Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.915
Поени од реакции
7.009
Готво е изгледа ко господа ќе си го гледаме стартот на ЛШ сезонава со пренос Манчестер Јунајтед-Ренџерс. Друг попривлечен натпревар од тој ден е Вердер-Тотенхем ама треба да си глуп и да рабптиш во Канал 5 и да го избериш овој натпревар за пренос. Е за второто коло ќе биде малце густо пошто ние играме со Валенсија на гости, а Интер дома со Вердер. Овде за очекување е Интер да ја даваат, мада Валенсија е секако “потежок“ тим од Вердер. Трето коло сигурно го даваат Интер-Тотенхем пошто ние играме со Бурсаспор. Четврто коло е исто со трето. Веќе од 5-то коло ќе игра математиката за тоа кој натпревар да се дава, а кандидати се: Тотенхем-Вердер, Ренџерс-Манчестер и Шалке-Лион. Подобро до ова коло да имаме 10-12 бода и да не не даваат на ТВ :). И за последното коло секако математиката ќе игра голема улога за тоа кој натпревар ќе оди како пренос али ако биде неизвесно во нашата група сигурно дека ќе не даваат со Валенсија на Олд Трафорд. Значи би требало барем 2 пати да не дадат, со голема шанса и за повеќе. :)
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
За преноси од ЛШ јас мислам дека ќе не даваат на Канал 5+ само кога ќе играме со Валенсија иначе другиве натпревари стримчиња има!
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.915
Поени од реакции
7.009
Јас колку што знам нема да има на 5+.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Мислам дека Ферги убаво им кажа за Бебе, најкомпетентен е да говори за него, за разлика од другите тој барем го гледал на тренинг. Сега логично е дека нема да излезе и да каже дека сме го промашиле како засилување, ама мислам дека коментарите на Ферги влеваат надеж. Сега малку сомнително ми е тоа што Серот вика дека не бил ни близу до потребниот фитнес, зошто сепак Бебе имаше скоро целосна пред-сезона со Виторија, тренираше со нив и изигра 5 подготвителни натпревари. Знам дека условите, менаџерскиот и тренерскиот тим кај нас и Виторија се неспоредливи, ама сепак како и да е на играчот ќе му требаат уште барем неколку недели пред полека да почне да се вклопува во тимот, да го учи јазикот, да се навикне на стилот на игра. Фитнесот ќе дојде и се надевам ќе го видиме на некој натпревар за Резервите. Со Португалија младинците играат во МК?
.
Да, штом пишува qualifiers, младинската репрезентација на Португалија веројатно е со нашата репрезентација во група. Не знам која година беше точно ама го гледав Кристијано Роналдо на стадионот на Слога исто со младинската, кога уште имаше Припор стајлинг со бланширана шишка и му фалеше еден заб. Ако сте за, ќе се договориме заеднички да го следиме натпреварот. :icon_lol:
За фитнесот на Бебе се сложувам со Мартин дека сепак тој играл за Виторија ама фитнесот и издржливоста кога играш во ПЛ треба да ти се на највисоко ниво, играње на ниски температури, дождови, сонце па дожд, снег, Карлинг - ФА - ПЛ - ЛШ и обратно, тоа се многу натпревари со не така лесни противници. Подобро спремен да почне Бебе за резервите да одигра цел натпревар, па потоа да му се даде шанса во првиот тим. Наредниот меч (со Евертон, кој е пребацен во сабота инаку) сигурно Андо добива шанса, ако не стартер, од клупа.
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Од 13 и 15 има ждрепка за 3-тото коло од Карлинг Купот, се надевам ќе добиеме противник кој ќе претставува добар тест за младинците.
 
M

mercenary

Гостин
Да, штом пишува qualifiers, младинската репрезентација на Португалија веројатно е со нашата репрезентација во група. Не знам која година беше точно ама го гледав Кристијано Роналдо на стадионот на Слога исто со младинската, кога уште имаше Припор стајлинг со бланширана шишка и му фалеше еден заб. Ако сте за, ќе се договориме заеднички да го следиме натпреварот. :icon_lol:
У гости играме со Португалија,како ќе го следите натпреварот?:O ;)
(освен ако не мислеше на ТВ :) )
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.915
Поени од реакции
7.009
Се би дал ова да се случи на 25 Мај 2011
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
У гости играме со Португалија,како ќе го следите натпреварот?:O ;)
(освен ако не мислеше на ТВ :) )
Епа не знаев дека играме во Португалија, чекав некој да ме цитира xD А за ТВ, аха, сигурно ќе има :D

--- надополнето ---

Се би дал ова да се случи на 25 Мај 2011
On our way to Wembley :devil3:
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
За после очекувам нешто вакво -

VDS

Rafael Evans Vidic Evra

Valencia Fletcher Carrick Nani

Rooney Berbatov

Subs: PIG, JOS, Smalling, Giggs, Owen, Scholes, Park

Очекувам Сколс да биде одморен, Нани и Керик да се држат подалеку од топката во случај на пенал. Конечно гол на Руни, добра игра од Бербатов и во никој случај да не се прими гол. Рафаел заслужува шанса на десната страна место О'Шеј. Вест Хем најверојатно ќе игра 4-5-1 со Кол осамен во нападот, место Пикион очекувам да игра некој играч од средниот ред како Радослав Ковач. Ќе играат дефанзивно сигурно, наше ќе биде да креираме шанси и да постигнеме барем разлика од 2 гола (ако сме научиле нешто од минатиот натпревар).
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Диуф е стартер за Блекбурн во мечот со Арсенал. Еден хет -трик да им залепи што сакам.
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Во 3-тото коло од Карлинг Купот играме на гости кај Сканторп. Други поинтересни двојки се Челзи - Њукасл и Тотенхем - Арсенал.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Знаете што? Грешен фудбалер пративме на позајмица :buum:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.744
Поени од реакции
43.914
Знаете што? Грешен фудбалер пративме на позајмица :buum:
Абре ако.. Имаме "наши луѓе" и во другите екипи :)..

Иначе супер ждрепка за во Карлинг Купот.. Екипа која што и со младите би можеле да ја победиме без проблем.. Ќе даваат ли на МТВ и оваа сезона??

Исто така со среќа нека е после, Вест Хем е во лоша форма, мислам дека најмалце 3 ќе има закачиме.. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom