Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.843
Поени од реакции
5.669
значи и да ги оставиме настрана весниците, статиите и шпекулациите, мораме да признаеме дека моменталниот конфликт помеѓу Руни и Ферги може само да не дозакопа сезонава.. сега сме само со нозете "под земја", ама лесно може да се случи да отидеме целосно "под земја"... и Фергусон мора еднаш да си згазне на гордоста и барем еднаш во овие 24 години да го погази својот авторитет во име на доброто на клубот.. сите знаеме како завршија и Бекам и Стам, како заврши Рој Кин, како заврши Ван нистелрој.... за сите нив Фергусон успеа да најде адекватна замена и тоа во истата година кога си заминаа, освен секако за Рој Кин (прашање е дали некогаш ќе се роди замена за ваков фудбалер)... според мене Руни моментално има поголема вредност од Фергусон ако реално ги гледаме работите.... има 24 години и може да игра најмалку уште 10 сезони на високо ниво, а Фергусон во секој момент може да се пензионира... и дали вреди според вас за еден "пензионер" да го изгубиме најдобриот играч?? и ќе ве молам реално да ги гледаме работите.... секоја чест за Фергусон и за тоа што го направи во изминативе години... ама во случајов јас гласам за РУНИ :)
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.844
Поени од реакции
11.502
Манчестер и со Руни и без него е тапа сезонава...немаат дух во екипата, им избледе она чувството за победа скоро на сите.
Најпрво треба да се испобркаат пола играчи и да се почне од ново со млади сили + некое засилување опасно, за да се осети конкуренција и да се победува, овие се понашаат ко да не им се живее, не па да гинат на терен. Сите знаеме каква гнаса е Фергусон и како го користише авторитетот за негово најсилно оружје кога носеше ѕвезди и освојуваше титули! Арно ама почнува и тој да станува неинтересен, излишен, а со него и Јунајтед да тоне...по малце. Но да сме живи и здрави, трпение спасение. ;)
А Руни комотно нека иде у три лепе и нека пропадне, кога од цар во Манчестер ќе заврши како "пропала ѕвезда" во Реал/Барса/whatever...

GLORY!!

--- надополнето ---

значи и да ги оставиме настрана весниците, статиите и шпекулациите, мораме да признаеме дека моменталниот конфликт помеѓу Руни и Ферги може само да не дозакопа сезонава.. сега сме само со нозете "под земја", ама лесно може да се случи да отидеме целосно "под земја"... и Фергусон мора еднаш да си згазне на гордоста и барем еднаш во овие 24 години да го погази својот авторитет во име на доброто на клубот.. сите знаеме како завршија и Бекам и Стам, како заврши Рој Кин, како заврши Ван нистелрој.... за сите нив Фергусон успеа да најде адекватна замена и тоа во истата година кога си заминаа, освен секако за Рој Кин (прашање е дали некогаш ќе се роди замена за ваков фудбалер)... според мене Руни моментално има поголема вредност од Фергусон ако реално ги гледаме работите.... има 24 години и може да игра најмалку уште 10 сезони на високо ниво, а Фергусон во секој момент може да се пензионира... и дали вреди според вас за еден "пензионер" да го изгубиме најдобриот играч?? и ќе ве молам реално да ги гледаме работите.... секоја чест за Фергусон и за тоа што го направи во изминативе години... ама во случајов јас гласам за РУНИ :)
Касно го прочитав твојов пост...и јас сум за да си оди сенилниот старец и да се отпочне нов живот во Манчестер, после Фергусон и секако со Руни на чело, арно ама, двајцата се исти карактери - коњи, кои не знаат да ја тргнат гордоста на страна, па затоа Руни ќе јаде бурек и ќе си оди, а овој ќе остане со управата позади гз и некои нови клинци од Судан wannabe Роналдо итн... :/
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.100
Толку лесно се откажувате од играчите и од тренерот?Алал да ви е...Како прво нека си оди Руни според мене нека остане Фергусон!Играчите кога сакаат можат да го напуштат клубот поготово Руни...Фергусон кога ни беше најтешко дојде и колку време е верен на клубот а вие да зборите старец пензионер не знам што..Абе бегајте таму топ е младичот рано му е за пензија!:)А ова со Руни да се надеваме се само пополнувања на медиумски страни...
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.844
Поени од реакции
11.502
Не се работи за никакво откажување, реални сме само ;) срања сегде се случуваат, па еве и во Манчестер дојде редот.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
И у 2004 и 2005 имаше срања, за 2002/3 да не зборам ама после сите бевме вакви :vozbud: x 100
 
Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Манс и Димче на што дроги сте попладнево? Ќе го бркале Фергусон. Прво, се што денес е Јунајтед е заради него, Фергусон го задолжил тимот како никој друг пред него. Пред неколку години тимот беше осми на табела со многу полош скор од сегашниот, тоа беше лош период за тимот, ама барем делумно ги издвои вистинските навивачи. Ист е и овој период, ги раздвојува gloryhunter-ите како вас од фановите што потрезвено гледаат на работите. Руни имал уште 10 години како играч, а Фергусон бил стар! Не станува збор за избор меѓу нив двајца, ниту Руни ќе го напушти тимот, ниту некој ќе го избрка Фергусон. Клубот е во незавидна состојба и со газди и со финансии и моментално со резултати, а Фергусон е најдоброто можно решение кое може да се има во тимот, да беше некој друг менаџер работите ќе беа многу полоши. Фергусон не е крив што Руни играше лошо на Светското, Фергусон не е крив што Руни спиел со курви додека жена му била бремена (што е најдолно нешто што можел да го направи), Фергусон не е крив што англискиот печат дозна за тоа и нормално го растргнаа Вејн. Руни и само Руни е затоа крив. И кога Ферги ќе проба да го заштити играчот од цела медиумска помпа, Руни излегува во јавност и дава глупави изјави, или и за лошата форма е крив Ферги? Не го ставил во игра против ВБА, искрено со таа форма моментално не ни заслужува. Да беше Бербатов или Нани во сегашната форма на Руни сите ќе баравте нивна продажба или да седат на клупа, епа истото е и сега. Руни може да биде среќен што има менаџер како Ферги што ќе направи се за да му даде шанса ментално да опорави. Фергусон секогаш, апсолутно секогаш давал позитивни изјави за Руни, дури и сега, го штител, му ја давал целосната доверба и верувал во него. Ако некој е крив за оваа ситуација тоа е самиот Руни и ќе мора што побрзо да се среди, а Ферги секогаш ќе биде со Руни кога му е најтешко. А поимите како сенилен старец и пензионер нека ви служат на чест.
 
Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Фергусон да си одел бе...:jaj: . Не знам дали да плачам или да се смеам. Ви се чудам на умот стварно...а и на годините. :tapp:
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.031
Поени од реакции
2.047
Место да си молите да не си оди Фергусон вие сакате да си оди. Абе сфатете дека без Руни пак ќе бидеме на врвот, најтешкото ќе дојде кога Фергусон ќе се пензионира. И искрен да бидам разочаран сум од Руни во последно време, не само од играта туку и од настаните во неговиот приватен живот, тоа покажува каков човек е, па уште ако се точни изјавите за Фергусон, за човекот синоним за Манчестер Јунајтед, радо би му купил карта до Мадрид.
 
devil!

weirdo
Член од
19 јули 2008
Мислења
1.047
Поени од реакции
462
mans звучиш како овие од другиве фан клубови само плукаш по клубот, по играчите ( поготово тоа за Невил што го кажа :s), сеа почна и Фергусон да го "бркаш", патетики. На крај краева не спамај у фан клубов пошо овде има други вистински навивачи кои како што кажа Rooney's Temper го подржуваат клубот и во најтешкиот период.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.844
Поени од реакции
11.502
Ај пак од почеток зошто се правите на тошо :icon_mrgr секоја чест за Фергусон, ама се си има рок на траење, get it?! Нема потреба некој друг да го јаде за хировите на Фергусон и неговиот истрипан(накај сенилен) мозок...стариот го издигна Јунајтед кој пред тоа беше екипа од рамките на Евертон со исклучок на Европски куп и чат пат некое титулче...ќе остане запаметен и ќе му се дигне споменик и се по список, ама кога едноставно ти доаѓа времето да си одиш бе бате, тоа е...
И длабоко се извинувам Ооо големи фанови на Манчестер што си го искажувам своето мислење пред вас...но почнете да размислувате и за "животот после фергусон".

И ако е спамање искажување на незадоволство и давање став за одредени работи, ондак секое добро дечки...пардон "вистински навивачи".
 
Се е океј само ти пак не свати :) По што заклучи дека му дојде времето?По лошите игри?Ете Џену кажа 2003/2004/2005 имаше лоши игри и тогаш сигурно викавме му дојде време али не му е времето!Не се заклучува тоа по 5 нерешени утакмици..Треба да сме среќни што поразите не ни се големи...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Комита на сајтот додал опција за коментирање на статиите, почнете со испробување :D
 
Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Ај пак од почеток зошто се правите на тошо :icon_mrgr секоја чест за Фергусон, ама се си има рок на траење, get it?! Нема потреба некој друг да го јаде за хировите на Фергусон и неговиот истрипан(накај сенилен) мозок...
И длабоко се извинувам Ооо големи фанови на Манчестер што си го искажувам своето мислење пред вас...но почнете да размислувате и за "животот после фергусон".

И ако е спамање искажување на незадоволство и давање став за одредени работи, ондак секое добро дечки...пардон "вистински навивачи".
Никој не кажа ти да не постираш тука ниту дека не смееш да го искажеш мислењето. Имаш право да постираш и тоа никој не може да ти го одземе (освен Џену :tv: ). Работата е што и ние имаме право да ти реплицираме на твоите глупости. Хирови и истрипан мозок...да не беше трагично ќе беше смешно. Таквите како тебе секогаш ќе бараат некој нов кога на клубот нема да му иде блескаво. Кажи една опција што би била поадекватна од Ферги во моментов. Ќе го избркаме Ферги и мислиш дека Мурињо ќе дотрча со молење да го вработиме или Капело или не знам кој. Молете се само Ферги да остане што подолго. Животот после Ферги кога-тогаш ќе дојде, ќе се одбере најдобрата можна замена за него и ќе се надеваме дека следниот менаџер ќе биде исто така успешен како него.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom