нови 300 основи бара кредит ма ЈОК...не верувам да добие:toe:

А ако се слуќи МАГИЈА и го добие кредитот-истата во иднина ќе работи за....Камата:)

Дефинитивно нешто радикално треба да се направи , ама нажалост нема такво нешто да се случи , барем во наредните 7 години. Тогаш .........2017 би требале Клингтонците да "паднат" од небото..... :)
 

Не се моли за џабе,не фаќа твоето.Туку објасни го текстов,како просветлувач,што,како,зошто,не туку плукај во височина,секако пак на лице ќе ти се залепи.
 
За гаранција за депозити (одржување на ликвидност на банка), а претходно била помала (околу 8%, не сум сигурен). На овој начин поскапуваат изворите на средства...поскапи кредити...

Не само што поскапуваат, туку почнува и да ги нема. Убаво си пишува во текстот, на банките им е многу попогодно парите да ги чуваат во Народна Банка во форма на благајнички записи кои им носат високи камати и низок ризик. Доколку не се продаваа волку благајнички записи банките ке немаа избор и ке мораа да го зголемат бројот на кредити наменети за претпријатијата.

Неверојатно нелогична е политикава која ја води Народната Банка!! Волку рестриктивна монетарна политика немаше ни во време на војната во 2001.:toe: И сето тоа во време кога сите останати Централни Банки водат експанзивни политики за да ја потикнат побарувачката и да излезат од економската криза. Лудило е работава, ама кога имаме неписмена раја ке имаме и вакви состојби.

Не се моли за џабе,не фаќа твоето.Туку објасни го текстов,како просветлувач,што,како,зошто,не туку плукај во височина,секако пак на лице ќе ти се залепи.

Тој дел од текстот што го цитираше или целиот текст треба да го коментирам?
 
Лудило е работава, ама кога имаме неписмена раја ке имаме и вакви состојби.
За ова си целосно во право.
Туку застани,смири се,поклони се и почни.Зошто НБРМ од експанзивна премина рестриктивна,не се фаќај за опашката зошто денес немаме кредити.Или ако сакаш да ги отвориме сите теми во кои се зборуваше дека денес ќе имаме ваква состојба,она што го дробевме лани да не се повторуваме.
Томе го прочитавме што кажал,папагал не ни треба.
 
Не само што поскапуваат, туку почнува и да ги нема. Убаво си пишува во текстот, на банките им е многу попогодно парите да ги чуваат во Народна Банка во форма на благајнички записи кои им носат високи камати и низок ризик. Доколку не се продаваа волку благајнички записи банките ке немаа избор и ке мораа да го зголемат бројот на кредити наменети за претпријатијата.

Неверојатно нелогична е политикава која ја води Народната Банка!! Волку рестриктивна монетарна политика немаше ни во време на војната во 2001.:toe: И сето тоа во време кога сите останати Централни Банки водат експанзивни политики за да ја потикнат побарувачката и да излезат од економската криза. Лудило е работава, ама кога имаме неписмена раја ке имаме и вакви состојби.

Рестриктивна монетарна политика никогаш, никаде, не се спроведува затоа што некому ќе му ќефне такво нешто.
Во економија каква е Македонскат, парите мораат да се извлекуваат и да се смрзнуваат, зошто во спротивно, во ситуација на НЕМАЊЕ УСУЛ се наоколу бргу ќе зоврие до ниво на експлозија.
Иако изгледа дека околу тоа ич не се слагаме...сепак Гошев е најдоброто нешто во доменот на парите , што ни се случува последните години..., не дека е најумен , туку затоа што по карактер и по се друго е најпогоден за работата КОЈА МУ Е НАЛОЖЕНА ДА ЈА РАБОТИ....:)
 
За ова си целосно во право.
Туку застани,смири се,поклони се и почни.Зошто НБРМ од експанзивна премина рестриктивна,не се фаќај за опашката зошто денес немаме кредити.

Не премина од експанзивна кон рестриктивна, туку од рестриктивна кон порестриктивна!! А зашто се решиле за тоа сеуште се чудам. Господинот Гошев изгледа е многу срамежлив и не се чувствува должен да ни објасни на нас граѓаните зашто се решил да имобилизира над 600 милиони евра од стопанството во време на економска криза, спротивно од она што го прават сите останати банки.


Или ако сакаш да ги отвориме сите теми во кои се зборуваше дека денес ќе имаме ваква состојба,она што го дробевме лани да не се повторуваме.
Томе го прочитавме што кажал,папагал не ни треба.

Ти многу работи дробеше, за некои се потсетивме и посмеавме ако ти текнува!!?:kesa: Ама ако мислиш дека ке извлечеш некоја поента која ке и помогне на дебатата тогаш би мај гест.
 
. Доколку не се продаваа волку благајнички записи банките ке немаа избор и ке мораа да го зголемат бројот на кредити наменети за претпријатијата.
Како тоа банките ќе немале избор па на полупропадната фирма да и дава Кредит или тоа ти е исто ко на 90 годишно лице да одобрат потрошувачки.

Банките тогаш најблаго речено ќе се занимаваа со гаранции на пример,па потоа со складирање на пари во странски банки или пак кредитирање странски фирми(без разлика кој сектор)...НЕ ДОМАШНИ....се разбира освен оние успешните ДОМАШНИ кои се реткост-значи пак ефектот ќе изостанеше а можеби и ако некоја банка се ЗАЛЕТА раздавајќи кредити на кој како му сака ...дефинитивно ќе пропадне-а тоа е Штета за Економијата уствари ТРАУМА еве Македонска Банка(таа со лавчето)...

тики ај МБ е друга приказна-но поентата ми е дека штета е банка да пропадне за ЦЕЛА ЕКОНОМИЈА..

Ти би Позајмил на некој кај кој според документација,извештаи имаш 92% веројатност ДЕКА НЕМА ти ВРАТИ нит главнина а камо ли камата??

Дефинитивно нешто радикално треба да се направи , ама нажалост нема такво нешто да се случи , барем во наредните 7 години. Тогаш .........2017 би требале Клингтонците да "паднат" од небото..... :)

Епа трпевме трпевмееее....уште 7 години не се многу.

Еј хаха

Дај линк дека во 2017 ќе идат клингонци:pos2:
 
Не премина од експанзивна кон рестриктивна, туку од рестриктивна кон порестриктивна!! А зашто се решиле за тоа сеуште се чудам. Господинот Гошев изгледа е многу срамежлив и не се чувствува должен да ни објасни на нас граѓаните зашто се решил да имобилизира над 600 милиони евра од стопанството во време на економска криза, спротивно од она што го прават сите останати банки.




Ти многу работи дробеше, за некои се потсетивме и посмеавме ако ти текнува!!?:kesa: Ама ако мислиш дека ке извлечеш некоја поента која ке и помогне на дебатата тогаш би мај гест.

За ова ли се мислеше пола саат?
Фала богу што си тука нема на што да се смееме и фала за објаснувањето на текстов,не исшамари квалитетно :pos2:
Стварно е аБсурден текстов.
 
Како тоа банките ќе немале избор па на полупропадната фирма да и дава Кредит или тоа ти е исто ко на 90 годишно лице да одобрат потрошувачки.

Аха значи кај нас нема фирми на кои би можело да им се одобри кредит? Ако е така тогаш стварно сме дегенска нација и за нашата сиромаштија и апатија е виновно само нашето незнаење.

Банките тогаш најблаго речено ќе се занимаваа со гаранции на пример,па потоа со складирање на пари во странски банки

1.Да стават толку многу пари во гаранции е невозможно
2.Да ги складираат во странски банки би им донело многу мал принос.

или пак кредитирање странски фирми(без разлика кој сектор)...НЕ ДОМАШНИ....

Сите фирми во Македонија се домашни и од тој аспект финансирањето на било која од нив е погодност за Македонската економија. Дали сопственост на тие фирми е во рацете на Македонец е неважно прашање во дебатава!!
 
За ова ли се мислеше пола саат?
Фала богу што си тука нема на што да се смееме и фала за објаснувањето на текстов,не исшамари квалитетно :pos2:
Стварно е аБсурден текстов.

Го објаснив пред малку твоето однесување:

Фала богу се разви некаква економска дебата по однос на текстов. До пред малку на форумџииве поважен им беше Томе Неновски и дали е или не советник во Владата!!:tapp:
Леандра како и обично се обидува да биде иронична, но само успева да ни продаде празна демагогија; нејзиниот привезок попознат како Марсовка ни го претставува Гошев како Господ!! Според неа никој не смее да се сомнева во неговите постапки. Дипична дефиниција за догматично однесување- слепо верување. А сега ке се скрие некаде во некоја дупка, за повторно да изникне како Феникс на некоја друга тема и таму да го шири своето незнаење.:toe:

Незнам зашто се навреди кога е чиста вистина!! Или можеби мислиш дека придонесуваш нешто во темава? Жалам меѓутоа од твоите постови тоа не се приметува!! Може ке сакаш да ти ги прикажам сите твои одговори за да видиш дека е тоа така?
 
Нема врска дали сопственик е странец ил македонец.

Понатаму велиш складирањето не носи приход...ама јас мислев на купување троа акции..оти на среден ил долг рок приходот од нив е поголем од каматата...а има акции за купување...на балканов.

Не велам сите да ги стават во гаранции но сепак дел ОБАВЕЗНО се алоцира таму..


Аха значи кај нас нема фирми на кои би можело да им се одобри кредит?

Наброј барем 70 еве средни и 30 Големи претпријатија кои ќе бидат верни комитенти и кои имаат капацитас да враќаат кредити??

Рестриктивна монетарна политика никогаш, никаде, не се спроведува затоа што некому ќе му ќефне такво нешто.
Во економија каква е Македонскат, парите мораат да се извлекуваат и да се смрзнуваат, зошто во спротивно, во ситуација на НЕМАЊЕ УСУЛ се наоколу бргу ќе зоврие до ниво на експлозија.

Мислиш нешто налик со ќесе пари влеваш во супермаркет и излеваш(вратата е со сензоррр!!) со кутија цигари и тип 500...во грама се разбира
 
Нема врска дали сопственик е странец ил македонец.

Токму така!! Секоја фирма во Македонија придонесува за македонскиот БДП, без разлика дали сопственикот е Македонец или странец.

Понатаму велиш складирањето не носи приход...ама јас мислев на купување троа акции..оти на среден ил долг рок приходот од нив е поголем од каматата...а има акции за купување...на балканов.

Нашите банки да инвестираат во акции??!! Погледни им ги портфолијата и ке сватиш дека нашите банки никогаш не го правеле ниту во брзо време ке го прават. Нашите банки се водат по принципите на традиционалното банкарство, а тоа не дозволува ризични потфати од типот на инвестирање во акции. Се знае која е работата на банките, кредитирање на стопанството. Ако тоа неможат да го прават тогаш немаме ни потреба од банки.

Не велам сите да ги стават во гаранции но сепак дел ОБАВЕЗНО се алоцира таму..

Повторно, погледни им ги потрфолијата и ке видиш колку незначителни се тие бројки.



Наброј барем 70 еве средни и 30 Големи претпријатија кои ќе бидат верни комитенти и кои имаат капацитас да враќаат кредити??


Не ме зафркавај.:vozbud: Ти реков ако стварно тоа што го викаш е точно тогаш ние како народ треба да се засрамиме.
 
Нашите банки да инвестираат во акции??!! Погледни им ги портфолијата и ке сватиш дека нашите банки никогаш не го правеле ниту во брзо време ке го прават. Се знае која е работата на банките, кредитирање на стопанството. Ако тоа неможат да го прават тогаш немаме ни потреба од банки.

Зошто де банките имаат широк спектар на работи кои им носат профит меѓу кои Е и КРЕДИТИРАЊЕТО на стопанството а и физичките лица.(значи не им е Основна дејност...имаат они избор....и бегаат од Мањак или МИНУС како ѓаволо од Бога.)

Нашите банки се водат по принципите на традиционалното банкарство, а тоа не дозволува ризични потфати од типот на инвестирање во акции.

Зошто да не...каде има профит таму се и они,а зарем во Кредитирање полупропаднато претпријатие со обврски 2 пати поголеми од неговата вредност нема РИЗИК???

Сега можеш и ти да оформиш фирма и да бараш 20000 евра кредит а со основен капитал 5000-8000 евра и ништо повеќе...мислиш ли дека ќе ти одобрат(сакаш мало ресторанче еве пример..а ХАСАП е минимум 7000 евра,па постојани средства(по стандард) потоа работна рака(квалификувана) и...еве да бидеш ВО ИГРАТА наречена БИЗнис:toe:

Ете побарај,аплицирај ГАРАНТ не добиваш....ама НБРМ не е Виновна за тоа...си има кредитен одбор банката и таму си решаваат.

Не ме зафркавај.:vozbud: Ти реков ако стварно тоа што го викаш е точно тогаш ние како народ треба да се засрамиме.

Епа дај 30 Големи претпријатија од рангот на Алкалоид,ОКТА,Јегуновце, ФЕНИ....се до средни 70 кои имаат капацитас да вратат кредит над милион евра(ај за средните еве 500000евра нека биде...треба да се Срамиме ами КАКО...шчо напраифме и шчо треба да праиме...таа е нашата за жал...додека околу нас работите се менуваат.:toe:
 
Незнам зашто се навреди кога е чиста вистина!! Или можеби мислиш дека придонесуваш нешто во темава? Жалам меѓутоа од твоите постови тоа не се приметува!! Може ке сакаш да ти ги прикажам сите твои одговори за да видиш дека е тоа така?

На македонски:Што требаше да направи НБРМ во 2009 ?

Monti Pajton напиша:
Не премина од експанзивна кон рестриктивна, туку од рестриктивна кон порестриктивна!! А зашто се решиле за тоа сеуште се чудам. Господинот Гошев изгледа е многу срамежлив и не се чувствува должен да ни објасни на нас граѓаните зашто се решил да имобилизира над 600 милиони евра од стопанството во време на економска криза, спротивно од она што го прават сите останати банки.

Monti Pajton напиша:
На државава и требаат пари да троши и таа издава државни записи. Тоа е редовна пракса од 2003. Тоа не значи дека ке банкротираме(далеку е од тоа). Лошо е тоа што нивната потреба од пари за финансирање на државни проекти ги зголемува каматните стапки за стопанството. Владата веројатно смета дека мора да троши повеке за да го одржи стопанството и производството. Ке видиме што ке направат,

И неколку мои демагогии,нали:)))
http://forum.kajgana.com//showpost.php?p=2476320&postcount=101
http://forum.kajgana.com//showpost.php?p=2486151&postcount=118

Ако нешто не разбира,зошто е ова на темава,обрати ми се.

Monti Pajton напиша:
Ти многу работи дробеше, за некои се потсетивме и посмеавме ако ти текнува!!?:kesa: Ама ако мислиш дека ке извлечеш некоја поента која ке и помогне на дебатата тогаш би мај гест.

Подоле имаш за консолидиран буџет,ти текнува? :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom