Виртуелно vs реално ораторство

  • Креатор на темата Креатор на темата Kallista
  • Време на започнување Време на започнување
A оној што ич не зборува во реалниот свет, а пишува по 100 страни виртуелно.....што кажува тоа за него?
Па, може да каже две одделни работи.
Под а - личноста подобро се изразува писмено. (можеби не му се допаѓа личноста пред која не бекнува ни збор и не сака да комуницира со неа)
Под б - личноста е интровертна, фејкерска величина, која го прави на интернет просторот сето она што не го може во реалниот живот, а тоа е - да наметне свој став.
 
Еден глуп феномен што приметив неодамна е кога на човек му е роденден, ако сака да види кој се му честитал, треба да се стаи на фејсбук, наместо фино-лепо да си добие порака/јавување на телефон. Ако моите блиски пријатели не ми честитаат роденден на телефон туку на фејсбук, онда ќе си го избришам профилот.:)

Малце глуп муабет ми е ова "Фејсбук - НЕ, телефон - Да!"
Разликата?
На телефон му го слушаш гласот?
Или, те радува што наместо да види на фејсбук кога ти е роденден, на него му текнало? (што, неможеш да знаеш)


Денес муабетите ако не се базираат на фејсбук, ондак се заменуваат за телефон.
Као, телефонот не е виртуелна реалност, телефонот не те праи нрд.


Едноставно, ни 2те не ми се оправдание.
Ако веќе неможе да ми честита у живо, сеедно ми е дали ќе ми честита на емесенен или Sms. Онака, стварно сеедно.
Си сакам гушкање и тегнење за уши бе -.-


Што се однесува конкретно до прашањето на сексиљава.
На форум реплицирам на кој стигнам, најчесто реплицирам ако не се слагам.
У живо, па и не зборам баш со кој стигнам. Си бирам луѓе, со некој комуникацијата ти е течна, со некој немоеш да се снајдеш пошо врска немаш шо да збориш.

Сите го поставуваат прашањето, али 99 посто пак очекуваат од другиот да биде тој шо ќе го води разговорот.

Као, сите разочарани што на собиранката оние фаци што им биле интересни, не им праеле муабет :(
Awww :(

Сите си се дојдени со друштво, и сигурно ако се начекаат Мики1 и ateist на собиранка, нема да разврзуваат муабети ко шо знаат у религија, туку ќе си кажат "Здрао шопрајш како си" и толку.
И тоа ги прави некомуникативни? Тоа ги прави нрдови што муабет знаат да сврзат само на нет?
 
Виртуелното ораторство го уби здравото социјализирање:toe:
 
Не знам за вас ама ја никако не можем да напраем муабет на мсн. У живо сум далеку поопуштен и покомуникативен =]
 
Не знам за вас ама ја никако не можем да напраем муабет на мсн. У живо сум далеку поопуштен и покомуникативен =]

Исто и тука. МСН користам многу малку односно кога сум онлајн не значи дека треба да исконтактирам со сите контакти што се во тој момент слободни и празни муабети од типот што правиш, кај беше денес итн...
Долгото седење пред компјутер не приморува да чатуваме со саати со одредени личности и тоа некои го сметаат за социјализирање, што е буквално убиствено.
Само што во иднина сигурен сум дека виртуелните другарчиња, мрежи за социјализирање не само што ќе бидат поизразени туку еден ден нема да има потреба истите да излегуваат од дома и ќе бидат "роботизирани" дечиња. Неизбежната глобализација и технологија ќе си го направи своето.
 
Јас сум се сретнала со 4 категории на луѓе:

- луѓе со кои на мсн ми оди муабетот, а кога сме се сретнале во живо сме немале теми на разговор
- луѓе со кои на мсн ми одел муабетот, а истиот се продолжил при средбата во живо
- луѓе со кои во живо ми оди муабетот но на мсн неможам да комуницирам
- луѓе кои ми се блиски во живо, а со кои на мсн неможам повеќе од 10 реда муабет да направам.

Првата категорија и не ја среќавам често. Ако со некој ми оди муабетот на мсн, ќе ми оди и во живо. Ако не, во живо секако дека ќе направам муабет од типот како си/што ќе се пофалиш/што има ново, но тоа е површински муабет. Со оние со кои во живо сум премногу блиска, постојано сум во нивна близина и можам од најпрост муабет да преминам во сериозна дискусија, на мсн неможам да зборам. Со таквите луѓе, на мсн правам муабет што правиш/како си/што правиме за вечер и ништо повеќе. Секако, има и исклучоци.

За тоа како мене ме гледаат луѓето и за моите ораторски способности, јас и на форум и на мсн и во живо сум истата. Се изразувам на ист начин, истите ставови ги завземам, а откако почнав да членувам на форуми приметив и подобрување на моите ораторски способности. Иако, многу понаници кои од виртуелниот преминале во реалниот свет, при првата средба секогаш ми ја наоѓаат истата замерка: премногу се срамиш. После тоа се опуштам, но на почетокот секогаш ми е така.
 
Во суштина, кој многу зборува, малку кажува. Темата е оксиморон.

Вака ни изгледаат сите книги, муабети, говори, теории кои не ги разбираме.

- луѓе со кои во живо ми оди муабетот но на мсн неможам да комуницирам
- луѓе кои ми се блиски во живо, а со кои на мсн неможам повеќе од 10 реда муабет да направам.

Меѓу овие две "категории" нема никаква разлика, освен што е нужно да се пополни местото на четврта категорија, за да се зголеми бројот на "категоризирање" и разложување на "проблематиката" и стекнување на еден добар сјај, изгланцан од желбата да се прди доста консонантно, а воедно да се опфатат тонови и акорди кои ќе отсвират една добра симфонија.

Гравот не чини во овој случај.

За тоа како мене ме гледаат луѓето и за моите ораторски способности, јас и на форум и на мсн и во живо сум истата. Се изразувам на ист начин, истите ставови ги завземам, а откако почнав да членувам на форуми приметив и подобрување на моите ораторски способности. Иако, многу понаници кои од виртуелниот преминале во реалниот свет, при првата средба секогаш ми ја наоѓаат истата замерка: премногу се срамиш. После тоа се опуштам, но на почетокот секогаш ми е така.

Ова ли е подобрување?

П
Под б - личноста е интровертна, фејкерска величина, која го прави на интернет просторот сето она што не го може во реалниот живот, а тоа е - да наметне свој став.

И што став наметнува кутриот идиличен селски А1 (Васко Ефтов) дрон, со колумна како ја ебел кравата, додека некој друг ја молзел?
Муабетот ми беше на порно колумните, кои едно време беа фамозни и славни, дури и беше "срам" за един форумски фраер-ка да нема напишано како лижел пичка (пушела кур). Сето ова на форум.

Како тој мене ќе ми наметне став? Што став ќе ми наметне? Дека треба и јас да тртам крава или коза?

Фејсубк поттикнува асоцијализација и тоа страшна асоцијализација. Виртуелните другарчиња се во игра, односно се е механизирано би рекол.

Чудна работа, кај мене па обратно.

Освен што социјализира, туку и сексуализира, злоогласениот фејсбук. Аллах здравје да му дај на тој шо го измисли.
А за се друго, постои форумов, кој и оние по малку ебачите, си фаќаат женски, па на крај други им ги дупат, па се се врти околу дупење, социјализирање, сексуализирање...
 
И двете имаат предности и недостатоци. Битно е да не се изгуби смислата на нивниот начин на употреба за сопствено презентирање како оратор. Јас двете ораторства ги сфаќам како филм и театар. Виртуелното ораторство е како фил, во кој една ораторска сцена можеме да ја повторуваме онолку пати, колку што ќе биде потребно да не задоволи, притоа користејќи голем број на технички помагала и ефекти кои ќе го зголемат нашето ораторско ниво на претставување. Додека пак реалното ораторство е како театар, каде што на располагање доаѓа нашата ораторска моќ, онолку, колку што претходно сме научиле за да се претставиме како добар реален оратор. Се разбира во предвит доаѓа мала импровизација, која треба да помогне на места каде што сме заборавиле одредени делови од говорот, но да биде со вкус и неприметно. Во спротивно голема импровизација може да не претвори во оратор- статист кој секогаш ќе биде само дополнувач на сцени каде што не се бара никаков говор.
 
Се пронајдов во темава.
Јас си признавам дека во живо едвај уста отворам. Таква сум , срамежлива. Чист пример мини собиранката што беше во Бариста пред месец дена. Со маца_дарк на мсн имаме повеќе муабет, кога се видовме во живо скоро и не проговоривме. :kesa:
Не дека ми влијае тоа што дремам на интернет па во живо сум сосема друга. Ама ете, таква сум ме фаќа срам од незнам што.
Имав една случка пред 2-3 години со една девојка на мирц зборувавме 24/7. За се и сешто. Кога се видовме во живо разменивме по 2-3 збора. Само ме праша што има ново и толку. До ден денес со неа разговарам на емесен исто како и предходно а верувам да се видиме во живо пак дека пак ќе биде истата ситуација од предходниот пат. :toe:
 
Малце глуп муабет ми е ова "Фејсбук - НЕ, телефон - Да!"
Разликата?
На телефон му го слушаш гласот?
Или, те радува што наместо да види на фејсбук кога ти е роденден, на него му текнало? (што, неможеш да знаеш)


Денес муабетите ако не се базираат на фејсбук, ондак се заменуваат за телефон.
Као, телефонот не е виртуелна реалност, телефонот не те праи нрд.


Едноставно, ни 2те не ми се оправдание.
Ако веќе неможе да ми честита у живо, сеедно ми е дали ќе ми честита на емесенен или Sms. Онака, стварно сеедно.
Си сакам гушкање и тегнење за уши бе -.-

И ја си сакам гушкање и тегнење за уши бе, ама тоа се дешава обично вечерта кога го славам роденденот. Тоа не значи дека не сакам преку денот да добијам пораки или јавувања за среќен роденден. Фората е, ако не можам да се стаам на фејс тој ден, нема да знам ни кој се ми честитал. И после ќе дојде некој од нив на вечерното славење и ќе рече:"А виде што ти пратив на фејс?" :helou:
И не ми е битно дали им текнало дека ми е роденден или виделе на фејс, пошо и ја тешко ги памтам датумите (баш вчера бев на фејс за да видам кога и` е роденден на другарка).

Околу праењето сериозни муабети на собиранка, у право си. Не очекував да зборам за философија на собирот.:wink:
 
Меѓу овие две "категории" нема никаква разлика, освен што е нужно да се пополни местото на четврта категорија, за да се зголеми бројот на "категоризирање" и разложување на "проблематиката" и стекнување на еден добар сјај, изгланцан од желбата да се прди доста консонантно, а воедно да се опфатат тонови и акорди кои ќе отсвират една добра симфонија.

Гравот не чини во овој случај.



Ова ли е подобрување?

Разликата помеѓу тие две категории е во тоа што, првата се однесува на познанства кои од виртуелниот се пренеле во реалниот свет, а другата е обратно, луѓе со кои комуницирам виртуелно кога имам потреба.

Подобрувањето се однесува на ораторските способности и вештината да се состави просто-проширена реченица.
 
хах мене на фејс 100 души ми честитаа роденден, а со три четвртини немам муабет од пред 10 год кога завршив школо. Нит сме се чуле нит сме се виделе, ниту па сакам да ги видам искрено. Кога сум на фејс се занимавам со идиотски игри и најчесто сум офлајн, на скајп отсутна.
Правење муабет на скајп и сл. ми е некако бездушно.
И со ептен малку луѓе ми се погаѓа муабетот на нетов. Мразам официјални муабети или нешо така, а и бесмислено ми е кога јас се смеам на монитор :nesvest:
 
Kako и на темава шо се изгуби.:pipi:
При 10 прашања, одговори само на едно :аплауз:
Ама ќе ти се бројат постови и после ќе мислат дека си интелегентен :tapp:

Е не се 10 прашања сеа не ме срамувај вака...:vozbud:
 
Во главно полесно комуницирам во живо отколку на нет, затоа што кога зборам многу мавтам со рацете, вртам со очите, правам фаци, а тоа на нет го нема (и покрај сите анимации) затоа многу често може да дојде до недоразбирање.
Често кога правам муабет со некој на МСН јас се газам од смеење, а другиот мисли дека сум озбилна џабе јас си пишувам „хахаха“ или слично и обратно, кога сум озбилна другиот мисли дека се зезам и отиде муабетот........
 
Нетот го користам во 60% од мојата комуникација ...Но секогаш преферирам некои муабети да не ги правам виртуелно туку очи во очи така сметам дека би било подобро...Мсн или другите програми слични на него ги користам но од искуството ќе кажам дека не сум секогаш сфатена како што јас мислам и кажувам туку поинаку.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom