Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Зашто бе си толку суров? :(

:)

Бар тој може ќе има некакви амбиции, за разлика од Торес и остала компанија моментално.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Хајлајтц ако може да ми даде некој, немав можност да го гледам натпреварот.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.942
Поени од реакции
7.055
Кои амбиции кои бакрачи бе црн Руни бе??? Па какви амбиции може да има клуб со такво реноме, традиција, историја, име освен борба за титули на сите фронта, а? Е сега сигурно дека нема шанси се да се освојува секоја сезона, па човече ти имаш само 25 години???? Досега освои 4 пати ПЛ (ако не се лажам) и две финалиња во ЛШ од кои едното го освои, стана и светски клупски првак, па што сакаш бе човек, ШТО? Ако играњето во Јунајтед те засити ако не гледаш повеќе предизвик и ако ништо не си научил од Фергусон, Сколс, Гигс, Невил....за овие 6-7 години мрш таму кај што си тргнал ама биди сигурен дека мнооогу тешко да го повториш она што го освои со Јунајтед. Казната ќе те стигне кога и да е и еден ден кога ќе играш за тимот Х, во некоја клучна утакмица против МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД верувај дека ти ќе бидеш тој што ќе плаче на крај и ќе гледа некои други момци во црвено како се радуваат ама враќање назад ќе нема. Никој кој си заминал од Јунајтед повеќе не се вратил, ама од клубот понел само победнички и шампионски спомени. Е така....

А за натпреварот денеска имав можност да го следам во Корнер (уууффф каква техника имаат :) ) и сум задоволен од победата иако е минимална сепак топката беше целосно под наша контрола. Верувам дека уште во недела ќе победиме на гости со Стоук и полека ќе влеземе во ритам. Рафаел и Евра ЅВЕРОВИ :)
 
Goon

Pogback
Член од
16 март 2010
Мислења
1.848
Поени од реакции
1.480
Интересен меч, брз гол и послето рутинирано до крај, без многу замарање и напрегање - што е и добро, затоа што сеа за викенд следува меч со Стоук во кој ќе треба да запнеме и побeдиме (finally :)).
Инаку на денешниов меч без сомнение Нани најдобар, полека станува лидер на тимот и мислам дека здравје од следната година 7ката на негов грб :icon_lol:. Штом спомнав бројки, еве мое мислење за 10ката, ако си замине Шрек мислам дека или Агуеро, или Суарез ќе дојдат кај нас и се посигурен сум ако не од Јануари, тогаш од следното лето дека Модрич ќе дојде кај нас, затоа што Лукица му е на мета на стариот уште од првата сезона во Тотенхем :toe:. ГГМЈ
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Добро е што се освоени 3 бода против Бурса, иако резултатов не ветува премногу.

Ако Руни навистина замине, ќе ме разочара многу со оглед на тоа дека ми беше омилен играч последниве сезони во тимот. Роналдо можеби беше водечка фигура, но секогаш беше копиле, а Руни мислев дека со сигурност ќе биде во тимот до крајот на кариерата. Како и да е мора да се погледне и од друга страна работата, можеби Фергусон претерува веќе со својот инает. Факт е дека до сега секогаш успеваше да излезе посилен од ваквите кризи, но премногу главни фудбалери на тимот си заминуваа заради конфликти со него.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868

Брат, Фергусон и Руни немаат никаков конфликт, Руни сакал нови играчи и демек поголеми амбиции ова она нешо. И сега демек другиве не се доволно добри и не го задоволуваат стандардот на господинот Руни, шо се замислуват дека е тој, ма нека ојт у пичку матер нека копат очи. Од омилен играч за еден ден ми стана најомразен.
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Брат, Фергусон и Руни немаат никаков конфликт, Руни сакал нови играчи и демек поголеми амбиции ова она нешо. И сега демек другиве не се доволно добри и не го задоволуваат стандардот на господинот Руни, шо се замислуват дека е тој, ма нека ојт у пичку матер нека копат очи. Од омилен играч за еден ден ми стана најомразен.
Па не би рекол дека немаат никаков конфликт. Можеби немаше директен судир, ама изјавата од минатата недела на Руни дека немал повреда на глуждот, а Ферги го тврдеше тоа претходно беше показател дека не им е баш нај нај односот. Факт е дека сезонава игра во очајна форма, но и неколку пати ја грееше клупата што сигурно дополнително го фрустрираше.

Како и да е не го оправдувам неговиот потег и сметам дека е апсурдно да се изјави за Манчестер дека нема амбиции, иако е во право дека се потребни засилувања. Сепак тој изигра само една сезона како вистински лидер на тимот и кукавички е сега да напушти.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Па не би рекол дека немаат никаков конфликт. Можеби немаше директен судир, ама изјавата од минатата недела на Руни дека немал повреда на глуждот, а Ферги го тврдеше тоа претходно беше показател дека не им е баш нај нај односот. Факт е дека сезонава игра во очајна форма, но и неколку пати ја грееше клупата што сигурно дополнително го фрустрираше.

Како и да е не го оправдувам неговиот потег и сметам дека е апсурдно да се изјави за Манчестер дека нема амбиции, иако е во право дека се потребни засилувања. Сепак тој изигра само една сезона како вистински лидер на тимот и кукавички е сега да напушти.
Прееска Фергусон изјави дека Руни навистина не бил повреден туку дека лажел. Ама сето тоа го правел за да го заштити зошто се наоѓал во лоша форма, му го предложил на Руни не гледал овој ништо лошо во тоа. Е сега ако ова Руни го искористи како оружје, алал нека му е.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Прееска Фергусон изјави дека Руни навистина не бил повреден туку дека лажел. Ама сето тоа го правел за да го заштити зошто се наоѓал во лоша форма, му го предложил на Руни не гледал овој ништо лошо во тоа. Е сега ако ова Руни го искористи како оружје, алал нека му е.
Кажал дека не го играл за да биде фит за на Вембли, дека добра игра на Вембли било шанса за враќање на формата и самодовербата.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Готово е веќе, со таквата изјава, барем кај мене, сруши се шо направи за клубот, за 6 години...Неможе бе господине вака ти да се однесуваш спрема дресот на Јунајтед, неможе ! Демек јас сум многу добар, а играчите околу мене не чинат, епа Руни магла пријателе, ме разоачра мене, а и сите фанови на Јунајтед...

Еве ќе почнам од голманската позиција, јас не би имал против и Кушчак да брани, зошто тој беше и трет голман, но остана во Јунајтед да се надева на место во тимот, мада не поврзуваат со многу голмани и голема е веројатноста да земеме некој добар голман летово.

Одбраната, ако не си знаел господине Вејн, го имаме Видич во најдобрите години, го имаме најдобриот лев бек на цел свет Евра, го имаме искусниот Фердинанд, зад кого се спремаат Смолинг, сите гледаме каков талент е, а и Еванс, за Рафаел, нема да зборам детето докажува со игрите.Тука се и други, меѓу кој и брат му на Рафаел, Фабио кој има блескава иднина.

Средината господине Вејн, тука ги имаме Гигс и Сколс, од кого учат Флечер, Керик, Андерсон, Обертан, Бебе, Нани, Валенсија, ако има потреба од засилување за тоа ќе интервенира стариот, не си ти тој што ќе кажува.

Нападот господине Вејн, го имаме Бербатов кој влегува во форма, а да ги имаме и Македа, Чикарито, Велбек пред кој има блескава иднина, мислев ти ќе бидеш тој од кој ќе учат, но ништо од тоа.

Ти благодарам за се, но ваквите играчи ко тебе никогаш нема да остават трага кај мене.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Нејќам да се мешам во „ваши“ муабети али наблагодарни копилиња ко Руни не ви требаат. Не очекував дека вакво нешто може да се случи зш он стана играчиште кај вас и баш мислев има некој степен на идентификација со клубот и лојалност кон сите во и околу клубот ама очигледно е само уште едно лакомо, арогантно детиште... (ноу офенс).
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
11.557
Нејќам да се мешам во „ваши“ муабети али наблагодарни копилиња ко Руни не ви требаат. Не очекував дека вакво нешто може да се случи зш он стана играчиште кај вас и баш мислев има некој степен на идентификација со клубот и лојалност кон сите во и околу клубот ама очигледно е само уште едно лакомо, арогантно детиште... (ноу офенс).
Абе ајде гони се у курац, ти најде тука памет да солиш.

Се заебавам бе, у право си :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom