Центри за социјални работи

  • Креатор на темата Креатор на темата експерт
  • Време на започнување Време на започнување
Е

експерт

Гостин
Ме заинтересира приказната за семејството Кулевски, на кое во несреќен случај им изгоре бебето, сега државата и Центарот за социјална работа со образложение дека немаат материјални услови, ќе им го одземат и другото дете и ќе го доделат во друго семејство.

Прашувам дали навистина има таков закон кој вели дека треба да им се одземат децата на семејствата кои немаат добри материјални услови.

ПОВЕЌЕ

СЕКОЈ РОДИТЕЛ ИМА ПРАВО И ОБВРСКА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СВОИТЕ ДЕЦА!
 
Постои Закон за социјална заштита, каде што децата без родители речиси и да се поистоветуваат со децата без родителска грижа. Исти права имаат и тие и тие.
Мислам дека центарот одредува кои деца немаат родителска грижа.

Значи и пред пожарот живееле Кулевски во лоши, мизерни услови, па веројатно центарот става вина на родителите и за смртта на бебето. Плус бремена е жената со уште едно дете а немаат никакви услови. За што го прават тоа дете не ми е јасно??? Кога немаат храна ни за себе ни за останатите 2 деца т.е. сега веќе едно дете. И живееле порано во шупа!

Треба државата да им помага, ама како да им помогне на 10 деца во едно социјално семејство? Што раѓаат по 10 деца?
Секаде во светот постои оваа практика да центрите за социјални работи ги одзимаат децата на родителите кои не водат доволно грижа.

Родителиве може и не се невини како што се претставуваат! Зашто го оставиле бебето само да изгори? Кај биле тие тогаш? Што прават 3 деца кога немаат услови?

Онаа група на Фб е безвезе. Ај да им ги оставиме децата и на мајки проститутки, наркоманки, на родители кои ги тепаат децата, родители кои само прават деца а немаат да ги прехранат и ги тераат да просат итн... Центарот добро е и што ги набљудува овие деца. Ако не ги прати е лошо.
 
Да, државата има право да одземе родителско право на еден или на двајцата родители.
Во семејното право, кога се работи за дете, се гледа интересот на детето во секој случај. Од она што го гледавме на ТВ како живеат луѓето...не да немаат услови, туку ептен немаат услови...
Од друга страна, родителите се соочуваат со кривична пријава за запоставување и негрижа на дете, кое резултирало со смрт на детето, кое е основ за одземање на родителското право.
Гледам дека е отворена и група на фејсбук...нејзиниот назив е убав... вели: ПРАВО И ОБВРСКА!!!
Тоа е признато право, ама и обврска...што ако родителите не ја почитуваат таа обврска?
Тогаш државата има право да го одземе тоа право кое го признала.
 
Ама не ми е јасно како со образложение дека немаат материјална помош ќе им го одземат детето. Не знам дали имаат таква надлежност и ако имаат тоа сметам дека не е во ред.
Ако се работи за психички онеспособен родител е друга работа.
 
За да му овозможиш на едно дете нормален живот, треба да имаш пари...Немаш пари, го запоставуваш детето, како во случајов, и тоа доведува до она што се случи...
Е, како да не му одземеш родителско право?!
Не се живее само од љубов, светов е сепак материјален.
 
Не ми се верува шо слушам.
Ако родителот е психички нормален и не го дава детето како може да му го земат само заради што е сиромашен.
Ако го дава родителот е друго, ама насила да му го земат, прв пат слушам, затоа се изненадив, и уште ако има таков закон. :tapp:
 
Ама чекај што е чудно?
Не збориме за секоја сиромаштија тука, збориме за мизерни услови и речиси немање на денар. Живееш во шупа, немаш греење или 1 дрвце на ден, немаш пари за исхрана, цела година носи едно парче облека, без електрична енергија итн.
А пак прави 3 деца. Зашто? И може уште повеќе ќе прави. И што живот ќе видат тие деца? Измачување, изгладнување, измрзнување, болести, дури и смртни случаи поради негрижа.
Тој родител не ги знае правата и обврските спрема своите деца, а сака да е родител. Тоа не иде така!
 
Баш на истава тема правев муабет со еден од најстручните и најискусните луѓе за социјални работи во државава, плус човек што е едноставно роден за таа работа. Ми рече дека е тоа мерка што се презема само во крајни случаи. Голем грев е да раздвоиш дете од родител. Како и во секоја друга област, постојат други поблаги мерки пред да се преземе најстрогата. Прво треба социјалните работници да ги посетуваат, да работат со семејството, да му даваат помош итн. Сега социјалната работа се сведува на канцелариска, а најмалку треба да биде тоа.
Се научиле одземање на детето и - завршена работа. Еве, не само за семејството што им изгоре детето туку и со семејството на Ангела е исто. :(
 
Прашувам дали навистина има таков закон кој вели дека треба да им се одземат децата на семејствата кои немаат добри материјални услови.

ПОВЕЌЕ

СЕКОЈ РОДИТЕЛ ИМА ПРАВО И ОБВРСКА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СВОИТЕ ДЕЦА!

Да, постои таков Закон и постапка која се спроведува при такви ситуации. Постапка за одземање родителско право се спроведува според Законот за вонпарнична постапка, каде се предвидени условите кои треба да се исполнети, за да дојде до одземање или враќање на родителското право.
 
Ама не ми е јасно како со образложение дека немаат материјална помош ќе им го одземат детето. Не знам дали имаат таква надлежност и ако имаат тоа сметам дека не е во ред.
Ако се работи за психички онеспособен родител е друга работа.

Добро ако родителот е деловно неспособен автоматски го губи родителското право.
Во случајов според мене немањето на основни средства за егзистенција е само + фактор за да се лишуваат од родителското право т.е да им се одземе детето.
Како прво родителот е должен да се грижи за личноста на детето, негово образование итн...а случајов цели кон занемарување т.е запуштање на малолетното дете (што е аргумент за одземањето на родителското право) и токму поради небрежност се случува несреќата и сето тоа води кон фактот дека истото или сл. може да му се случи и на другото дете со што е загрозен неговиот живот и уште некои други детали кои што би влијаеле во целата оваа постапка

сепак не е се до недостатокот на материјалните средства за опстанок...
 
Право имаат. И фала му на Бога за тоа.
Дали треба... зависи од многу околности.
Доколку се работи за негрижа, дефинитивно да. Меѓутоа, само поради сиромаштијата, мислам дека апсолутно не треба да се одземе нечие дете. Не заборавајте, воглавно богатството е ептен променлива категорија. Државата наместо да им го одземе детето поради сиромаштија, може на пример да ги вработи да го градат Скопје 2014. 4 години родителиве ќе бидат на некој начин материјално осигурани.

Патем, росоњерка, млада си ама верувам дека понатаму животот ќе те научи дека деца не се прават. Имам роднини што 15 години прават деца, па никако да го доправат. Се нешто у постапка. А за кондом не му збори на човеков што живее во шупа, затоашто може да те фукне со лопата по глава :)
Исто така ни за сексуална апсиненција :nesum:
 
Jaс зборев за намерното правење (убав термин си е :)) деца. ,,Немам пари ама ќе имам 15 деца тие се божји дар, ќе ги родам па што сакаат нека прават потоа."
Е слични вакви изјави имаше една женичка со социјална помош со 12сетина деца дома и она сакала уште деца. Иако нема пари ни едно да издржи.
Се чудам на многу семејства кои примаат социјална помош, со двајца невработени родители и сакаат многу деца. Ај за едно ќе се снајдат некако, ама како да се снајдат за 5? Па моите дома со солидни примања 2 неможат да не исчуваат, па камо ли 15 деца.
Па и баба ми и дедо ми немале пари за кондом, ама има и едно што се вика прекинат сексуален однос. За кој неверувам дека не слушнале сите. Не дека неможе да се згреши тука. Ама не се греши 15 пати :icon_lol:
Јас не го оправдувам тоа што зачнуваат дете секоја втора година. Едно дете бара грижи, не е доволно само да се роди.
Ама необразованост, женската еманципација на најниско ниво, сиромаштија, така да вајда мислат дека тие деца среќни ќе ги направат. Ама каква среќа гледаат кога децата се гладни, необлечени и измрзнати?
И во краен случај тука е центарот за социјални работи ...
 
Во државава не сум сигурн дека на некого му е одземено родителското право досега. (не зборам за луѓе со посебни потреби) Или можеби на 5 случаи најмногу од независноста до сега.
А старателство да. Во секој случај ставот е дека е подобро со некаков родител од никаков. Не знам баш дали е исправен, ама во случајов за сиромаштија да се одземе родителско право тогаш државава треба да си го избрише тоа социјална од Уставот. Зароа што дефинитивно не е.

У С Т А В 2)
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држа-
ва.

Право на живот- не значи само да животариш и преживуваш туку и квалитетно да живееш.

Надлежни хелоу???
 
Jaс зборев за намерното правење (убав термин си е :)) деца. ,,Немам пари ама ќе имам 15 деца тие се божји дар, ќе ги родам па што сакаат нека прават потоа."
Намерно се осврнав на тој дел и ти се обратив, бидејќи забележав дека на неколку пати го повтори истото.
И немој да мислиш дека така викаат, бидејќи не го викаат тоа. Ај, ќе ти текне некогаш, да не одам офтопик :)

Едит: тукушто прочитав повеќе за случајов и сега веќе имам дефинитивен став дека во случајов, нема основ за одзимање на родителското право.
Државата, доколку навистина се грижи за добробит на своите граѓани, ќе се потруди ова семејство материјално да го осигура.
Пазете, не гледам друг основ по кој би го одзеле тоа право од луѓево. Единствено се имаат фатено за сиромаштијата нивна, не дека се неспособни или незнам таму кои други критериуми.
Ако навистина се грижи за своите граѓани, посебно сиромашните, имајќи во предвид (како што рече и Бат) дека земјава е СОЦИЈАЛНА држава, може да им ја покачи социјалната помош од мочани 1.100 (со букви: илјадаистоденари) денари месечно на нешто повеќе. Имаме пари, не е дека немаме. Само приоритетите ни штрчат.
Во спротивно, фино-лепо можат да си заќутат оние од социјална служба. Нема да им биде тешко, 20 години го прават тоа.
 
Ама не ми е јасно како со образложение дека немаат материјална помош ќе им го одземат детето. Не знам дали имаат таква надлежност и ако имаат тоа сметам дека не е во ред.
Ако се работи за психички онеспособен родител е друга работа.

И врз основа на нематеријална обезбеденост државата има право да го одземе детето од родителите да го згрижи во подобри и одговарачки услови, но не и да го одземе родителското право.
Правете разлика во кои случаи и кога се одзема родителското право.
Во домот 11 Октомври за деца без родители и родителска грижа се сместени деца ( самиот наслов ви кажува) без родителска грижа, значи имаат родители, но од случај до случај е различно, некои деца остваруваат контакт со родителите што значи не е прекинато родителското право. Во моментот кога ке се создадат услови тие деца се враќаат назад во семејството.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom