Зошто пилето преминало улица?

  • Креатор на темата Креатор на темата baby
  • Време на започнување Време на започнување
Necrophilia:
"пилето ја премина улицата за да добие појак сигнал на мрежата од неговиот мобилен телефон" :pos:
 
Пилето ја преминало улицата за да отворите тема за него!!!
 
Жан Митрев: Во критична состојба е... ќе се реагира со интервенција во нашата нова клиника.

Боки 13: Нешто интимно спрема... браво... ве молам еден аплауз!!!

Тачи: Ја незнам...

Тито Петковски: Прашање е оваа влада до кога ќе толерира пилињата да ја преминуваат улицата.

Васил Тупурковски: Пилето тргна за да и' тргне и на Македонија.

Љубчо Георгиевски: Самиот факт што пилето ја премина улицата е доказ за реформите во Македонија.

Стојан Андов: Кога тревата че зазелени, и пролетното цвеќе опојно че замириса пилињата излегуваат и ја преминуваат улицата.

Бучко: За да купи делови за тенк.

Бранко Црвенковски: Пилето ја зеде судбината во свои раце и реши да ја премине улицата.

Шеќеринска: Ова е уште едно сценарио на ВМРО-ДПМНЕ против СДСМ!

Али Ахмети: Нема диаљог, па пиљето се бори за свој пиљечи права.

Никола Груевски: Па пилето пуави пуеуодба во 100 чекоуи!

Бркојани: Пиленакис охи поминувакис улицитакис!

Чак Норис: (го убива со поглед уште пред да му биде поставено прашањето)
 
Немало попаметна работа:)
 
Пилето ја преминало улицата оти не умее уште да ја прелета.
 
Па сега, може пилето не ја преминало улицата, може улицата се движела под него!
 
Тргнало накај Драчево :)
 
Дека му прекучило од животот и чекало кола да го згази? или можеби стадо петли? :toe:
 
оти од другата страна имало кладилница па да си подгине парите што ги фатило на спортска :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom