ЗВЕР ! ЛЕГЕНДА ! Добар смирен човек и вистински професионалец...играл и за Ајакс и за Јуве ..исто така големи клубови, ама некако како да бил роден за во Јунајтед одсекогаш !!
Еве досега воопшто не ја знаев статистиката врзана со неговите настапи и примени голови.....но чуствував ОГРОМНА сигурност во одбраната..
Се зборуваше за него дека сака нон-стоп да комуницира со првите двајца пред него и да ги распоредува лево или десно, и секогаш тоа му го препишуваат како добра особина...(на времето се збореше за колизијата Бартез и Лорен Блан)...
Ван Дер Сар е звер!
Голман на нашата генерација....со оглед на тоа што од Шмајхел фатив само 2 сезони целосни ми се чини....тој доаѓа како вистинска замена за него....дури би одел подалеку и би рекол дека се на исто рамниште (ова си е мое мислење) !
А кога ќе се сетам шо шарлатани поминја после Шмајхел ,ми се крева косата од страв дане треба да чекаме пак толку време за да си дојде нов ЕСТРА СОЛИДЕН “вратар“....
Ќо ќе ми текнит на времињата на Марк Боснич....Фабијан Бартез(освем првата сезона-кога беше перфектен) ...2 те утакмици на Масимо Таиби....Тие на Рачбука, на Рикардо, на Енди Горам...на Хауард и Керол....можи подзаборев некој али нема везе...се тоа “големи“ надежи...кои на крај испаѓаа големи “пацери“.... - ОПАСНА РАБОТА...
Овај Линдегар ми се гледа на фаца ко сигурен дечко, али фацата лаже секако.....ќе треба да почекаме да го видиме шо ќе биди!
Засега чинам во тек сте има многу пати изјавувано дека е навивач на Јунајтед од секогаш, демек Шмајхел му бил омилен голкипер (слични изјави имаше и тој младичот од Леверкузен) .... ме радува...сакам играчите да навивачле за Јунајтед, тоа некако ми влева самодоверба дека тој што го брани голот , го сака овој клуб како навивач и никогаш нема да дозволи да го стави на второ место! Белким ова негова навивачка љубов ќе ја надополни со добри одбрани, останува времето да покаже!!